ЗабаваТрчај Бе: Професионалци и рекреативци ја трчаа БитолаПрофесионалци и рекреативци ја трчаа Битола која се развива во спортска туристичка дестинација.Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, синоќа се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави. Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, политичари, компаниски тимови, а трчаа заедно и цели семејства и поединци кои одлучија да ги истрчаат битолските улици, па преку Широк Сокак да влезат во целта со своите миленици. Ако минатата година, градот домаќин беше балканска метропола на трчањето, заради одржувањето на Балканското првенство во полумаратон, од оваа може да се каже дека развива настан кој брзо може да стане спортска туристичка дестинација, од пошироки размери, на која годинава зедоа учество бројни тимови на меѓународни компании, кои токму овој настан го избраа за викенд тим билдинг активности. „Уште кога ја планиравме првата ТРЧАЈ БЕ, пред повеќе од четири години најголемиот предизвик ни беше, како да направиме трка од која сите ќе бидат задоволни. Започнувајќи од професионалните и рекреативни тркачи, до публиката и спонзорите. Од првата година учесниците се среќни, тоа е факт, но растот на трката буди сериозен интерес кај спонзорите што зборува за потенцијалите за раст на настанот. Во градот немаше нити едно слободно место во хотелите, угостителите имаа исто за овој период од годината зголемена фреквенција. Неколку илјадна публика, специјално излезена низ улиците и кафулињата во градот за да ги бодри тркачите, од раните утрински часови и оваа година е најубавиот знак дека сме го направиле вистинскиот потег. Градот Битола, го сака ТРЧАЈ БЕ”- истакна Никола Димитровски, директор на трката. На патеките, организаторот имаше предвидено офф програма на која настапија над 50 музичари и артисти, за музичко бодрење на тркачите, пред Општина Битола настапи битолскиот бенд Паркети, а на главната бина Оливер Јосифовски со формација од врвни музичари изведоа музика од филмот Стела. Годинава, 21К трката беше селектирана од Атлетската федерација на Македонија да биде Национално првенство. Покрај во полумаратон, учесниците трчаа и на пет и десет километри, учествуваа врвни атлетичари, рекреативци и вљубеници во трачањето, а најдобрите добија награди во фонд вреден 5.000 евра. Национално првенство во полумаратон: Жени 1. Тамара Јолевска Попов 01:36:21 2. Весна Кираџиева 01:42:10 3. Жената Богатиновска Илиева 01:42:22 Мажи: 1. Дарио Ивановски 01:07:56 2. Жан Тосев 01:16:37 3. Мартин Трајановски 01:16:53 Трчај Бе 21к Жени: 1. Миљана Ристиќ 01:28:07 2. Тамара Јолевска Попов 01:36:21 3. Весна Кираџиева 01:42:10 Мажи: 1. Дарио Ивановски 01:07:56 2. Tirron Mamusha 01:13:47 3.Жан Тосев 01:16:37 Трчај Бе 10к Жени: 1. Адријана Поп Арсова 35:51 2. Душица Јанковиќ 44:11 3. Билјана Сивева 44:26 Мажи: 1. Иван Пешовски 33:30 2. Димитар Петровски 34:50 3. Миле Иванов 34:58 Трчај Бе 5к Жени: 1. Николина Милевска Велјановска 20:24 2. Јана Стефановска 20:59 3. Радмила Јованова 21:05 Мажи: 1. Атанас Епов 16:06 2. Кристијан Наумовски 16:24 3. Григоријан Никовски 16:30 Беа доделени пехари и дипломи за екипи, признанија по возрасни групи, беа наградени најмладиот и највозрасниот учесник, а посебни награди добија и најбрзиот битолчанец и најбрзата битолчанка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјатаСо свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината. -Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски. Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните. Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.Тагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијатаХристијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем. Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари. Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата. Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата. Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка. Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ. Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ. Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата. Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“. Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата. Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи. На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција. Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка! Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем. Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги. Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност. Нашата порака до Мицкоски е јасна: Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш. Доаѓа крај на твојата криминална банда. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Тагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook