СветТрамп соопшти дека ги поништил сите уредби и документи потпишани од Бајден Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги поништил сите уредби и документи потпишани од неговиот претходник на функцијата, демократот Џозеф Бајден, бидејќи користел уред за автоматско потпишување.Кои се правните последици од одлуката на Трамп засега не е јасно. „Секој документ кој го потпишал Поспаниот Џо користејќи автоматско пенкало, што е околу 92 проценти од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква правна сила или ефект“, напиша републиканскиот претседател на својата платформа Трут Соушл. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Катастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерииКатастрофата во Гостивар продолжува –во водата има бактерии, а резултатите дури на 20 август. Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август. Во водата има опасни бактерии, а граѓаните на Гостивар сега треба да чекаат уште две недели за официјалните резултати. Тогаш врз основа на кои резултати ја прогласија водата дека е „технички исправна“ и може да се користи? Единствениот одговор е дека водата беше прогласена за исправна само затоа што така кажа Христијан Мицкоски. Како што рековме документ нема. Никој не сакаше да потпише и да сноси кривична одговорност. Сега знаеме кој треба да ја понесе, Мицкоски, Клекоски, Тошковски. Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за хиперхлорирање и им порача на граѓаните само да ја пуштат водата да истече од чешмите. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има опасна бактерија. Сега истата власт бара граѓаните да чекаат до 20 август за официјалните анализи. Ова е неодговорно и недозволиво. Власта си игра со здравјето и животите на луѓето. Скандалот е уште поголем затоа што загадената вода стигна и до болницата во Гостивар. Ова е целосен распад на системот. И додека граѓаните се трујат, тендер-патриотите прават бизнис. Владата преку СОЗР склучила бизнис-зделка од околу 100.000 евра за набавка на вода во Гостивар, со директно договарање, без јавен оглас. Додека народот се бори за здравје, некој профитира на неговата мака. За Гостивар мора да има одговорност, обвинителот да не чека насоки туку да постапува. Клековски, Тошковски и целата екипа мора одговараат. Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење на народот. Одговорност мора да има! Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан Скопје, 06.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПрекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен КимХаризматичниот холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“.Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а продолжија со уште една Соната за виолина и пијано од Франсис Пуленк. Репертоарот го заокружија со Фантазија за виолина и пијано од Шуберт, ремек-дело напишано во декември 1827 година. Ова е всушност неговото последно дело за овие два инструмента, познато по својата извонредна уметничка длабочина и екстремна техничка тежина за двајцата изведувачи кое беспрекорно беше доловено пред фестивалската публика на „Охридско лето. Ниек Бар свири на виолина „екс Форнбаум“ изработена од Карло Бергонци во Кремона во 1729 година. Како камерен музичар, има долгогодишна соработка со американскиот пијанист Бен Ким со кој веќе има одржано неколку рецитали на сцената на амстердамскиот „Концертгебау“, во „Концертхаус“ во Берлин и во минхенскиот „Гастајг“ (концерт пренесуван во живо од „БР класик“) и деби во Филхармонијата во Есен во 2021 година. Ова камерно партнерство резултира и со ЦД снимено за „Авротрос класик“ со дела од Крајслер, Моцарт, Бах и Бетовен. Изведбите на американскиот пијанист Бен Ким се опишани како „еуфорични и полни со виталност“, додека пак сензибилноста и интегритетот во интерпретацијата му носат респект и репутација кај публиката, но и кај стручната критика. Победникот на 55-от АРД натпревар во Минхен во категоријата пијано, Бен, настапува низ светот во концертните сали како „Карнеги Хол“, „Музикферајн“, „Гевандхаус“, „Сантори Хол“, „Кенеди Центар“, со оркестрите на Германското радио, Баварскиот радиосимфониски оркестар, со оркестрите во Лајпциг, Балтимор, Кјушу, Сеул, со оркестарот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, со Симфонискиот оркестар во Дизелдорф, со оркестарот „Тонхале“ под диригентската палка на Кристоф Ешенбах, со Келнскиот камерен оркестар под водство на Кристоф Попен и со Филхармонискиот оркестар на Бусан на „Музикфест Берлин“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСеверна Кореја изврши ново лансирање на ракета Северна Кореја истрела балистичка ракета со краток дострел од својот источен брег кон Источнокинеското Море, соопшти јужнокорејската војска, додека се засилуваше надзорот во регионот.Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета со краток дострел кон Источното Кинеско Море, додавајќи дека лансирањето било извршено од областа Вонсан на источниот брег на земјата. Здружениот штаб на Јужна Кореја објави дека ракетата била лансирана околу 17 часот по локално време од областа Вонсан, додека бројот на истрелани ракети сè уште не е потврден, пренесува „Јонхап“. Војската на Јужна Кореја соопшти дека ги засилила надзорот и извидувањето поради можноста за нови лансирања, како и дека одржува целосна борбена готовност во тесна соработка со САД и Јапонија. Ова е прво лансирање ракета од страна на Северна Кореја по повеќе од еден месец, откако Пјонгјанг на 25 јуни, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, тестираше тактичка балистичка ракета, нови повеќецевни ракетни фрлачи и друго оружје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook