Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
1Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
СветТрамп за пресудата на Врховниот суд: Голема и важна победа за АмерикаКандидатот на Републиканската партија за претседателска номинација Доналд Трамп денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на САД, која му дозволи да остане на гласачкото ливче во Колорадо, претставува голема победа за Америка.-Ова е голема победа за Америка. Многу, многу важна. Подеднакво важна за нашата земја ќе биде и одлуката што Врховниот суд наскоро ќе ја донесе за претседателскиот имунитет - без која функцијата на претседателот би станала само церемонијална, што е далеку од она што основачите сакаа, рече Трамп во изјава за Фокс њуз. Тој додаде дека ниту еден претседател не може да функционира правилно и ефикасно без „тотален имунитет“. -Нашата земја би била изложена на голем ризик, рече Трамп. Врховниот суд на САД денеска едногласно застана на страната на поранешниот претседател, поништувајќи ја одлуката на државата Колорадо со која беше дисквалификуван поради неговата наводна вмешаност во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Судиите на Врховниот суд одлуката ја соопштија ден пред утрешниот „супер вторник“, кога републиканците во 15 сојузни држави одат на внатрепартиски избори. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж... Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж, две нови училишта и противпожарна станица.Во телевизиско гостување градоначалникот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски најави интензивирање на реализацијата на неколку капитални проекти во главниот град, меѓу кои завршување на дел од проектот „Лимак“, изградба на две училишта, нова противпожарна станица и активности за возобновување на Луна паркот. Ѓорѓиевски истакна дека проектот „Лимак“ е еден од најзначајните инфраструктурни зафати за Скопје, кој, според направените студии, треба да го намали сообраќајниот метеж за најмалку 33 проценти. „Лимак е еден од најзначајните капитални проекти во главниот град којшто по сите студии, сообраќајни за 33 проценти најмалку ќе го намали сообраќајниот метеж во главниот град, тоа е државнички потег и проект не е само градски. Е сега, Лимак, целта ни е, втората половина од наредна година, да го завршиме овој дел, фазата од Кисела Вода, таму содржи два кружните текови големи, рампата пристапна во тунелот и се останато, и напоредно да влеземе во процес со последната фаза, тоа е од кај Нова Македонија“, рече Ѓорѓиевски. Меѓу инфраструктурните зафати градоначалникот Ѓорѓиевски ја посочи и изградбата на третата лента на влезот во Скопје, во општина Гази Баба, која исто така е планирана за следната година, а воедно најави и изградба на две нови училишта. „Тука би јас споменал третата лента на влезот на Скопје во Гази Баба, кој што исто така наредната година, ќе го правиме и уште еден сет капитални проекти. Многу е добро што предвидовме средства за брзо од денес кај распишеме тендерска постапка после години, во градот Скопје ќе почнат паралелно да се градат две училишта. Едно ново училиште средно во Ѓорче Петров, едно училиште е во Драчево, тоа се руинирани стари бараки, ние треба многу да инвестираме во образованието и затоа имаме годинава капитални инвестиции како никогаш до сега во образованието“, истакна Ѓорѓиевски. Како дел од развојните планови за Скопје, градоначалникот ги најави и противпожарна станица и Луна паркот за кој во наредниот период треба да започнат конкретни активности. „И еден од клучните проекти е нова противпожарна станица која што ќе биде на Тромеѓе, средства обезбедивме, земјиштето ни го предаде Владата. Веќе во катастар се направи промената и за брзо од денес ќе ја распишеме тендерската постапка, така да јас ќе бидам исто така градоначалник кој што ќе биде запаметен дека после многу, многу години изградил противпожарна станица во главниот град, изградил две училишта, го изградил Лимак и уште неколку клучни капитални проекти за главниот град. И тука би го додал и Луна паркот за кој што многу брзо од денес ќе почнеме со одредени активности“, вели Ѓорѓиевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на ФлоридаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 што ќе се одржи во Флорида следниот месец, но дека би можел да дојде доколку сака.„Ако сака да дојде, сигурно може да дојде“, им рече Трамп на новинарите во неговиот голф-центар во Флорида во четвртокот, велејќи дека некои луѓе нема да бидат среќни да го видат Путин на состанокот на 14 и 15 декември и дека се сомнева дека самиот Путин би сакал да присуствува, објави Ројтерс. Трамп истакна дека лично би сакал Путин да дојде на самитот на Г20 во Флорида. Кремљ синоќа објави дека сè уште не е донесена одлука за учеството на Путин на самитот на Г20. По средбата со Трамп минатата недела, Путин рече дека ќе размисли да дојде на состанокот откако ќе разговара со американскиот претседател, но истакна дека ќе мора да ја земе предвид ситуацијата во Русија при донесувањето одлука за патување во Соединетите Држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГодишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГЗемјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји. Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност. Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка. МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter