Одземени 20 електрични тротинети, казнети над 1.500 возачи – дали ќе се стави ред на велосипедските патеки?
1Одземени 20 електрични тротинети, казнети над 1.500 возачи – дали ќе се стави ред на велосипедските патеки?
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЗабаваТребаше да биде сексиРетко кој би се осмелил да облече ваков костум за капење.Не само затоа што премногу открива туку и затоа што не ја постигнува целта! Горниот и долниот дел на костумот се толку неусогласени, што ако требало девојката да делува секси и предизвикувачки, го постигнува спротивниот впечаток! Моделот кој ја носи оваа чудна креација е манекенката Мирјам Нерво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдземени 20 електрични тротинети, казнети над 1.500 возачи – дали ќе се стави ред на велосипедските патеки?Нов закон – стари навики, брзото возење, најчесто без кациги, но и на несоодветна површина и натаму останува најчестата слика кај возачите на електрични тротинети, кои и натаму се носат себеси и сите останати во опасност.- Покрај тоа што ретко кој носи кациги, велосипедистите се жалат дека возачите на електрични тротинетите не го почитуваат ниту ограничувањето на брзината од 20 кмч, ниту пак некој дека истата ја мери. Нечујни се, а оние кои ги возат не сигнализираат соодветно, туку претекнуваат и пресекуваат пат, се жалат дел од велосипедистите, кои велат дека често влегуваат и во расправии со нив, оти безбедните вело-патеки, се претворени во опасни. - Брзо возат, можам да кажам и небезбедно. Често се вози брзо и во обратна насока. - Ве довеле во опасна ситуација? -Да, можам да кажам дека да, возам и дете со мене, претекнуваат, набрзина не можеш да видиш каде е што е. Јас возам електричен точак, лимитиран е на 26, тие ме поминуваат, возат - Ве довеле во опасност? -Два три пати и до расправии и се. Камерата на Канал 5 забележа дел од нив како возат и по коловоз, помеѓу автомобили и автобуси, а, просведочивме и на една опасна ситуација, каде за „влакно“ се избегна судир помеѓу велосипед и тротинет кој возеше спротивна насока.. - Ако малку не забавев, можеби ќе се судревме. Тука има и луѓе, на улицата, па мора да бидат повнимателни. Иако по законските измени не смеат да ги возат додека не наполнат 18 години, малолетниците и натаму често се на електричните тротинети, кои, покрај тоа што ги возат брзо, на нив се качуваат по два-тројца, сведочат оние кои ги анкетиравме. Полицијата во последниве четири месеци затекнала 81 дете на тротинет. - Колку има дечишта што се возат на тротинети по двајца, по тројца. Претежно во ноќните часови се по двајца тројца на тротинет и тоа се се’ малолетници. Кажуваат казни, повторно истото се случува, ниту кациги носат ниту ништо. Според последните статистики на МВР, во изминатите четири месеци регистрирани се над 10.000 прекршоци. Најмногу од нив се за неносење на кацига кај сите возачи на две „тркала“ над 7.000. Полицијата одзела и над 400 превозни средства од ваков тип, меѓунив и 20 тротинети. Од јуни навака детектирани се речиси 620 кривични дела, а друри 604 се однеуваат на возење без возачка дозвола. 14 од нив биле под дејство на алкохол. Регистрирани се и над 400 нерегистрирани возила во сообраќај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПолицијата се уште работи на расчистување на нападот на гинекологот ОгненовиќИ по една недела од физичкиот напад вра гинекологот Дејан Огненовиќ нема никаква реакција до јавното обвинителство кон човекот кој го нападнал и му нанаел тешки телесни повреди на Огненовиќ. Од обвинителството објаснуваат дека МВР се уште не поднело пријава. Од СВР Скопје објаснуваат дека превземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Гинекологот Огненовиќ објаснува дека неколку пати реагирал до полиција и дал изјави за нападат но досега нема се уште ништо. Инцидентот се случил на 16 септември, најпрво напаѓачот го нападнал вербално дека Огненовиќ крадел пациенти, а потоа бил удиран по вратот. Исто така имало реакција дека во ходникот има камери, а за тоа била известена и управата на поликлиниката Букурешт. Засега од МВР не соопштуваат колку лица биле повикани на разговор во полиција и кога ќе биде поднесена пријавата против напаѓачот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаБожиновска ќе го тужи СДСМ за поврзувањето со Руднап и набавката на броила на ЕВНОд политички обвинувања – до најава за судска пресметка. Министерката за енергетика Сања Божиновска најави дека ќе поднесе тужба против СДСМ, откако партијата го одби нејзиното барање за извинување за тврдењата околу нејзината наводна поврзаност со компанијата Руднап, кои ги објавија на прес конференција пред 2 дена. Тврди дека повеќе од 12 години нема никаква деловна ниту приватна релација со фирмата, ниту пак има поврзаност со набавката на ЕВН со која ја поврзува опозициската партија. -„СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед.“ – стои во демантот на Божиновска. Од СДСМ, пак, велат – нема ниту повлекување, ниту извинување. Лидерот на партијата, Филипче, уверува дека зад нивните обвинувања стојат документи и податоци од јавни регистри. ,,Нема извинување ние факти и податоци кажуваме. Ги има во централните регистри на сите земји во сите фирми, така да нема бегање од овие работи,извинување нема, ќе има одговорност“ – СДСМ На прес конференцијата пред 2 дена, СДСМ објави дека ЕВН на 11 август склучила договор за набавка на броила за струја, вредни 13,2 милиони евра со српска фирма поврзана со Руднап, каде, како објавија Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25