СветТрамп: Точно знам што правам, ставив крај на шест војни за шест месеци Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека завршил шест војни за шест месеци, но дека мора да слуша многу луѓе кои му велат дека го прави тоа погрешно.„Точно знам што правам. Завршив шест војни за шест месеци, од кои едната е потенцијална нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и да слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека сè што правам е погрешно во однос на хаосот меѓу Русија и Украина, што е војна на заспаниот Џо Бајден, а не моја“, напиша тој на TruthSocial. Како што рече, тој е таму само за да ги запре конфликтите, а не да ги продлабочи. „Тоа никогаш не би се случило ако јас бев претседател. Точно знам што правам и не ми требаат совети од луѓе кои со години работат на сите овие конфликти и никогаш не биле во можност да ги спречат“, нагласи Трамп. Како што изјави, тие се глупави луѓе, без здрав разум, интелигенција или разбирање и само го отежнуваат решавањето на сегашната катастрофа меѓу Русија и Украина. „И покрај сите мои површни и многу завидливи критичари, ќе го поправам тоа - секогаш го правам тоа“, нагласи американскиот претседател. Тој изјави дека е апсолутно убеден дека ако Русија крене раце и каже: „Се откажуваме, го признаваме поразот, се предаваме, им даваме на Украина и на големите Соединети Американски Држави, најпочитуваната и најмоќната земја досега, Москва и Санкт Петербург и сè што ги опкружува во рамките на илјада милји“, лажните медиуми и нивните демократски партнери би рекле дека тоа е лош и понижувачки ден за Доналд Џ. Трамп, еден од најлошите денови во историјата на нашата земја. Според него, затоа тие се лажни вести и неуспешни радикални левичарски демократи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter