СДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН - nема да се извиниме!
1СДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН - nема да се извиниме!
БалканTрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД.„Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи. Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне и притоа ја пробил заштитната ограда и се лизнал десет метри на патот. Целиот преден дел од трамвајот бил уништен. Во несреќата жената била згмечена од трамвајот кога излетал од шините. За да стигнат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја пресечат оштетената структура на возилото. Станува збор за еден од старите трамваи од чешко производство, кои се помалку се користат, бидејќи минатата година почнале да ги заменуваат со нови возила произведени од швајцарската компанија Штадлер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Добивме опомена за тужба, бараат извинување за американски регистар и за БИРН - nема да се извиниме!Адвокатот Божидар Милошевиќ, во име на Шефшет Демировски и АТС Груп ДООЕЛ Скопје, ни достави барање за јавно извинување и повлекување на изјави, со рок и со закана за тужба. Целиот документ го објавуваме. Граѓаните нека го прочитаат.Писмото не ги негира фактите што ги рековме. Гo менува контекстот. Ние не рековме дека АТС Груп се занимава со трговија со кокаин, се занимава со оружје. Рековме што стои во американскиот регистар и што објави БИРН. FARA 6170: Mercury ја плаќа АТС. 130.000 долари месечно. Околу 1,56 милиони годишно. На 2 април 2026 истата куќа предава материјал „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“. Во текстот стои пакет влада со влада. Име на премиерот Христијан Мицкоски. БИРН objavi: Демировски е уапсен во Белград во 2019 под сомнение за поткуп околу податоци за муниција од „Први партизан“. Во 2022 предметот завршил со опортунитет. Уплата од 250.000 евра. Уплатувач: Александар Милојевиќ - Аца Цвеќар (стои во БИРН). Подоцна е обвинет во група за шверц на кокаин од Јужна Америка. Во предметот има српски и црногорски полицајци и припадник на БИА. Демировски во тој предмет за кокаин не е осуден. Тоа го рековме. Тоа го повторуваме. Што писмото не кажува: дека луѓето што ја платиле неговата слобода не се во тоа. Тие се уапсени. Со имиња. Со канал. Плаќањето на опортунитетот е доказ дека предметот за мито и корупција завршил со пари, не со јавна пресуда за невиност. На 27 март 2025 Муцунски и Мисајловски стојат кај потписот АТС–МКЕ. Тоа е јавен запис. Затоа бараат извинување. Не затоа што регистарот лаже. Затоа што хартијата боли. СДСМ нема да го потпише нивниот текст и нема да се извинува. Нема да го тргне текстот реномираниот БИРН. Нема да го тргне ниту FARA. Ги известуваме граѓаните на Македонија, адвокатот на АТС и сопственикот Демировски и арамијата Мицкоски за нашите следни чекори. Наместо извинување, ќе се обратиме до FARA и членови на Конгресот на САД што вршат надзор. Прашањата се прости. Дали лобирањето е правилно пријавено кога текстот е агенда на влада? Дали регистрантот проверил кој му е клиент? Кои контакти се воделе околу посетата во септември? Нема да нè замолчат со опомена. Хартијата е јавна. БИРН е јавен. Бандата сака тишина. СДСМ сака ВИСТИНА И ПРАВДА!, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХеликоптер падна во Канада, нема преживеани (ВИДЕО)Четири лица загинаа во пад на хеликоптер југоисточно од Монтреал, соопшти полицијата во сабота попладне по локално време.Националните телевизиски куќи CBC и CTV објавија дека полицијата соопштила дека несреќата се случила околу 14:30 часот по источно време и дека леталото горело кога службите за итни случаи пристигнале на местото на несреќата, недалеку од Сент-Брижид-д'Ибервил. Службите на Sûreté du Québec, покраинската полиција, ја потврдија смртта на сите четири патници во леталото. Истрагата е во тек Досега, полицијата не даде детали за сопственоста на хеликоптерот, неговото потекло или целта на летот. Канадскиот одбор за безбедност на сообраќајот испрати истражители на местото на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно време со температура до 25 степени Времето во текот на денов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 4 Попова Шапка, 5 Берово, 6 Крушево, 7 Охрид, Маврови Анови, 8 Битола, Претор, 9 Скопје-Петровец, 10 Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 11 Крива Паланка, Прилеп, 12 Велес, Виница, 13 Скопје-Зајчев Рид, 15 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 5 Битола, 3 Крушево, 1 Претор, Демир Капија, Берово, Велес, Кавадарци, Тополчани. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook