Тренчевска: Со ребалансот власта кратки од најранливите – нема пари за деца, лица со попреченост и жртви на насилство - Канал 5

Тренчевска: Со ребалансот власта кратки од најранливите – нема пари за деца, лица со попреченост и жртви на насилство

Наместо реални решенија, повисоки плати и грижа за најранливите, предложениот ребаланс не нуди ништо и претставува уште еден доказ за целосниот неуспех на економската политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тренчевска: Со ребалансот власта кратки од најранливите – нема пари за деца, лица со попреченост и жртви на насилство

Наместо реални решенија, повисоки плати и грижа за најранливите, предложениот ребаланс не нуди ништо и претставува уште еден доказ за целосниот неуспех на економската политика на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на комисиската расправа за ребалансот на буџетот.

Таа посочи дека со овој ребаланс нема пари за работниците, за повисоки плати во образованието и здравството, ниту за повредените во Кочани. Нема мерки за заштита на животниот стандард, ниту намалување на цените. Власта кратки од граѓаните за да се луксузира, а пред избори се обидува да ги измами.

-Со ребалансот се кратки 86 милиони денари од програмите за детска и социјална заштита, а цела година нема ниту едно покачување на правата за овие категории. Средствата што се предвидени не се доволни ни за тековните исплати, а камоли за зголемувања. Година дена се на власт и нема никакво покачување на правата од детска и социјална заштита. За најранливите – нема ништо, иако цените растат секојдневно . Тука се и личните асистенти и негувателите кои не добиле надоместок од април. Денес е 3 јули, и нема да земат пари додека не помине ребалансот. За социјалните услуги имаше премалку средства во основниот буџет – затоа сега се доцни со исплати“, рече Тренчевска.

Инвалидските организации се оставени шест месеци без денар. Во 2025 година, заштитните друштва исто така нема да добијат средства, бидејќи предвидените 242 милиони денари не се доволни ни за долговите од 2024 година.

За борба против семејното насилство нема предвидено ништо – ниту една програма, иако министерот Тошковски призна дека бројките на семејни насилства растат.

„Се фалат со градинки, а немаат отпочнато ниту една. Пред избори ставаат средства на општински ставки со нула реализација – чист популизам и маркетинг“, рече Тренчевска.

Таа оцени дека ребалансот е популистички, краткорочен и социјално штетен, без визија и развојна компонента.

Како одговор, пратеничката група на СДСМ поднесе 160 амандмани со конкретни предлози:

• Финансиска поддршка за семејствата на настраданите во Кочани;

• Реновирање на болницата во Кочани;

• Бесплатен превоз за ученици од рурални средини;

• Зголемување на надоместоците за детска и социјална заштита;

• Поголема поддршка за инвалидските и граѓанските организации;

• Исплата на сите заостанати долгови кон заштитните друштва.

„Овие амандмани се реални, одговорни и има простор за нив во буџетот. Но, мора да престане расипништвото на функционерите. Државните пари не смеат да се трошат за нивен луксуз, додека најранливите граѓани се заборавени“, заклучи Тренчевска,с е наведува во партикското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада

Осум месеци затворска казна и 3300 евра парична казна  доби Игор Дашковски Стојановски за  палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.

8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за  палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада

Инцидентот што се случи на 15 јуни годинава. Пресудата е за кривично дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита.

44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.

Инцидентот предизвика осуда од македонските власти и зголемени тензии и реторика меѓу Скопје и Софија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир

 По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Познати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија....

Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија.,

Составот на шеширите е следен:

Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка

Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска

Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија

Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино

Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн .

Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни:

1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи)

10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) .

Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен.

Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром.

Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави.

Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN.

Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре.

Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми.

Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер