Трампуж: Лекот на „Фајзер“е добар за почетна фаза на инфекција - Канал 5

Трампуж: Лекот на „Фајзер“е добар за почетна фаза на инфекција

Лекот на „Фајзер“е добар, но за раната фаза на инфекцијата од Ковид 19, вели германскиот познат инфектолог Андреј Трампуж. 

Трампуж: Лекот на „Фајзер“е добар за почетна фаза на инфекција

Но она што е загрижувачки е што луѓето треба да се вацинираат само на тој начин ќе се намали пандемијата. Лековите нема да за сопрат панедмијата вели Трампуж.

-Новите лекови се многу ефикасни, но мора да се дадат многу брзо и да спречат тежок облик на инфекција, но новиот лек на „Фајзер“ нема да влијае на пандемијата, бидејќи главната задача е да се спречи секоја нова инфекција, а тоа не може се лекот кој има и нескани ефекти и резервиран само за мала популација кај луѓето кои многу рано се дијагностицираат. Гледаме дека имаме лекови и за други вирусни инфекции како грип, но не се употребуваат многу, бидејќи вакцината е многу подобра од лековите, изјави Трампуж.

-Но, ако продолжи вака да се движи како сега со многу нови инфекции тогаш ќе немаме кревети, нема да имаме доволно кислород и тоа ќе биде голем проблем и тогаш ќе мораат докторите да работат тријажа. Значи, на пациентите ќе мора да им се каже кој ќе биде примен во болница, а кој не. И тоа ќе биде многу тешка ситуација. Затоа уште еднаш апелирам на сите: Вакцинирајте се, вакцинирајте се што побрзо тоа подобро и сите над 12 години, а наскоро ќе има и вакцина и за помладите. На пример во Америка сега ги вакцинираа оние кои се помеѓу пет и 11 години, бидејќи во училиштата и градинките вирусот најмногу се шири, бидејќи не можат да носат маски правилно и така го носат вирусот дома, изјави Трампуж.

Во есенско - зимскиот период инфектологот од Германија очекува дека ќе има високи бројки на заразени и најдобро е оние кои примиле две дози пред шест месеци сега да се вакцинираат со трета доза. Оние пак што се вакцинирани со две дози и прележани тие да не се вакцинираат со трета доза.

- Она што не очекувавме е дека ќе има толку луѓе кои не се вакцинирани, ако имаме 80 проценти вакцинирни тогаш нема да биде четвртиот бран, така да сега гледаме пандемија на невакцинирани луѓе.Нашата цел е до крајот на годината што побрзо може да се вакцинираат повеќе луѓе ќе има само инфекција на ковид само кај вакцинирани луѓе што значи дека обликот ќе биде многу благ и многу мал на самиот на тој начин корона вирусот ќе стане обичен вирус на настинка, кој нема да биде опасен, вели Трампуж

Германија брои високи броји на новозаразени вчера за еден ден имало 50 илјади нови случаи на ковид 19.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Академија 8 со злато на турнирот „Идни ѕвезди 2026“

Младите фудбалери на Академија 8, генерација 2018, го освоија првото место на турнирот „Идни Ѕвезди 2026“, кој се одржа на 31 октомври на стадионот на ФК Лепенец во Бардовци.

Академија 8 со злато на турнирот „Идни ѕвезди 2026“

За екипата Академија 8 (1) настапија осум фудбалери: Стеван Видов, Давид Богојески, Иван Иљоски, Јаков Стефановски, Константин Ристески, Јован Јанковиќ, Адни Кадри и Матеј Богдановски.

Со борбена игра, тимска поврзаност и посветеност, младите фудбалери стигнаа до заслуженото прво место.

Тимот го предводи тренерот Павел Ристов, заедно со тренерите Боби и Пане, со поддршка од родителите, кои беа нивна верна публика во текот на турнирот.

Уште еден убав спортски успех за Академија 8 и осумте млади фудбалери кои со својот настап го заслужија златото.

Фото: АФТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани

Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.

Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.11.2026) се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор.

Целта на посетата е да се оцени спроведувањето на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се согледаат националните капацитети и предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и да се идентификуваат можностите за дополнително унапредување на институционалниот одговор и меѓународната соработка.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.

„Во изминатите петнаесет години Македонија помина низ значајни институционални, законодавни и структурни реформи, со кои ги зајакна своите безбедносни капацитети и ја потврди својата улога на одговорен партнер во зачувувањето на регионалната и меѓународната стабилност. Нашата определба е да продолжиме со развојот на систем кој навремено ги препознава заканите, ефикасно ги спречува и обезбедува сигурност за граѓаните“, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека во изминатиот период се унапредени механизмите за меѓуинституционална координација, размена на оперативни информации и соработка меѓу полицијата, разузнавачките служби и органите за гранично управување. Истовремено, посебно внимание е посветено на превенцијата на насилниот екстремизам, раното препознавање на радикализацијата, дерадикализацијата и ресоцијализацијата, преку вклучување на локалните заедници, образовните институции и граѓанскиот сектор.

Говорејќи за идните приоритети, Тошковски го најави донесувањето на ревидираната Национална стратегија за борба против тероризмот, со посебен акцент на дигиталната радикализација и новите безбедносни закани.

„Терористичките закани сè повеќе се пренесуваат во дигиталниот простор. Затоа веќе го започнавме процесот на формирање специјализирана Национална единица за следење и сузбивање на терористичките содржини на интернет. Паралелно, планираме меѓуинституционални симулациски вежби за заштита на критичната инфраструктура и справување со хибридни закани, со вклучување и на приватниот сектор“, истакна министерот.

Во рамки на петдневната евалуациска посета ќе се разгледуваат повеќе области, меѓу кои антитерористичкото законодавство, спречувањето на финансирањето на тероризмот, граничната безбедност, меѓународната полициска и правосудна соработка, спречувањето на радикализацијата, злоупотребата на интернетот и новите технологии, како и заштитата на критичната инфраструктура. Предвидени се и теренски посети на Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин „Табановце“.

На завршните сесии делегацијата ќе ги презентира своите прелиминарни согледувања и препораки, кои ќе послужат како основа за натамошно унапредување на националните капацитети.

Министерот Тошковски ја потврди подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за целосна соработка со експертскиот тим на Обединетите нации, нагласувајќи дека објективната процена и меѓународната размена на искуства се важни за градење поотпорен и поефикасен безбедносен систем.

„На оваа евалуација гледаме како на можност да ги потврдиме постигнатите резултати, но и да ги препознаеме областите во кои можеме да бидеме подобри. Борбата против тероризмот бара постојана будност, силни институции и меѓународно партнерство. Нашата крајна цел останува заштитата на граѓаните и обезбедувањето стабилна и безбедна држава“, порача Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај

Амбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами.

Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај

На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик.

Одбележувањето на Денот на културата ќе продолжи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 13 ноември, Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча (јапонски чај), кои ќе ги води г-ѓа Курита Јунко, специјалист за јапонски чај.

3 ноември е Ден на културата (Bunka no Hi), национален празник што секоја година се одбележува во чест на слободата и мирот, како и за промовирање на културата, уметноста и науката. На Денот на културата, многу музеи во Јапонија се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу овој датум се организираат бројни фестивали за промоција на уметноста и културата, а различни јавни и приватни организации низ целата земја доделуваат награди од повеќе области.

Во Империјалната палата во Токио се одржува свечената церемонија за доделување на Орденот за култура. Царот лично им ги врачува признанијата на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на науката, уметноста или културата.

Учеството на сите настани е бесплатно. За работилницата за оригами во Центарот за култура Битола е потребна претходна резервација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер