3Притвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈО
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветТрамп тврди дека Путин се согласил на еднонеделно примирје Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин се согласил со неговото барање една недела да не се напаѓа Киев и другите украински градови и места.„Јас лично го замолив претседателот Путин да не ги таргетира Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури. „И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво.“ Американскиот претседател не разјасни кога или на кој начин му го упатил тоа барање на Путин, како и од кој датум треба да стапи во сила наводното примирје. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп. The ceasefire sought by Zelensky is unacceptable to Russia, Russian foreign minister Lavrov said. The comments appeared to refer to a proposed energy ceasefire, which Kremlin spokesperson Peskov earlier declined to comment on. pic.twitter.com/EdCI72wBgF — KyivPost (@KyivPost) January 29, 2026 Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили објавија дека московските сили лансирале повеќе од 100 беспилотни летала во Украина преку ноќ, при што се регистрирани 18 погодоци во различни области. Русија: Примирјето што го бара Зеленски е неприфатливо Да ве потсетиме дека претходно денес, тесноградиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија го смета примирјето што го бара украинскиот претседател Володимир Зеленски за неприфатливо. Претходно, имаше непотврдени извештаи дека и на руските и на украинските сили им е наредено привремено да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура. Информациите се проширија преку воени блогови и канали на Телеграм, без официјална потврда од Москва или Киев, а беа објавени од „Киев пост“. Според про-кремљскиот блогер Владимир Романов, на руските сили наводно им е забрането да напаѓаат инфраструктурни објекти низ цела Украина, вклучувајќи го Киев и околината, како и трафостаници, термоцентрали, хидроелектрани и објекти за складирање гас, нафта и гориво. Според тие изјави, забраната требало да трае до 3 февруари. Во исто време, украинскиот канал „Супернова+“ објави дека слична усна инструкција наводно стигнала до украинските војници, со повик да не се напаѓа руската енергетска инфраструктура. Овие извештаи потоа беа поврзани со трилатералните преговори одржани на 23 и 24 јануари во Абу Даби, во кои учествуваа и САД. „Фајненшл тајмс“ напиша дека се зборува за можно запирање на руските напади врз украинските енергетски објекти во замена за тоа Киев да се воздржи од напади врз руските нафтени објекти и танкери. Сепак, некои украински канали предупредија дека нема конечен договор и дека секој прекин ќе биде краткотраен.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаМитовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребноГрадоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство. „Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски. При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата. Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.Тагови: Сашко Митовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПритвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈОПритвор за помошник директорот во Царинската управа, Џевер Имери, кој беше уапсен вчера како прима мито, побара Јавното обвинителство. Од таму инфомрираа дека акцијата следела по пријава од граѓанин, а Имери ќе одговара за две дела- примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Тој, според истрагата, во периодот од април/мај до септември 2026 година, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра. -Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. – соопшти ОЈО ГОКК. Според информациите, Имери вчера по преземањето на парите, не застанал на полициските наредби и се дал во бегство, но брзо потоа бил фатен од полицијата и уапсен. За неполна седмица, ова е втор случај во кој обвинителството и полицијата постапувајќи по пријава од граѓанин, спроведоа успешна акција со обележани пари. Претходно уапсен беше и возачот на генералниот секретар на Владата, кој барал поткуп за вработување во пожарна. Од ОЈО ГОКК ги охрабруваат сите граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook