3Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
СветТрамп за Пахлави: Изгледа многу симпатичен, но не знам каква улога би играл во својата земјаАмериканскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Ројтерс“ изјави дека не знае каква улога би играл во својата земја Реза Пахлави, синот на иранскиот шах, кој беше соборен од Исламската револуција во 1979 година.„Тој изгледа многу симпатично, но немам поим каква улога би играл во сопствената земја. Сè уште не сме таму. Гледаме и проучуваме многу работи. Многу е рано, прерано да се каже. Не знам дали ќе се вклопи во својата земја“, рече Трамп. „Не знам дали неговата земја ќе го прифати како лидер. Ако луѓето го прифатат, тоа сигурно би било добро за мене“, додаде Трамп истакнувајќи дека не разговарал со Пахлави. Од друга страна, американскиот претседател рече дека ќе се сретне со лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, а ја пофали вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез. „Мислам дека само ќе разговараме“, рече Трамп за Мачадо. „Не сме се сретнале. Таа е многу фина жена. Мислам дека само ќе разговараме во принцип“, додаде републиканскиот претседател. На прашањето дали би сакал Мачадо да му ја додели Нобеловата награда за мир, тој одговори: „Не, не го кажав тоа. Таа е добитничка на Нобелова награда“. Претседателот рече дека вчера имал многу добар разговор со Делси Родригез. „Со неа разговарав многу добро. Мислам дека ќе дојде, на крајот... Ќе ја посетам и нејзината земја“, рече тој. Американскиот претседател исто така изјави за „Ројтерс“ дека Украина, а не Русија, го попречува можниот мировен договор. Изјавата на американскиот лидер е во остра спротивност со реториката на европските сојузници кои велат дека Москва има мал интерес да ја заврши војната во Украина, објави британската новинска агенција. Трамп во ексклузивно интервју во Овалната соба вчера рече дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја заврши својата речиси четиригодишна инвазија на Украина. Зеленски, рече американскиот лидер, беше порезервиран. „Мислам дека е подготвен да склучи договор“, рече Трамп за рускиот претседател. „Мислам дека Украина е помалку подготвена да склучи договор“, додаде Трамп. Претседателот на САД беше прашан зошто преговорите предводени од САД сè уште не го решиле најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна. „Зеленски“, одговори Трамп. Зборовите на Трамп сигнализираа ново разочарување од украинскиот лидер, забележува „Ројтерс“. Двајцата претседатели долго време имаат нестабилни односи иако нивните контакти се чини дека се подобрија во текот на првата година од вториот мандат на Трамп. Во последните недели фокусот на разговорите предводени од САД беше ставен на повоените безбедносни гаранции за Украина. Целта е да се осигури дека таа нема повторно да биде нападната од Русија откока ќе се постигне мировен договор. Генерално, американските преговарачи вршат притисок врз Украина да се откаже од својот источен регион Донбас како дел од секој иден мировен договор. Украинските претставници беа силно вклучени во последните разговори, кои ги водеа специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Европските претставници се прашуваа дали Путин би се согласил со некои од условите што ги договорија Киев, Вашингтон и европските лидери. Трамп во интервју за „Ројтерс“ изјави дека не бил свесен за потенцијалното патување на Виткоф и Кушнер во Москва за кое „Блумберг“ објави претходно. На прашањето дали ќе се сретне со Зеленски следната недела на маргините на Светскиот економски форум во Давос, тој одговори: „Би се сретнал, ако е таму... Ќе бидам таму“. Американскиот претседател не објасни зошто смета дека Зеленски бил резервиран во врска со разговорите кога беше прашан од „Ројтерс“. „Мислам дека едноставно тешко му оди таму“, рече американскиот претседател. Зеленски јавно ги отфрли сите територијални отстапки кон Москва истакнувајќи дека уставот на земјата му забранува на Киев да се откаже од која било територија, потсетува „Ројтерс“. Трамп: Евентуалната акција во Иран мора да биде брза и одлучна Американскиот претседател Доналд Трамп го информира својот тим за национална безбедност дека сака евентуалната американска акција врз Иран да биде брз и одлучен напад врз режимот во Техеран, објави „Ен-би-си њуз“ (NBC News) повикувајќи се на два неименувани извори. Според нив, Трамп сака брза акција во Иран за да избегне долготраен судир. Неименуваните извори тврдат дека Трамп е подготвен да ги исполни своите ветувања дадени на демонстрантите во Иран, дека ако властите продолжат да ги убиваат, САД ќе го нападне Иран. Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи во вчерашното интервју за американската телевизија „Фокс њуз (Fox news) го предупреди Трамп да не ги повторува грешките од претходните воени судири, нагласувајќи дека Техеран е подготвен за дипломатија. - Мојата порака е, не ја повторувајте грешката што ја направивте во јуни. Ќе го добиете истиот резултат … Знаете, ги уништивте објектите во јуни, но технологијата не може да се бомбардира, ниту решителноста не може да се бомбардира, изјави Арагчи алудирајќи на американските напади врз три нуклеарни објекти во Иран, како дел од 12-дневната војна меѓу Иран и Израел. Тој наведе дека Техеран немал позитивно искуство во преговорите со САД, но сепак Иран е подготвен за преговири и дипломатија. - Имаме докази дека во текот на изминатите 20 години, САД секогаш бегале од дипломатијата, по војна ја стопирале дипломатијата. Мојата порака е дека помеѓу војната и дипломатијата, дипломатијата е подобар пат. Иако немаме позитивно искуство од САД, дипломатијата е сепак многу подобра од војната, посочи Арагчи. Тој, исто така потенцира оти дека Техеран нема никакви планови за егзекутирање на учесниците во масовните протести во Иран. Трамп, во интервју за „Си-би-ес њуз“ пред два дена, предупреди дека ќе преземе многу силни мерки ако Иран почне да ги беси демонстрантите. Но, тој вчера изјави оти се намалиле убиствата извршени од иранските власти при задушување на протестите и оти „веродостојни извори“ тврдат дека засега не се планирани масовни егзекуции. Организацијата „Активисти за човекови права во Иран“ (Human Rights Activists in Iran), со седиште во САД, соопшти дека за време на протестите во Иран загинале 2.571 човек, а приведени се 18.100 луѓе. Иранските власти најавија брзи судски процеси против приведените демонстранти. Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, најави дека демонстрантите ќе бидат обвинети како непријатели на Бога, за што, во согласност со иранските закони, предвидена е смртна казна, која се извршува со бесење. Во меѓувреме, голем број земји им препорачаа на своите граѓани да не патуваат во Иран или да ја напуштат земјата. Велика Британија привремено ја затвори Амбасадата во Техеран. Трамп вчера ги повика Американците да го напуштат Иран, а повлечен е и дел од персоналот во американската воена база во Катар, како „мерка на претпазливост“. Иранскиот воздушен простор вчера беше затворен речиси пет часа, поради што голем број летови беа откажани, одложени или пренасочени. Воздушниот простор не беше затворен само за меѓународните летови, што можеа да се реализираат само со официјална дозвола.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојкатаОхридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..Тагови: жртви на насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ХороскопДневен хороскоп за 16. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 16. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание. Кариера Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни. Здравје и совет Дотерајте се за да блеснете уште повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат. Кариера Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите. Здравје и совет Почитувајте го своето тело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин. Кариера Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара. Здравје и совет Одморете се од преголемите очекувања. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени. Кариера Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат. Здравје и совет Продолжете понатаму . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе. Кариера Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика. Здравје и совет Ќе ја надминете малата меланхолија. Овен 21.3-20.4. Љубов Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава. Кариера направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење. Здравје и совет Вежбајте повеќе. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите. Кариера Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност. Здравје и совет Можни се интересни сништа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта. Кариера Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите. Кариера Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност. Здравје и совет Добро ќе се држите. Лав 23.7-22.8. Љубов Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи. Кариера Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу. Здравје и совет Душевен немир. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра. Кариера Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа. Здравје и совет Зголемена општа сензуалност . Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов. Кариера Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното. Здравје и совет Ќе сонувате интересни сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter