Трамп збесна поради пресудата: Одвратна фарса

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп реагираше со лут испад на социјалните мрежи откако беше осуден во кривична постапка за плаќање пари во замена за молчење од актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за нивната афера.

Денеска судијата Хуан Меркан го осуди Трамп на безусловна ослободителна пресуда, што значи дека идниот претседател ќе остане осуден, но нема да мора да оди во затвор или да плаќа парични казни или да биде под надзор.

Веднаш по пресудата, Трамп објави долга тирада на својата платформа Truth Social, обвинувајќи ги „радикалните демократи“ дека потрошиле милиони долари на неговиот случај, кои, како што рече, требало да бидат искористени за заштита на њујорчаните од „насилниот и неконтролиран криминал што се случува“ и ги уништува градот и земјата“.

„Како што можеа да видат Американците, овој „случај“ немаше никакво злосторство, немаше штета, немаше докази, немаше факти, немаше закон, само многу пристрасен судија, клучен сведок кој беше отстранет од функцијата, обесчестен, сериски лажни сведочења и изборен манипулатор“, напиша Трамп.

„Денешниот настан беше одвратна фарса, а сега кога заврши, ќе поднесеме жалба за оваа неоснована измама и ќе ја вратиме довербата на американскиот народ во нашиот некогаш голем правосуден систем“, додаде Трамп.

Во мај 2024 година, Трамп беше прогласен за виновен за фалсификување деловни досиеја во врска со исплати на актерка од филмови за возрасни за да се прикрие наводната афера во пресрет на изборите во 2016 година.

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер