Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
1Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
МакедонијаТренчевска до Мицкоски: Дали ќе го поддржи Законот за помош на настраданите од Кочани?Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната собраниска седница за пратенички прашања, упати прашање до премиерот Мицкоски во врска со помошта за настраданите во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Во продолжение интегрален текст на прашањето: Почитуван претседател, колеги пратеници и членови на Владата, трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, нема никогаш да се заборави, болката на семејствата на починатите и настраданите нема никогаш да исчезне. Изгубивме 62 млади животи, над 200 млади момчиња и девојки се повредени - некои од нив имаат и трајни последици, траен инвалидитет. Ова не е некоја статистичка бројка, ова се млади животи и тие не смеат да бидат заборавени. Болката што ја преживеа Кочани не е само локална - таа е болка на целото општество. Ним не им е потребна само декларативна реторика, ќе го направиме тоа и тоа, нив им е потребна помош, сега, во овие моменти кога им е најтешко, кога е потребна грижа за повредените. Затоа, денеска на овие пратенички прашања ќе потсетам на предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во Кочани. Како пратеничка група на СДСМ и Колаицијата го поднесовме прво по скратена постапка, но за жал колегите пратеници од владеачкото мнозинство немаа слух. Овој предлог закон не е ПР кампања, не е политичка калкулација, овој закон е реална потреба. На луѓето им е потребна реална помош која во моментов ја немаат - не е доволна само помошта преку Црвениот крст, и тоа всушност не се пари на владата туку тоа се пари на граѓаните и на општествено одговорните компании. Владата никаде ја нема да им помогне…тие луѓе се секојдневно по доктори, по преврски, во потрага да ги обезбедат најдобрите услови за лекување на своите деца. Слушнавме од страна на премиерот дека е најаван проект „Кочани 2030“, во ред … меѓутоа каде е помошта сега? Овие граѓаните немаат време за чекање до 2030 година. Предлог законот на СДСМ е конкретен и вистинска помош. Затоа минатата недела повотрно го поднесовме предлог законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во Кочани, овој пат во редовна постапка. Ги слушнавме, сите коментари и забелешки од владеачкото мнозинство и се вметнати во самиот прелог на закон. Оттука моето прашање до премиерот е дали овој пат како владејачко мнозинство, ќе покажете политичка волја овој предлог закон конечно да се стави на дневен ред на собраниска седница и да добие поддршка - како приоритет на општествена совест и морална обврска? Да се дебатира во собраниеските комисии и пратениците од власта доколку имаат забелешки преку амаднами да се реагира, но на крајот на денот законот за биде усвоен, да стаса поддршка поддршката и помошта до граѓаните на Кочани и околните градови од каде што имаме настрадани. На крај во прашањето што беше поставено од мојот колега Оливер Спасовски, сакам дополнително да кажам за несреќата, односно во пожарот во модуларната болница во Тетово со заклучок на Влада се одвоени по 30.000 евра за семејставта на настраданите и дополнително пом 1.000 евра од Агенцијата за визулени медиумски услуги, што значи дека во тој период како влада сме воделе грижа за семејствата на настраданите. Тоа го очекувам и од оваа влада сега во најбрз можен период да помогне на семејствата на настраданите и на повредните од несреќата во Кочани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваТејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозеСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе . Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење. Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година. Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам. И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур. Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи. Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваВидео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден белградски клуб!Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни. Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски. Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката. https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Пентагон објави нови снимки од НЛО?Владата на САД објави нови снимки од неидентификувани воздушни појави, забележани од американските воени сили на Блискиот Исток. Ова претставува осма серија документи поврзани со НЛО што Пентагон ги објави оваа година. Најновата објава содржи 43 документи и снимки, вклучувајќи три видеа забележани во 2020, 2023 и 2026 година. Сите три снимки се направени од американски воени летала или други воени платформи на Блискиот Исток. EXCLUSIVE: Never-before-seen Pentagon video shows a tiny object glowing white hot on infrared flying across a warship in the Middle East. Trump releases the UFO files today. Full story👇 https://t.co/Ndb8brRFBY — Ross Ibbetson (@IbbetsonRoss) November 20, 2026 Снимките се направени со помош на воени камери и сензори способни да детектираат објекти врз основа на топлинско зрачење. Пентагон ги класифицира овие случаи како нерешени примери на неидентификувани аномални појави, познати под акронимот UAP. Видеото од 2020 година трае 20 секунди, снимката од 2023 година трае 13 секунди, а онаа од 2026 година трае 54 секунди. Материјалите ѝ биле доставени на американската канцеларија за истражување на неидентификувани феномени од страна на Централната команда на САД. Американските власти сè уште немаат утврдено што точно се гледа на објавените снимки. Нивното објавување не значи дека Пентагон го потврдил постоењето на вонземски летала или каков било вид вонземска технологија. EXCLUSIVE: Never-before-seen Pentagon video shows a tiny object glowing white hot on infrared flying across a warship in the Middle East. Trump releases the UFO files today. Full story👇 https://t.co/Ndb8brRFBY — Ross Ibbetson (@IbbetsonRoss) November 20, 2026 Американската војска го користи терминот „UAP“ за појави што не можат веднаш да се идентификуваат врз основа на достапните податоци. Ова не значи дека станува збор за вонземски летала; туку, тоа значи дека нивното потекло сè уште не е утврдено. Некои од овие појави подоцна можат да се објаснат како летала, беспилотни летала, балони, атмосферски појави или грешки во сензорите. Во други случаи, нема доволно податоци за сигурно да се утврди причината. Американските власти продолжуваат со постепено отворање на своите архиви кои се однесуваат на неидентификувани појави. Според Пентагон, се подготвуваат нови групи документи за јавно објавување, кои чекаат процес на проверка и отстранување на нивниот доверлив статус.Тагови: НЛО Пентагон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08