Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЖивотТреба ли да му дозволите на детето да победи во игра?Играта е клучен дел од детството. Таа не само што им носи радост на децата, туку е и неопходна за нивната благосостојба. Без разлика дали станува збор за слободна, имагинативна игра или игра по зададени правила, децата преку играта учат да следат упатства, да се менуваат, да слушаат и да градат важни социјално-емоционални вештини. Повеќето вакви активности ги оддалечуваат децата од екраните, ги поттикнуваат да се движат и да минуваат време надвор. Но, колку и да ја сакаат играта, поразот може да биде катастрофален кога сè уште не знаат како да се справат со него, а ретко кој родител сака да гледа како забавата се претвора во солзи. Иако дозволувањето на децата да победат може да функционира краткорочно, губењето во игрите ни помага да научат што е потребно за успех и како достоинствено да се справат со неуспехот. Придобивки од повременото дозволување на децата да победат Иако е важно децата да доживеат разочарување и пораз со извесна поддршка, постојат и некои придобивки од местењето на играта во корист на помладите играчи ако таа стратегија се користи промислено. Психијатриската медицинска сестра Шебна Осанмо советува пристап базиран на возраста и развојот. „За деца на возраст од три до пет години позитивните рани искуства со играта и натпреварот се важни. Во оваа фаза, честите победи помагаат децата да изградат самодоверба и да се задржи нивниот интерес за играта“, вели Осанмо. „Децата на возраст од шест до девет години имаат потреба од рамнотежа помеѓу победата и поразот.“ Осанмо предлага родителите да воведат хендикеп, како игра со рака што не е доминантна, или давање повеќе фигури на детето во друштвените игри. Овој метод ги урамнотежува забавните аспекти на играта, бидејќи детето доживува победа преку труд и играта и понатаму останува предизвик. Советникот за родители Меган Форд се залага за создавање „домашни правила“ кои играчите ги договараат пред почетокот на играта. „Наместо да се стремите кон „фер игра“, што е субјективно за секој играч, стремете се за праведност и заедничко разбирање“, вели Форд. Ова е особено корисна стратегија кога повеќе деца од различни возрасти играат заедно. „Ова им помага на постарите деца да се вклучат во процесот на соработка, наместо да поттикнуваат соперништво меѓу браќата и сестрите. Игрите се одличен начин да се изгради позитивна динамика меѓу нив“, додава таа. Друга добра алтернатива се кооперативните игри, во кои сите играчи работат заедно за да постигнат заедничка цел. Нема победници или губитници; туку сите успеваат заедно или играат повторно додека не победат, што ја нагласува тимската работа и креативноста. Што учат децата од поразот Губењето во играта е сигурен начин децата да изградат решителност и да истраат и покрај неуспехот. Како децата созреваат, тие почнуваат да имаат поголема корист од вистинскиот натпревар без наместена победа. Губењето им овозможува да ги усовршат вештините во решавањето проблеми и да вежбаат отпорност, а со текот на времето, ја учат вредноста на спортското однесување. Осанмо забележува дека иако поразот може да делува разочарувачки, исходот е вреден. „Кога детето ќе изгуби, родителите преку свој пример може да му покажат како да се однесува спортски и поразот да го претворат во можност за учење преку разговор за тоа што функционирало, а што не.“ По поразот, родителите можат да разговараат за стратегиите и да го охрабрат детето да размисли што тргнало наопаку и што би можело да биде поинаку следниот пат. Каде да повлечете граница Важно е да се истакне дека создавањето на правила во играта или хендикеп за да им се помогне на помладите играчи е различно од дозволувањето да мамат или намерно да играат лошо. Со прилагодување на играта така што сите играчи имаат еднакви шанси за победа, можете да поставите цврсти граници околу мамењето, кое не е прифатливо. Кога децата губат во фер игра, тие сепак можат да бидат крајно разочарани, а родителите можат да ги потврдат нивните чувства и преку пример да им покажат што значи спортски дух. Па, дали треба да му дозволите на вашето дете да победи? Обидете се да се фокусирате помалку на исходот, а повеќе на уживањето во играта. Ова го отстранува притисокот од вашето дете, дава приоритет на забавата и поврзувањето и го префрла фокусот на вештините што се развиваат преку игра. Како да разговарате со вашето дете по играта Ако не му дозволите на детето да победи, еве неколку совети што можат да помогнат конструктивно да се справи со поразот. Никогаш не фалете се и не обвинувајте го за поразот, бидејќи тоа може да ги повреди неговите чувства и да го обесхрабри да игра во иднина. Признајте дека сте разочарани од поразот, но и дека тоа е нормален дел од играта и не треба да ве обесхрабрува. Објаснете дека среќата е одлучувачки фактор за победа или пораз. Без оглед на исходот, охрабрете го вашето дете да се труди најдобро што може дури и кога станува збор за предизвик и пофалете го неговиот труд и подготвеноста да проба нешто ново. Зошто играта е важна во секојдневниот живот на децата Играњето им помага на децата да развијат социјални вештини како што се слушање, трпение, споделување и соработка и може да ги направи поотпорни. Помладите играчи можат да бидат мотивирани да продолжат да играат посложени игри, особено ако родителите ги прилагодат за да им помогнат. Постарите и помладите деца можат да играат заедно, негувајќи го духот на соработка, додека поискусните играчи учат како да се справат со природното разочарување од поразот и имаат можност да учат и да растат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУбиена пензионерка во Ѓорче ПетровВо населбата Ѓорче Петров во Скопје утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, информираат од МВР. Во населбата Ѓорче Петров во Скопје утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, потврдија од МВР. Велат дека во 09:18 часот, во СВР Скопје, М.А. пријавила дека ја пронашла својата мајка О.А.(76) без знаци на живот. „Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла својата мајка О. А. (76), без знаци на живот. Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство“. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за смртта и расчистување на случајот. Засега нема официјални информации за можен сторител или мотив. Истрагата треба да ги утврди околностите под кои починала жената.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
МакедонијаКузеска: Падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со МицкоскиИсториската победа во Србија го донесе падот на Александар Вучиќ, менторот на Христијан Мицкоски.Како што најавивме, доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност. Сега на граѓаните сè им е јасно. За криминалните тендери. За Адамовиќ, Руднап, Божиновска, бизнис мрежите на Мицкоски што водат до Србија. За бизнисите со струја, енергетика, броила. Јасно е зошто 5 тони дрога поминуваат преку граница и завршуваат кај СНС во Србија, а никој не одговара. Се објавуваат информации за тоа кој е „Оскар“ во преписките на наркобосовите од платформа „Скај“. Допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе доведе и до линковите во Македонија. На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија а беше запрена во Европа. Истата матрица, истиот шаблон. Copy-paste во Македонија. Истиот црн капитал се вложува во истата банка. Јасно е и зошто е црната кампања и постојаната пропаганда против СДСМ и против претседателот Филипче. Водена од началникот Латас и неговата Ивона Талевска. Зошто го прават убиец на деца, доктор Менгеле, зошто постојано има црни кампањи, Дубаи, згради со лични напади и навреди. Јасно е за влезот на српскиот Еуроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. За ботовите на СНС, нивната бот-централа, платформа и трол фарми, во поддршка на ВМРО. Јасно е зошто исти лоби куќи се поврзани со Вучиќ и Мицкоски, со 4iG, со Орбан, со рудниците за антимон. Во Унгарија се уапсени тројца министри од владата на Орбан. Има истрага за кинескиот кредит чии пари завршија кај Мицкоски. Сè станува јасно затоа што сè е поврзано. И конечно, сега на граѓаните им е јасно дека по истиот рецепт на Вучиќ од Србија се прават партии-сателити - за да се цепка опозицискиот глас. Затоа ЗНАМ и затоа Платформа ЗНАМ 2.0. Затоа рускиот Спутник како Левица. Сè е тоа школо на Вучиќ . Рецепт на менторот на Христијан Мицкоски. Затоа што СДСМ е единствената, неконтролирана опозиција. Заклучокот е многу едноставен. Позади сето ова стои една криминална организација. Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО - организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Христијан Мицкоски. Следат разврски, следат истраги, следи расчистување со криминалната организација, делче по делче. Сите тие разврски ќе завршат и во Македонија со соработниците на Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – членка на Извршниот одбор Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
СветНајголема излезеност на гласачите во Израел од 1981 година: Дали Нетанјаху ќе падне?Израелците денес излегуваат на гласање, на избори што многумина ги сметаат за најзначајни во поновата историја на земјата.До 10:00 часот наутро, 16,7 отсто од гласачкото тело веќе го искористиле своето право на глас, при што вкупно 1,2 милиони луѓе излегле на избирачките места. Ова претставува највисока излезеност во овој дел од денот уште од 1981 година. Според анкетите објавени во петокот, актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот началник на Генералштабот, Гади Ајзенкот, водат крајно неизвесна трка. Сепак, проекциите укажуваат на тоа дека ниту еден политички блок нема да успее да обезбеди 61 пратеничко место, колку што се потребни за парламентарно мнозинство – сценарио што би можело да доведе до политички преговори кои би траеле со недели, па дури и со месеци, пренесува Би-Би-Си. Безбедноста – во центарот на кампањата Прашањето за безбедноста доминира во кампањата. Опозицискиот блок остро го критикува Нетанјаху поради безбедносните пропусти што му претходеа на нападот предводен од Хамас на 7 октомври. Во тие напади загинаа речиси 1.200 луѓе, а 251 лице беше однесено како заложник во Газа. Опозицијата бара формирање независна истражна комисија за нападите – потег на кој Нетанјаху долго време се противи, тврдејќи дека такво тело би било пристрасно против него. И покрај критиките, Нетанјаху продолжува да се претставува како „Г-дин Безбедност“, истакнувајќи ги стратешките победи во конфликтите на Израел низ Блискиот Исток, како и блиските односи со американскиот претседател Доналд Трамп. Израелскиот изборен систем се заснова на пропорционален модел, па затоа владите се секогаш коалициски. Патот до власта често вклучувал неочекувани сојузи, но овие избори се особено неизвесни, со јасно дефинирани табори. Ајзенкот, лидер на новата партија „Јашар“, е главната фигура во таканаречениот „блок за промени“. Оваа група партии има идеолошки разлики, но ги обединува целта – смена на Нетанјаху. Меѓу лидерите на овој блок се поранешниот премиер Нафтали Бенет и Авигдор Либерман – и двајцата од десниот политички спектар – како и поранешниот генерал со левичарски ставови, Јаир Голан. Нетанјаху, политички ветеран кој првпат стана премиер во 1996 година, има потреба од нов сојуз со крајно десничарски и ултраортодоксни партии за да се врати на власт. Тие се дел и од неговата сегашна влада, која се смета за најдесничарска во историјата на Израел. Прашање за демократијата Опозицискиот блок, исто така, предупредува на закана за демократијата под водство на Нетанјаху, на кого му се суди за корупција – обвиненија што тој ги негира. Нетанјаху продолжува да се залага за контроверзни реформи во правосудството, кои предизвикаа масовни протести пред нападите на 7 октомври. Израелскиот „Канал 12“ во неделата објави дека Нетанјаху, пред изборите, повикал на итна воена акција што би можела да предизвика конфликт со Иран, но на тоа се спротивставил началникот на Генералштабот, Ејал Замир. Еден ден подоцна, Си-Ен-Ен објави дека Нетанјаху се обидел да го убеди Трамп да изврши нови напади врз Иран, но Трамп одбил. Нетанјаху ги демантираше и двата извештаи. Тој, исто така, привлече внимание кон крајот на кампањата, кога објави слика генерирана со вештачка интелигенција, на која се гледа нуклеарна бомба како паѓа врз Тел Авив. Покрај сликата, тој тврдеше дека е единствениот лидер способен да го заштити Израел „доколку Иранците дојдат до нуклеарно оружје“. Како одговор на тоа, Ајзенкот го нарече „хистеричен“. За победа е потребна широка коалиција Друго важно прашање е воената служба. Владата на Нетанјаху не успеа да ја спроведе одлуката на Врховниот суд, според која ултраортодоксните Евреи што посетуваат верски училишта би требало да служат во војската. Ова прашање создаде длабоки поделби во општеството, особено затоа што илјадници други граѓани беа мобилизирани за неодамнешните војни. Што се однесува до Газа, Ајзенкот зазема став сличен на оној на Нетанјаху, ветувајќи дека ќе стави крај на владеењето на Хамас во рок од 18 месеци – било преку мировен план предводен од САД или преку воени средства. Израел продолжува речиси секојдневно да изведува напади врз Газа, тврдејќи дека цел се оперативци на Хамас. Според податоците на Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас – а кое ОН го сметаат за веродостоен извор – повеќе од 74.000 луѓе се убиени откако започна војната во октомври 2023 година. Израел се соочува со сè поголема меѓународна осуда поради начинот на кој ја води војната, а односите со неговите сојузници се влошени. Неизвесен исход На изборите учествуваат и два блока на арапски партии, кои претставуваат околу една петтина од населението. Иако теоретски би можеле да го одредат победникот, речиси сите поголеми еврејски партии ја отфрлија можноста за соработка со нив. Иако се шпекулираше дека арапските партии би можеле неформално да поддржат малцинска влада предводена од Ајзенкот, Либерман – клучен потенцијален партнер – ја отфрли таквата можност. Со оглед на овие ставови, изборната математика е крајно сложена. Според извештаите, околу 70.000 луѓе се вратиле од странство за да гласаат, а стотици илјади млади луѓе ќе гласаат за првпат. Резултатите од анкетите спроведени при излегување од гласачките места (exit polls) се очекува да бидат објавени во 22:00 часот, иако конечните официјални резултати може да се разликуваат. Броењето на гласовите на стотици илјади војници и резервисти ќе започне дури во среда, што би можело да донесе дополнителна предност за десничарските партии во последен момент. Исход од кој многумина стравуваат е политичка блокада – ситуација во која ниту еден блок не може да обезбеди мнозинство. Во такво сценарио, би се распишале нови избори, а Нетанјаху би останал на функцијата како премиер во техничка влада. Во периодот помеѓу 2019 и 2022 година, во Израел се одржаа избори пет пати, бидејќи партиите не успеаја да формираат стабилна влада. Извор: Индекс.хрТагови: Бенјамин Нетанјаху избори Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook