3Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
СветТрамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците пред говорот во КнесетотАмериканскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас. Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време. Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот. Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот. Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕРПредлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, електронските докази, посебните истражни мерки, финансиските истраги, увидот во списите, одржувањето рочишта и изведувањето докази на далечина, постапувањето по обвинителен акт, главната расправа, правните лекови, скратената постапка и други аспекти на кривичната постапка. Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, како и со меѓународните и европските стандарди. Воедно, законот е усогласен со 18 директиви на Европската Унија, особено во делот на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, правата на жртвите и конфискацијата. Најзначајните новини во Предлогот на Законот за кривичната постапка се: • Подобрување на одредбите за конфискација; • Дигитализација на кривичната постапка; • Ревидирање на одредбите за посебните истражни мерки; • Унапредување на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, како и правата на жртвите согласно законодавството на Европската Унија; • Усогласување со Законот за АРО, Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство; • Отстранување на недостатоците утврдени во досегашната практика. Со предложените решенија се создава основа за поефикасна, потранспарентна и помодерна кривична постапка, усогласена со европските стандарди и потребите на современиот правосуден систем.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерпелацијата за министерот Тошковски на пленарна седницаЖестока расправа во собранието за интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, поднесена од Левица.Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти. Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата. Јана Јосифоска ја следи седницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЈакимовски: Да се подготвиме најдобро што можеме и да ја потврдиме првата позиција во групатаМакедонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, Ирска е следниот предизвик.Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, натпревари кои ќе ја одредат конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, а целта е со нови победи да се потврди лидерската позиција и пласманот во главната квалификациска фаза. Нашиот национален тим полека се комплетира, а од вчера на подготовките во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје е и Андреј Јакимовски. Репрезентативното крило очекува тежок натпревар против Ирска, но верува во квалитетот и подготвеноста на македонскиот состав. „Не очекува еден од најбитните натпревари досега. Со победа против Ирска ќе го обезбедиме првото место во групата и затоа мора да се подготвиме најдобро што можеме. Имаме нов играч во репрезентацијата, хемијата во тимот е добра и останува на нас да победиме“, вели Јакимовски. Ирска во Скопје ќе пристигне со променет состав, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред средбата. „Ќе биде тешко, затоа што Ирците доаѓаат со нова екипа. Со пет-шест нови играчи. Не знаеме колку се тие добри играчи и како играат, но останува на нас да го добиеме натпреварот“, додава македонскиот репрезентативец. За разлика од претходниот февруарски циклус, националниот тим овојпат има повеќе време за подготовка и за запознавање со барањата на новиот стручен штаб. „Имаме доволно време да се запознаеме со она што го бара селекторот, со неговиот систем и начин на работа. Работиме напорно секој ден и засега работите одат одлично“, истакнува Јакимовски. Пред официјалните натпревари од ФИБА „прозорецот“, Македонија ќе одигра уште една контролна средба. Утре од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје следува проверка против Бугарија. Сепак, главниот предизвик е дуелот со Ирска на 2 јули, по што на 5 јули следува гостувањето кај Луксембург – последниот натпревар од овој циклус.Тагови: Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook