Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија
1Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
2Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
СветТрамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од КанадаТрамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од Канада, како одмазда за она што го нарече „нееднаков третман“ на американските автомобили, млечни производи и алкохол.Секојдневните потрошувачки производи како вино и стапови за хокеј и индустриски стоки како цемент се меѓу целните стоки. Сепак, неколку клучни извозни производи ќе бидат поштедени, како што се енергијата, критичните минерали и рибата. Премиерот Марк Карни одговори велејќи дека Канада е подготвена да ги „интензивира“ трговските разговори со САД во наредните недели. Белата куќа соопшти дека царините ќе стапат на сила за 30 дена. Тоа означува голема ескалација на трговските тензии меѓу северноамериканските соседи. Новите давачки се однесуваат на сите опфатени стоки, без оглед на тоа дали производот бил вклучен во постојниот договор за слободна трговија меѓу Канада, САД и Мексико. Тој, исто така ги наведе „заканите за канадскиот суверенитет“, повикот на Трамп северниот сосед на Америка да стане 51-ва американска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСаповирус и астровирус што се пренесуваат по фекално-орален пат потврдени кај пациенти од Гостивар Саповирус и астровирус што предизвикуваат гастроентеритис, а се пренесуваат по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или контакт се потврдени кај двајца пациенти кои од Гостивар завршиле на Инфективната клиника во Скопје.Саповирус и астровирус што предизвикуваат гастроентеритис, а се пренесуваат по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или контакт се потврдени кај двајца пациенти кои од Гостивар завршиле на Инфективната клиника во Скопје, тие се во стабилна здравствена состојба, но засега остануваат во болница. Она што со анализи е потврдено на Инфективна е конзистентно со фекална контаминација на водата, иако не е доволен доказ дека тоа е единствениот извор на зараза бидејќи за да се тврди ова потребна е голема епидемиолошка истрага и лабораториски анализи на многу пациенти, вели за Канал 5 Д-р Фадил Цана, Директор на Клиниката за инфективни болести. Не се исклучува можноста и по еден месец да има наплив на пациенти со посериозни зарази, вели Д-р Цана, но засега најголем дел од заразените немаат сериозна клиничка слика и вообичаените стомачни тегоби траат само неколку дена. Сепак, советот е ако по 48 часа нема подобрување, задолжително да се посети лекар. За една недела над 3000 луѓе побарале лекарска помош поради стомачни тегоби, а според Институтот за јавно здравје, во Гостивар нема семејство во кое нема барем еден со симптоми. Епидемиолози се обидуваат да стигнат до податоци од нулта заразениот, или првиот, до последните преку јавувања и разговори со голем дел од граѓаните кои пријавиле симптоми, а властите апелираат граѓаните да одговораат на прашањата од епидемиолошката анкета. Тагови: инфекции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на МакедонијаУрнати дрва, паднати бандери, оштетени електрични водови и уништени возила – ова е епилогот од силното невреме кое синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјава. Најпогодени беа Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде покрај материјални штети, беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски во изјава за Канал 5 вели дека освен материјална штета, нема повредени граѓани, а во расчистувањето на последиците од невремето се вклучила и Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, како и екипи со специјализирана механизација“. Невремето во Стар Дојран оштети натстрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, а откорна и десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации. Градоначалникот Илија Тентов вели дека од рано утринава се работи на расчистување на последиците од невремето, а животот во Дојран денеска нормално се одвива. Краткотрајна појава на невреме од УХМР најавуваат и за следните денови. Од таму сепак, велат дека за викендот се очекува стабилно и топло време. И додека се санираат последиците од синоќешното невреме, надлежните повторно апелираат на внимателност, граѓаните да ги следат предупредувањата и да избегнуваат непотребни движења на отворено за време на силен ветер и невреме. Тагови: невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНоќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локалОва се остатоците од ,пожарот кој сведочат за тоа што се случуваше на ова место во 4 часот изутрина. Пукање на стаклата на запелените возила ги разбуди жителите на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир. Сведоците на настанот велат дека во помош да се изгасне пожарот истрчале и локалните жители кои со ПП апарат се обиделе да ги изгаснат запалените возила. Се чистат остатоците од опожарените возила кои предизвикале материјална штета врз станбената зграда зад мене а во воздухот се уште се чувствува мирисот на чад. Локалните жители зад камерата велат дека не паметат ваков инцидент на оваа улица. Според официјалните информации опожарени се три, а пожарот предизвикал оштетување и на фасадата на станбена зграда до која биле паркирани возилата. Сведок на настанот чиј идентитет е познат на редакцијата, за Канал 5 тврди дека палењето на возилото настанало откако по меѓусебна расправија две лица фрлиле молотови коктели, а пожарот набргу и се проширил. Од МВР пак информираат дека се истражуваат причините за пожарот. -Околу 04:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на ул.„Џ.Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(34). Од пожарот зафатени биле и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за расчистување на случајот.- МВР Инаку, ова не е прв случај на опожарувањето на возила низ главниот град. за последниот сучај истрага ќе ги покаже точните мотиви. Тагови: пожар Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter