Тренчевска:Го реализираме даденото ветување за покачување на минималната плата на 18.000 денари

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Македонија,  кој се носи по скратена постапка, ja помина процедурата на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика. 

Членовите на Комисијата и од власта и од опозицијата го поддржаа законското решение со кое минималната плата ќе изнесува 18.000 денари нето износ, односно 26,422 денари во бруто износ.

Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Владата и Министерството го реализираа даденото ветување со што директно се придонесува за повисок животниот стандард на работниците. Таа посочи дека потребата од зголемување на минималната плата е резултат на појавата на порастот на цените на одделни производи, кои се од витално значење за работниците, а со тоа и на домаќинствата.

„Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство и подобрување на економскиот статус на работникот. Обезбедуваме соодветен модел на усогласување на висината на минималната плата, како и зголемување на истата, од месец март оваа година. Зголемувањето на минималната плата, ја наметна потребата и за обезбедување на одредено ниво на финансиска поддршка за работодавачите за исплата на минималната плата“, рече Тренчевска.

Со предлог измените на Законот за минимална плата направена е промена на критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот завод за статистика. Со цел системското решавање на прашањето, висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година. Предлог измените предвидуваат финансиска помош од Буџетот за периодот март-декември 2022 година, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

„Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата кој со предлог законското решение, изнесува 62%“, рече Тренчевска.

За потребата од измена на критериумите за усогласување на минималната плата и зголемување на истата, се произнесоа и претставници на работниците и на работодавачите, како и Економско-социјалниот совет, соопшти МТСП.​

Трамп нема да сведочи по втор пат во случајот со граѓанска измама

 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека одлучил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека многу успешно сведочел минатиот месец и дека не гледа потреба повторно да се појавува.

Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како последен главен сведок на одбраната во случајот, кој ја загрозува неговата империја со недвижнини и го нарушува неговиот имиџ како успешен бизнисмен.

Трамп, неговите синови Ерик Трамп и и Доналд Трамп Џуниор, и други високорангирани директори на Организацијата Трамп се обвинети од њујоршката обвинителка Летиција Џејмс дека се вклучиле во децениска шема во која користеле „бројни чинови на измама и лажно претставување“ за да надујат нето вредноста на имотот на Трамп за тој да добие поповолни услови за кредит. Судењето доаѓа откако судијата во случајот со делумна збирна пресуда пресуди дека Трамп поднел „лажни проценки“ за неговиот имот, оставајќи го судењето да утврди дополнителни дејствија и каква казна, доколку ги има, треба да добијат обвинетите. /МИА

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 4 декември 2023 до 7 декември 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 154 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Град Скопје.

Генералното собрание на ОН утре ќе расправа за хуманитарната криза во Газа

Генералното собрание на ОН ќе се состане утре за да разговара за хуманитарната криза во Газа, соопштија официјални лица и дипломати откако САД минатата недела ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот.

Специјален состанок на Генералното собрание свикаа за вторник попладне претставниците на Египет и Мавританија „како претседавач со Арапската група и претседавач со Организацијата за исламска соработка“.

Според дипломатски извори, Генералното собрание, чии резолуции се необврзувачки, се очекува на состанокот да гласа за текст за резолуција за прекин на огнот. Во нацртот-текстот се повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „итно и безусловно ослободување на сите заложници“.

Во петокот, САД ја блокираа резолуцијата за прекин на огнот, која дојде откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш свика итен состанок на Советот за безбедност, со примена на ретко користениот член 99 од Повелбата на ОН со кое ќе го сврти вниманието на СБ кон „секое прашање кое според него може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност

„Авторитетот и кредибилитетот“ на телото се „сериозно поткопани“ од неговиот одложен одговор на војната, рече Гутереш подоцна. /МИА

притисни ентер