Трамп уште еднаш најави договор со Иран за ставање крај на војната - Канал 5

Трамп уште еднаш најави договор со Иран за ставање крај на војната

Иран веднаш демантираше: досега не е финализиран никаков текст, објави иранската новинска агенција ФАРС, блиска до моќната револуционерна гарда, повикувајќи се на извор поврзан со преговарачкиот тим.

Трамп уште еднаш најави договор со Иран за ставање крај на војната

Трамп уште еднаш најави рамковен договор со Иран за ставање крај на војната. „тукушто постигнавме одличен договор за војната со Иран“изјави американскиот преседател додавајќи дека документите требало да бидат готови и можеби веќе овој викенд да се потпишат во Европа.

Иран веднаш демантираше: досега не е финализиран никаков текст, објави иранската новинска агенција ФАРС, блиска до моќната револуционерна гарда, повикувајќи се на извор поврзан со преговарачкиот тим.

Високи ирански политичари засега не се изјаснија за тврдењата на Трамп. Американскиот претседател и претходно повеќепати тврдеше дека договор со Иран е блиску.

Овој пат Трамп, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека според неговото разбирање иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи веќе се согласил на договор. Тој вклучува, меѓу другото, итно отворање на Ормускиот теснец, како и прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Напиша Трамп на својата платформа Трут соушал..Само неколку часа претходно, Трамп ги откажа новите напади врз иран кои беа најавени за синоќа. На Трут соушал тој се закани дека американската војска ќе ја погоди земјата „многу силно“ и ќе го преземе островот Харк, клучен за иранската нафтена индустрија.

Откажувањето на нападите Трамп го образложи со разговори кои стигнале до највисокото ниво на иранското раководство. Деталите биле одобрени од сите вклучени страни, односно од САД, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други држави. За евентуално потпишување договор викендов, потпретседателот Џеј Ди венс би можел да отпатува во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари

Редици уште од раните утрински часови, нервоза и негодување, засилено полициско присуство, а во неколку наврати и интервенции на Брза помош. 

АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари

Ваква беше сликата пред главната експозитура на АЛТА банка во Битола, која од денеска ги отвори вратите за шалтерска исплата на средства до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Но, иако шалтерите повторно работат, граѓаните се жалат дека пристапот до сопствените пари не оди подеднакво лесно. Исплатата се организира преку СМС-пораки со известување за точниот датум и време на доаѓање. Дел од повозрасните граѓани велат дека воопшто немаат мобилни телефони, други дека не добиле известување, додека има и такви кои, иако дошле без СМС-порака, успеале да завршат работа за дваесетина минути.

Иако беше најавено дека покрај пензионерите, приоритет при исплатата ќе имаат и корисниците на социјална помош, дел од нив се пожалија дека денеска не успеале да ги подигнат средствата.

Од Народната банка информираат дека шалтерите ќе останат отворени и ќе работат во две смени, вклучително и во сабота, со цел да бидат услужени што поголем број граѓани. Според најавите, вакви шалтери наскоро ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Иако стравувањата на штедачите ги оцени како оправдани, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска повика на смиреност, уверувајќи дека банкарскиот сектор во земјава е сигурен и дека случајот со АЛТА, како банка со мал удел во секторот, не претставува закана за неговата стабилност. Во однос на изјавата на гувернерот дека пред влезот на АЛТА банка на македонскиот пазар биле консултирани повеќе владини претставници, Кочоска демантира дека Министерството за финансии било дел од тие разговори.

-Не знам... гувернерот не сум го ни слушнала кога го кажал тоа, но ние како Министерство за финансии не сме имале апсолутно никаква комуникација. Ниту знаеме дека оваа банка имала преговори, ниту знаеме кои претходно други институции, банки биле заинтересирани, така што најодговорно тврдам дека Министерството за финансии апсолутно немало никаква комуникација со гувернерот по однос на ова прашање,-Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии.

Лидерот пак на СДСМ Филипче на социјалните мрежи објави дел од записник од владина седница од 23 септември 2025 година, во кој според него, се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград, донесени на предлог на министерката Димитриеска-Кочоска.

Тој тврди дека ова покажува дека министерката била информирана за постапката и побара нејзина оставка, но и истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското јавно обвинителство за проверка на текот на парите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на Европската комисија пристигна во владата, Рокас му го врачи на Мицкоски

Вчера објавениот Извештај на Европската комисија попладнево пристигна во Владата.. Евроамбасадорот Рокас му го врачи документот на премиерот Мицкоски.

Извештајот на Европската комисија пристигна во владата, Рокас му го врачи на Мицкоски

На прес-конференцијата, двајцата ги презентираат клучните наоди и забелешки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

“17“, македонскиот кандидат за „Оскар“ со скопска премиера на 26. Скопје филм фестивал

Во рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, вечер во Македонскиот Народен Театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“.

 “17“, македонскиот кандидат за „Оскар“ со скопска премиера на  26. Скопје филм фестивал

Во рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, вечер во Македонскиот Народен Театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата за Најдобар меѓународен игран филм.

Ова остварување го означува долгометражното играно деби на режисерката Косара Митиќ, која со својот прв филм донесува свеж, автентичен и храбар авторски глас во домашната кинематографија. Филмот „17“ претставува суптилен и емотивно суров увид во созревањето, личните борби и предизвиците на новата генерација, отворајќи прашања за идентитетот, слободата и себепронаоѓањето.

Свечената премиерa ќе започне со дефиле на црвениот тепих со почеток од 20:30 часот, каде што ќе пристигнат режисерката Косара Митиќ, актерската екипа и авторите на филмот, заедно со бројни домашни и меѓународни гости од филмската индустрија, по што со почеток во 21:00 часот, ќе следува официјалната премиерна проекција на филмот.

“Скопје Филм Фестивал го заслужи најдоброто – бисерот на поновата македонска кинематографија. Скопје отсекогаш имало пребирлива и страсна филмска публика, па одржувањето на вечерашната премиера е од суштинско значење за културниот пулс на градот. Овој настан испраќа силна порака дека македонската филмска сцена има вкус, капацитет, визија и светски квалитет, факт кој до сега го покажа филмот “17“ со учествата на огромен број филмски фестивали, бројните освоени награди и признанија и секако, националната кандидатура за Оскар“, изјави Членот на Советот на СФФ и куратор на фестивалот, Ники Никитин.

Покрај проекцијата на филмот, публиката на Скопје Филм Фестивал ќе има можност да се сретне со дел од авторската и актерската екипа зад „17“, кои ќе споделат детали од процесот на создавање на филмот што ја претставува македонската кинематографија во трката за најпрестижното филмско признание.

Поради огромниот интерес за премиерното прикажување на филмот во Скопје, Организаторите на фестивалот препорачуваат билетите да се обезбедат навреме преку продажната мрежа на MK Tickets. Покрај премиерната проекција на „17“ во рамки на фестивалската програма, филмот ќе се прикажува во редовен репертоар во киното Синеплекс започнувајќи од 6 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер