Нов случај на врсничко насилство: Повеќе девојчиња малтретираат друго девојче, присутните само снимаат
1Нов случај на врсничко насилство: Повеќе девојчиња малтретираат друго девојче, присутните само снимаат
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
1Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
СветТрамп: Знаеме каде е ајатолахот Хамнеи, но нема да го убиеме, барем не засегаПретседателот на САД, Доналд Трамп објави повеќе пораки на социјалните мрежи за Иран, а во една бара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ“.Тој на сопствената мрежа „Трут соушл“ (Truth social) објави дека знае каде се крие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, но оти засега не е планиран напад врз него. - Точно знаеме каде се крие така наречениот „Врховен лидер“. Тој е лесна мета, но таму е безбеден – Нема да го извлечеме од таму (убиеме!), барем не засега. Но, ние не сакаме проектили да убиваат цивили или американски војници. Нашето трпение при крај. Ви благодариме за вашето внимание! Претходно, американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници објави дека Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот. Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот. Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ракетна програма, но е против планот за соборување на Исламската Република со сила.Тагови: Доналд Трамп Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов случај на врсничко насилство: Повеќе девојчиња малтретираат друго девојче, присутните само снимаат Нов случај на врсничко насилство ја вознемири јавноста.Нов случај на врсничко насилство ја вознемири јавноста. На видеото кое кружи по социјалните мрежи, може да се забележи како група од околу 20тина малолетни деца, не само што се неми набљудувачи, туку воедно снимаат и охрабруваат две насилнички да се изживуваат врз своја врсничка. „Ќутете да слушнеме како пука“ – „уште еднаш“ - „со бокс“ – се слуша меѓу насобраната група малолетници додека едно од девјчињата го држи за коса, а другото му удира шлаканици на беспомошното девојче. На снимката се гледа и дека девојчето жртва е приморано да клечи на колена и јавно да се извинува за навреди кои наводно ги кажала за една од насилничките. За социјалозите последниот настан, кој според објавите се случил во скопски Аеродром, е само уште една потврда за недостатокот на емпатија и чувството кај дел од младите да се поттикнува, наместо да се превенира насилство. Универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова за Канал 5 вели не треба само декларативно да зборуваме туку и во пракса како држава да делуваме. Според неа потребна е целосна ресоцијализација не само на жртвите, туку и на насилниците. „Мора да се работи и родителите да бидат по надзор. Она што е прво тука се центрите за социјални грижи и сите оние кои се задолжени за тој апекст да се работи на ресоцијализација, да се работи на проблемот, на вредноста на иградба. Изградба на центри каде што ќе може да се самите насилници да се одведат за да може да се работи на нивна ресоцијализација. Една е казната од апсект парична казна но на крајот ние имаме можност и за одземање на родителско право... “- изјава Татјана Стојаноска Иванова – социолог. Од МВР за Канал 5 велат дека засега по случајот кај нив нема пријава, но се превземаат мерки по допрен глас. „Се превземаат мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот.“--МВР. Инаку според податоците на МВР претходната учебна година евидентирани се 93 пријави на насилства во 64 училишта. Надлежните пред половина месец започнаа обуки за училишните психолози, педагози и социјални работници во основното образование, со цел да се препознаат децата кои се жртви на насилство за правовремено да им се помогне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик И дефинитивно пропадна обидот за нов Изборен законик - на меѓупартиските преговори во Собранието за СДСМ и Левица остана спорно електронското гласање на дијаспората .И дефинитивно пропадна обидот за нов Изборен законик - на меѓупартиските преговори во Собранието за СДСМ и Левица остана спорно електронското гласање на дијаспората и затоа ќе го блокираат предлогот со илјадници амандмани. Со овој епилог, значи дека и покрај повеќемесечната подготовка на измените во работната група во министерството за правда, следните избори ќе се одржат по старите правила. Премиерот Мицкоски пак претходно изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде бланко поддршка на секој предлог кој ќе го дадат опозициските партии за Изборниот законик, ако за возврат дадат зелено светло за електронско гласање на дијаспората. Обвини за политичко лицемерие и ги отфрли тезите дека со ова барање сака да ги олесни условите за избор на претседател. Од друга страна лидерот на СДСМ Венко Филипче се сомнева во намерите на власта и смета дека целта е да се отвори пат за изборни нерегуларности. И покрај тоа што е познат исходот, Изборниот законик се најде на седница во Комисијата за политички систем. Според најавите, се очекуваат околу 10 илјади амандмани од СДСМ и околу 3000 од Левица. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
НБА„Кралот Џејмс“ се збогуваше со ЛејкерсиЕден од најдобрите светски кошаркари во историјата, 42 годишниот Леброн Џејмс одлучи да го напушти тимот на ЛА Лејкерс по осум години. Четирикратниот НБА-шампион и најдобар стрелец во историјата на лигата, Леброн Џејмс, го заврши своето поглавје во Лос Анџелес Лејкерс по осум сезони поминати во дресот на славниот клуб. Џејмс остави длабока трага во Лејкерс, а врвот беше достигнат во 2020 година, кога го предводеше тимот до шампионската титула во специфичните услови на „балон“ за време на пандемијата на коронавирусот. Пред да дојде во Лос Анџелес, тој го носеше дресот на Кливленд Кавалирс два мандата, додека играше и за Мајами Хит четири сезони, каде што освои и титули во НБА и изгради статус на една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката. Клубот од Лос Анџелес набрзо излезе и му се заблагодари на својот долгогодишен лидер, истакнувајќи го неговиот огромен придонес, шампионската титула и влијанието врз генерации навивачи, со порака дека неговото име засекогаш ќе остане дел од историјата на франшизата. Откако беше објавено дека неговата ера со Лејкерси завршува, Леброн се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака: „Не, благодарам! Беше вистинска чест да го носам виолетово-златниот дрес и да се обидам да ја продолжам традицијата на величина и наследство на сите оние што дојдоа пред мене. Се надевам дека во текот на мојот мандат направив барем некои од навивачите горди.“ Заминувањето на Леброн означува крај на една од највлијателните епохи во модерната НБАТагови: Леброн Џејмс НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54