Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите - Канал 5

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра. 

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Преку ребаланс на буџетот, само со рационално кратење на трошоците од луксузот на власта може целосно се обезбедат до 200 милиони евра за: зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците, и поддршка на компаниите и приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на потпретседателката на партијата Јована Тренчевска.

ВМРО да не ги плаши приватните компании и работодавачите.

Решението на СДСМ значи поддршка на двете страни, и на работниците и на работодавачите односно компаниите во приватниот сектор.

Пари во буџетот има, прашањето е на приоритети.

Само за зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари односно 120 милиони евра.

Со кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, возила, мебел, патувања, репрезентации, договорни услуги, комфор на функционерите, се обезбедуваат 130 милиони евра.

Со кратење на делот „разни трансфери“, од хонорари, времени вработувања се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.

Значи само со кратење само во овие категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра.

Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите.

На овој начин компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.

Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците.

Не држат изговорите на владата дека ако се покачи минималната плата ќе се загрози економијата или работата на компаниите.

СДСМ во својот мандат ја зголеми минималната плата од 8.000 на 22.000 денари па не се затворија работни места, не се загрози економијата. Напротив, со повеќе пари кај граѓаните и поддршка на компаниите се зголемува потрошувачка и расте домашното производство.

Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи.

YouTube video

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. 

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за Кочани

Газда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода.

СДСМ: Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за Кочани

Родителите порачаа дека правдата не смее да истече.

А што прави власта на Мицкоски?

Две и пол години ја контролираат полицијата.

Две и пол години ги контролираат обвинителствата.

Две и пол години ги контролираат судовите.

И каков е резултатот?

Виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода.

Ова е контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда.

Како што Мицкоски рече дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во Пулс има врска со ВМРО, така и сè што ветил и кажал е лага.

Човек кој кога ќе прозбори – лаже.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи.

Го ослободуваат Латас.

Го ослободуваат Груевски.

Си го враќаат имотот стекнат преку криминал.

Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени.

Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога.

Ги ослободуваат градоначалниците…

Така изгледа правдата со Мицкоски.

СДСМ стои со семејствата на жртвите.

Бараме целосна и неселективна одговорност.

Бараме правда што нема да истече.

Под оваа власт, правдата е заробена.

Под оваа власт, виновниците шетаат слободно.

Под оваа власт, жртвите остануваат без одговори.

До кога?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ

ЈО да отвори постапка каде завршиле парите.

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д  а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни отстапувања од планираната динамика во изградбата на Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри со проценета вредност од 1,3 милијарди евра.

Според ревизорскиот извештај, заклучно со декември 2023 година, само 0,12% од вкупните трошоци се однесувале на градежни работи.

Истовремено, ревизорите констатирале сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции, како и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти.

Сдс и Дуи да не моччат и да одговарат.

Каде и за што биле трошени средствата?

Зошто реализацијата доцнела? Кој бил одговорен за следење на динамиката и контролата на трошењето?

Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба?

И зошто државата плаќала милионски провизии за средства кои не биле повлечени, додека проектите доцнеле?

Јавноста заслужува јасни и конкретни одговори.

За разлика од катастрофалното владеење на СДС и ДУИ денес разликата е очигледна.

Денес јасно може да се направи споредба со реализацијата на инфраструктурните проекти.

Денес активно се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На делницата Гостивар–Букојчани, напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, додека градежни активности се одвиваат на околу 14 од вкупно 17,5 километри на делницата Тетово–Гостивар.

Сето ова ја покажува посветеноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ во реализацијата на капиталните проекти.

Денес јасно се гледа разликата во начинот на управување на СДС и ДУИ, и денес се гледа дека кога има институционална посветеност, контрола и следење на реализацијата, инфраструктурните проекти можат да напредуваат.

Но денешното засилено темпо на изградба не ја брише одговорноста за начинот на кој проектите биле управувани претходно од СДС и ДУИ.

Затоа бараме Јавното обвинителство да постапи по наодите од ревизорскиот извештај на ДЗР.

Потребно е да се испитаат договорите, исплатите, провизиите, начинот на управување со средствата и динамиката на реализација, како и да се утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за контролата и управувањето со проектот.

Граѓаните имаат право да знаат како се трошеле 1,3 милијарди евра и зошто реализацијата доцнела.

За јавните средства мора да има отчетност. За пропустите на СДС и ДУИ мора да има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер