Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците - Македонија не е на распродажба - Канал 5

Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците - Македонија не е на распродажба

Македонија не е на продажба!

Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците - Македонија не е на распродажба

За Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ, Македонија е ресурс од кој треба да извлечат само профит - не држава за која треба да се грижат.

Затоа и го смислија новиот нацрт план за просторно планирање - за профит.

Распродажбата на Македонија Мицкоски ја внесе во Нацрт – просторниот план - документот што треба да ја определи иднината на Македонија до 2040 година.

Тоа е неговата матрица - кога нема никакви резултати,кога нема инвестиции, економијата тоне, арамијата Мицкоски ја распродава државата - за свои бизнис интереси и провизии.

Локациите за пет рудници за метали Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке - се веќе исцртани внесени во стратешкиот документ со кој се планира иднината на државата во следните 15 години.

Дополнително се проектира и зголемување на површините под експлоатација на критични минерални суровини од околу два на приближно десет квадратни километри.

Значи петкратно зголемување, а граѓаните немаат јасен приказ на точните граници и на целиот простор што би го зафатиле рударските активности.

Кој одлучил? Ги прашале ли граѓаните? Не, Мицкоски сам ја изцртал иднината на државата така како што нему му одговара.

Еднаш загадената вода и почва остануваат трајно загадени.

А последиците врз здравјето на луѓето не можат да се платат со никаква провизија.

Никој нема право да го загрозува здравјето на граѓаните и да ја распродава државата.

Природните богатства не се сопственост на Мицкоски, ниту на неговата Влада. Тие се богатство на граѓаните.

СДСМ нема да дозволи Македонија да биде распродадена парче по парче, за туѓи бизнис интереси и финансиски профити.

Остро ќе се спротиставиме на овој криминален план на Мицкоски и неговата Влада.

Бараме да се повлече криминалниот план.

Македонија не е на продажба.

Ниту нашата почваа, ниту водата, ниту природните богатства.

Нема да дозволиме иднината на државата да биде претворена во профит за некого, на штета на здравјето на граѓаните.

Прес-конференција на СДСМ - Јована Тренчевска – потпретседателка

YouTube video

Скопје, 25.9.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“

Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк.

„Постојат конкретни договори. На нашата последна средба, претседателот Трамп ми потврди: 'Да, ја донесов конечната одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети 'Патриот''“, им рече Зеленски на новинарите, како што пренесе „Украинска правда“.

По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД сѐ уште немаат донесено конечна одлука за доделување лиценци на Украина. На 31 јули, коментирајќи ја таа можност, самиот Трамп изјави дека САД „мора да бидат многу внимателни“ во врска со ова прашање.

Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на серија ракети за системите „Патриот“, што е прашање одвоено од прашањето за лиценците за производство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и Турција

Промена на условите за влез во Црна Гора ќе стапи на сила од 1 ноември 2026 година, кога за државјаните на Русија, Белорусија и Турција ќе биде потребна виза за влез, транзит и престој во земјата.

Црна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и Турција

Одлуката е дел од процесот на усогласување на визната политика на Црна Гора со законодавството и практиките на Европската унија, во рамки на обврските поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ.

Црногорската влада на 23 јули ја усвои измената на уредбата за визниот режим, со која се предвидува укинување на досегашниот безвизен режим за граѓаните на трите земји и воведување визна обврска од 1 ноември.

Со оглед на тоа што безвизниот режим со Русија, Белорусија и Турција е регулиран и со меѓународни договори, црногорските власти ќе започнат постапки за престанок на нивната важност.

Сепак, за Турција е предвидена можност за задржување на безвизниот режим за одредени категории патни исправи. Црна Гора ќе започне постапка за склучување нов билатерален договор со кој би се регулирал визниот режим за лицата кои поседуваат дипломатски, службени и специјални пасоши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го нападна Киев со дронови, во станбена зграда загина 14-годишно момче

Руски дрон утринава погоди повеќекатна станбена зграда во Киев, при што загина 14-годишно момче, а девет лица беа повредени.

 Русија го нападна Киев со дронови, во станбена зграда загина 14-годишно момче

Дронот погоди зграда од 16 ката во населбата Печерск, а осум од повредените беа пренесени во болница.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „апсолутно брутален и болен удар, лишен од каква било воена логика“. Тој истакна дека од почетокот на денот биле нападнати осум украински региони. Во регионот на Одеса, едно лице загина во напад врз поштенски терминал, додека во Запорожје беше погодена медицинска установа. Повредени имаше и во регионите Суми и Миколаев, изјави Зеленски.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта неговите сили користеле дронови за да нападнат објекти на украинската одбранбена индустрија, логистички центри и пловни објекти што наводно ги користеле украинските вооружени сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер