Трамп: Сојузниците ја слават победата во Втората светска војна што им ја донесовме ние - Канал 5

Трамп: Сојузниците ја слават победата во Втората светска војна што им ја донесовме ние

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека победата во Втората светска војна е постигната исклучиво благодарение на САД.

Трамп: Сојузниците ја слават победата во Втората светска војна што им ја донесовме ние

- Победивме во две светски војни, но никогаш не ги презедовме заслугите за тоа – сите други го прават тоа! Ширум светот, сојузниците ја слават победата што ја имавме во Втората светска војна. Единствената земја што не слави се Соединетите Американски Држави, а победата беше постигната само благодарение на нас, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој оцени дека, без САД, исходот на војната би бил поинаков и најави дека ќе прогласи национален празник.

- Без Соединетите Американски Држави, војната ќе ја добиеја други земји, и колку поинаков свет би бил тоа. Затоа, со ова прогласувам национален празник во знак на прослава на победите во Првата светска војна, каде што примирјето беше потпишано на 11 ноември 1918 година, и Втората светска војна, каде што датумот на победата беше 8 мај 1945 година, наведе американскиот претседател.

Трамп додаде дека земјата нема да биде затворена „за овие два многу важни празници, 11 ноември и 8 мај“ бидејќи веќе има премногу празници во Америка. Наместо тоа, Американците ќе продолжат да работат како и обично.

- Нема доволно денови во годината. Бевме работници тогаш, а работници сме и сега! Документацијата следи. Да ја направиме Америка повторно голема, порача Трамп.

Американскиот претседател минатата недела го преименува 9 мај (8 мај во САД) во Ден на победата во Втората светска војна од претходното име што се користеше во земјата – Ден на победата во Европа. Покрај тоа, 11 ноември во САД досега беше познат како Ден на ветераните, а Трамп одлучи тој датум отсега да се одбележува како Ден на победата во Првата светска војна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси.

Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти.

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации.

Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа.

Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.

Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.

Авион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)

Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си.

Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот.

Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок.

YouTube video

Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами.

„Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер