СветТрамп вели дека САД потопиле седум мали ирански брода во Ормускиот теснецЦените на нафтата пораснаа, поради загриженоста за безбедноста на транзитот низ критичниот воден пат. Трамп одби да каже дали примирјето меѓу САД и Иран останува на сила откако двете страни отворија оган кон Ормутскиот теснец. Обединетите Арапски Емирати, сојузник на САД, соопштија дека нивната воздушна одбрана спречила 19 ирански ракети и дронови и дека напад со беспилотни летала предизвикал пожар во големо нафтено пристаниште. Трамп, исто така, ги предупреди иранските сили дека ќе бидат „разнесени од лицето на земјата“ доколку се обидат да ги таргетираат американските бродови во теснецот или во Персискиот залив.како дел од таканаречениот „проект слобода“. Според него САД потопиле седум мали ирански брода откако Техеран пукал во неколку брода во Ормускиот теснец.тој додаде дека нема штета предизвикана како резултат на иранските напади, освен врз еден јужнокорејски брод.Можеби е време Јужна Кореја да дојде и да се придружи на мисијата! Соборивме седум мали чамци или, како што сакаат да ги нарекуваат, ‘брзи’ чамци. Тоа е сè што им остана. Освен јужнокорејскиот брод, напиша Трамп на неговата платформа Трут соушал.Тагови: Иран Ормускиот теснец САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република АлбанијаДенеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини. Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, изјави Венера Азизи.Тагови: One Stop Shop Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓанитеСкопје предолго време беше град оставен на заборав – со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени.Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град. Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина. Ова е процес кој бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град во кој граѓаните ќе се чувствуваат горди. Затоа што го сакаме Скопје. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО.Карпош: Започна меѓународната екскурзија за талентираните ученици и спортисти од КарпошЗапочна седумдневниот заслужен летен одмор за првенците на генерација и најдобрите спортисти од Општина Карпош. Интернационалниот детски летен камп ,,Каливас” во Грција, кој се наоѓа на крајбрежјето во Метаморфози, Халкидики, од денеска ќе биде побогат за уште неколку талентирани ученици и спортисти од Карпош, кои ќе имаат можност да се дружат и да поминат заедно дел од летниот распуст. Локалната самоуправа финансиски го обезбеди престојот на првенците на генерација, основците од најуспешните спортски екипи во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња, како и индивидуално прогласени ученици-спортисти, за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски игри Карпош 2026. Во истоимениот детски камп, Општина Карпош обезбеди неколкудневен престој и за осумте ученички – одбојкарки од Карпош кои го освоија првото место на турнирот кој го организираше Општина Кисела Вода, по повод одбележување на нивниот патронен празник, Св. Ѓоргија. Општина Карпош ќе продолжи да ги поддржува младите умови и да ги наградува, како поттик да продолжат напред со нивното образование и наука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook