Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб
2Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб
СветТрамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднашАмериканскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш“.Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш“, отфрлајќи ја идејата Украина да се приклучи на НАТО и да го врати Кримскиот полуостров анектиран од Русија како нереална. На својата платформа Truth Social, Трамп рече дека Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори“. „Се сеќавате како започна. Нема враќање на Обама со оглед на Крим (пред 12 години, без да се испука ниту еден куршум!), и нема влегување во НАТО од страна на Украина“, додаде тој. Коментарите на Трамп доаѓаат пред денешната планирана средба со Зеленски во Вашингтон и го зајакнуваат долгогодишниот став на Москва дека членството во НАТО за Украина и враќањето на Крим се прашања за кои не може да се преговара. Трамп во минатото на Зеленски му припишуваше делумна, а понекогаш дури и единствена, одговорност за руската инвазија врз Украина во 2022 година.Тагови: Доналд Трамп зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожар прави пустош низ Црна Гора- од чадот, не се гледа патот (ВИДЕО)Возач кој вчера се враќал од Жабљак испратил на познатата Инстаграм страница „Подгорица Тајм Машин“ загрижувачки информации за пожарите во областа Шавник.Како што наведува, активни пожари може да се видат на неколку локации низ Цена Гора, додека голем дел од теренот веќе е зафатен од пламен и претрпел значителна штета. „Оган гори насекаде. Огромни пожари, а голем дел од областа веќе е изгорен. Она што најмногу ме вознемирува е што не видов ниту едно противпожарно возило по целиот пат, ниту пак некоја сериозна акција за ставање на пожарот под контрола и спречување на уште поголема штета“, наведува читателот. View this post on Instagram A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) Тој додава дека сцените на кои наишол се многу вознемирувачки и дека е тажно да се гледа како пожарот ги проголтува шумата и природните пејзажи. Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават секој пожар што ќе го забележат кај надлежните служби.Тагови: пожар Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во ЗагребВчера, во Загреб, директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, и директорот на Хрватскиот државен архив, д-р Динко Чутура, свечено потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски. Со овој договор се отвора широк простор за реализација на заеднички изложби, стручни работилници, предавања, како и за непосредна размена на кадри и искуства. Посебен акцент е ставен врз процесите на дигитализација, заштита, обработка, конзервација и реставрација на архивскиот материјал. Размената на искуства во областа на дигитализацијата е од особено значење за модернизација на архивската дејност, овозможувајќи современо чување и поголема достапност на историското и културното наследство за пошироката јавност. Државниот архив упатува посебна благодарност до амбасадорот д-р Драган Ѓурчевски за неговото несебично залагање и поддршка во успешната реализација на оваа значајна иницијатива. Државен Архив на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАхмети со честитка по повод Денот на независноста на Македонија 35-годишнината од независноста на Македонија е момент да се потсетиме на патот по кој поминавме како држава и како општество, но и сериозно да размислиме каква држава сакаме да им оставиме на генерациите кои доаѓаат.Оваа држава не е изградена за еден ден, ниту само од една заедница. Но, многу години, дел од нејзините граѓани, Албанците и другите немнозински заедници, не се чувствуваа како нејзин рамноправен дел. Уставните измени од 1989 година, начинот на кој беше воспоставен уставниот поредок на почетокот на 90-тите години, како и исклучувањето на Албанците и другите заедници од клучните процеси на создавањето на државата, создадоа длабок јаз меѓу државата и дел од нејзините граѓани. Тоа беше историска неправда, но и неодржлив државен модел. 2001 година беше токму соочување со оваа реалност. Охридскиот мировен договор не измени само одредени уставни одредби. Тој ја промени филозофијата на функционирањето на државата. Ја премести земјата од логиката на доминација на мнозинството кон принципот на соживот, еднаквост и заедничка одговорност. Албанците не бараа друга држава. Напротив, се обврзаа заедно да ја градат оваа држава. Оттогаш, патот не беше лесен. Интеграцијата на една заедница која со децении беше држена настрана од институциите, администрацијата, културата, образованието и јавниот живот не можеше да се случи преку ноќ. Беа потребни реформи, политички напори и, пред сè, промена на начинот на размислување. Во овој процес, Демократската унија за интеграција го гледаше интегрирањето на Албанците и немнозинските заедници не како исклучување на некој друг, туку како градење на пофункционална, подемократска и поправедна држава. Тоа е и суштината на Охридскиот мировен договор. Дваесет и пет години по Охрид, важно е да не заборавиме дека неговите резултати не ѝ припаѓаат само на една заедница или на една партија. Тие се дел од трансформацијата на самата држава. Охридскиот договор ја зајакна унитарноста на државата, правејќи ја подемократска. Ја направи постабилна, правејќи ја поинклузивна. И создаде основа врз која земјата продолжи по патот кон НАТО и Европската Унија. Затоа, секој обид Охридскиот договор да се претставува како закана за државата е враќање назад во дебата на која историјата веќе го даде својот одговор. Денес, мојата загриженост не е само за она што е постигнато, туку и за она што може да се изгуби доколку заборавиме зошто беа потребни промените од 2001 година. Загрижува кога гледам исклучување во застапеноста, пречки во употребата на јазиците, неинклузивност во културата и јавниот живот или обиди за поткопување и релативизирање на принципите врз кои беше изграден мирот. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост. Државите се ослабуваат кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени. Македонија во која јас верував и за која работев е држава на сите нејзини граѓани, унитарна, демократска и европска држава, изградена врз еднаквоста и меѓусебното почитување. Албанците давале и ќе продолжат да даваат свој придонес во нејзиното градење и зајакнување. Но, за тоа е потребна заедничка волја секој граѓанин да ја чувствува оваа земја како своја, а секоја заедница да се препознава себеси во нејзините институции. На 35-годишнината од независноста, мојата порака е едноставна: Да го зачуваме она што го изградивме заедно и да го придвижиме напред. Да не се враќаме кон политиките што разделуваат, туку да одиме кон држава што обединува. Затоа што европската иднина на Македонија не се гради со намалување на правата на некого, туку со зголемување на довербата меѓу сите. Честита 35-годишнина од независноста на Македонија! Напред, заедно!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter