Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
ЗабаваТрансродната ќерка на Илон Маск е ново лице на брендот на Ријана за долна облека (ФОТО)Ријана повторно ги поместува границите, а за најновата кампања за Денот на вљубените на нејзиниот бренд за долна облека Savage x Fenty, таа ја ангажираше Вивијан Вилсон, 21-годишната трансродова ќерка на Илон Маск.Вивијан, која нема блиска врска со својот татко, е ѕвездата на новата колекција наречена Love So Savage: A Modern Ode to Aphrodite. На една од фотографиите од кампањата, Вилсон позира со Лови Симон и Ема Арлета пред мермерни статуи. Таа носи градник со балконет со роза и мини здолниште од чипка во иста боја, а комбинацијата е надополнета со светло црвени најлони, златни висечки обетки и темноцрвен кармин на усните. Во кампањата учествуваат и други познати личности, како што се ѕвездите од ријалити шоуто „Love Island“, Серена Пејџ и Кордел Бекам, како и инфлуенсерите Хејли и Жулс Лебланк. Ријана, која го лансираше брендот Savage x Fenty во 2018 година, ја објасни визијата зад колекцијата. „Денот на вљубените е време да се слави љубовта во сите нејзини форми“, изјави пејачката за WWD. „Во Savage x Fenty, сè се сведува на прифаќање на љубовта на секој начин и создавање производи што им овозможуваат на луѓето да се чувствуваат самоуверено додека го прават тоа.“ View this post on Instagram A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty) Криера во подем Ова е само најновиот во низата успеси за младата Вивијан, чија кариера како модел е во пораст. Минатата година, во март, таа се појави на насловната страница на списанието Teen Vogue, а само два месеци подоцна, го направи своето професионално деби во соработка со брендот Wildfang. Во истиот месец, таа позираше и за брендот за долна облека Tomboyx. View this post on Instagram A post shared by Vivian Jenna Wilson (@vivllainous) „Бев преплашена“, призна Вилсон во интервју за Vanity Fair, зборувајќи за тоа снимање. „Пред тоа, бев личност која, да речеме, никогаш, никогаш не покажуваше кожа. Дури и во секојдневниот живот, на пример, кога одев на плажа со пријатели, не носев костим за капење.“ Додаде дека и покрај стравот, сакала да го направи снимањето за да ја зајакне самодовербата. „Се чувствувам самоуверено во сопственото тело, но сакав, како, да си ја докажам таа самодоверба, ако тоа има смисла.“ Таа го имаше своето деби на модната писта минатиот септември на Неделата на модата во Њујорк, каде што прошета на ревијата CHRISHABANA пролет 2026. View this post on Instagram A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty) Односите со нејзиниот татко и животот под лупата на јавноста Вивијан е најстарата ќерка на Илон Маск и неговата поранешна сопруга Џастин. На 16-годишна возраст, таа се прогласи за трансродова личност, а две години подоцна поднесе официјално барање за отстранување на Маск од нејзиното презиме, што ја потврди нејзината лоша врска со нејзиниот татко. Таа кратко зборуваше за технолошкиот могул за Teen Vogue. „Навистина не ми е гајле за него. Навистина не ми е. Досадно е што луѓето ме поврзуваат со него. Едноставно немам простор повеќе да ми е гајле.“ Таа зборуваше за животот во јавноста минатата година за The Cut. „Не сум многу добра во тоа да бидам позната. Тоа е вештина“, призна таа. „Долго се мачев да бидам гледана како обична личност. Имаше момент буквално пред да станам славна кога никој не знаеше кој сум. Беше неверојатно. Сите ме третираа како обична личност. Тоа ми недостига. Но, исто така сакам да бидам славна.“ Вилсон е многу активна на Инстаграм, каде што ја следат милион луѓе со кои споделува моменти од нејзината кариера како модел. Ријана неодамна се породи Самата Ријана е ѕвезда на сопствената кампања. Добитничката на Греми позираше во црвен чипкаст ансамбл, во комбинација со наметка со роза. Да ве потсетиме, пред речиси пет месеци, пејачката го доби своето трето дете, ќерката Роки, со својот партнер A$AP Rocky, со кого ги има и синовите РЗА (3) и Риот (2).Тагови: Илон Маск Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
СветКина осуди висок функционер на смрт, одземен му е целиот имот Кинески суд го осуди поранешниот шеф на автономниот регион Гуангси на смрт за корупција, но го суспендираше извршувањето на казната за две години.Лан Тјанли беше прогласен за виновен за примање големи суми мито додека извршувал разни функции во јужниот кинески регион од 2008 до 2025 година, објави државната телевизија CCTV во петокот. За возврат, тој помогнал во доделувањето јавни работни места и назначувањето високи функционери, а примил и вкупно 88,2 милиони долари мито, според извештајот. Народниот суд во Чангде, во централната кинеска покраина Хунан, ја оправда пресудата врз основа на големите суми мито и сериозната штета предизвикана на државата и јавноста. Казната може да се замени со доживотен затвор Како и во претходните случаи, извршувањето на смртната казна беше одложено за две години. После тоа, казната може да се замени со доживотен затвор без можност за понатамошно намалување, објави CCTV. На Лан му беа одземени и имотните и политичките права. Кинескиот претседател и лидер на Комунистичката партија, Си Џинпинг, со години води кампања против корупцијата. Се чини дека добива на интензитет пред партискиот конгрес закажан за втората половина на 2027 година. Смртните казни за високи функционери на Комунистичката партија во Кина се релативно ретки и обично се изрекуваат во особено сериозни случаи. Нови истраги против високи функционери Истражителите за борба против корупцијата речиси секојдневно најавуваат нови истраги против функционери. Властите неодамна објавија истрага за Чен Џининг, лидерот на партијата на Шангај и член на моќното Политбиро на Комунистичката партија. Државните медиуми објавија дека тој е осомничен за сериозни прекршувања на партиската дисциплина и законот, но не дадоа детали. Ваквите истраги често резултираат со обвиненија за корупција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?Мицкоски вели дека буџетот ќе им биде предизвик наредните две години. Треба да вратат долгови и камати, да го финансираат дефицитот и капиталните инвестиции. За долговите знаеме, ги гледаме секојдневно, растат. За капиталните инвестиции не знаеме бидејќи ги нема, освен ако не мисли на криминалните тендери. Тоа се „капитални инвестиции“ ама за нивните џебови. Како не враќа долгови, кога ја задолжи земјата за 4 милијарди за само две години? Го зголеми долгот за 50% од независноста за само две години. Секоја недела ново задолжување. Буџетот е пресипување од шупливо во празно. Она што Мицкоски треба да им одговори на граѓаните е: како може буџетот да биде предизвик кога сме трета економија во Европа? Како може да нема пари кога платите растат најбрзо во регионот, пензиите се зголемуваат со рекордно темпо, а земјата е најдобра во туризам и авиосообраќај, а бензинот и дизелот, како што вели, буквално се џабе? Поскапува цената на парното, наскоро и на струјата. Како кога статистиката зборува, а Мицкоски црта на табла. Рече бројките се „немилосрдни“. Да, покажуваат празни џебови и фрижидери. Граѓаните едвај крпат крај со крај. Тоа е статистика и тоа се тие немилосрдни бројки што граѓаните ги гледаат секојдневно. Вистината е едноставна. Ја задолживте земјата повеќе за две години отколку сите претходни влади за 35 години. Пари има само за криминални тендери. За пензии кратите, има дупка во ПИОМ од 1 милијарди евра. Вториот столб се обидувате да го национализирате без да ги известите граѓаните. Минималната плата не ја кренавте. Кошничката е над 70.000 денари, со кирија за стан надминува 90.000 денари. ММФ не става на 41. место од 48 европски економии по БДП по жител. Тоа е реалност, а останатото се бајки на Мицкоски и неговата организирана криминална група. Сега признавате дека буџетот е предизвик. Кога ќе снема пари за вашата пљачка, ќе барате избори. Граѓаните веќе знаат дека бајките не држат. Држава, не банда, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВрнежливо време со температура до 12 степени Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините снег, соопштуваат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 6 Тетово, 7 Скопје, Берово, Крива Паланка, Охрид, 8 Битола, 9 Виница, Демир Капија, 10 Струмица. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 27 Охрид, 19 Демир Капија, 17 Битола, 15 Берово, 11 Струмица, Крива Паланка, 9 Виница, 6 Тетово. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook