Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
СветТрамп со злосторство се обиде да го поништи изборниот резултат, тврди обвинителот Џек Смит Доналд Трамп прибегнал кон злосторства во обид да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година, велат обвинителите во новата судска пријава во која се тврди дека поранешниот американски претседател не бил имун од обвиненијата.Специјалниот обвинител Џек Смит поднесе поднесок кој беше објавен вчера. Поднесокот го оспорува тврдењето на Трамп дека тој е заштитен со одлука на Врховниот суд од ова лето со која се дава широк имунитет од гонење за службени дела извршени додека бил на функцијата, пишува Би-Би-Си. Бидејќи нема судење пред изборите следниот месец, судскиот документ од 165 страници може да биде последна шанса за обвинителите да го претстават својот случај. Обвинителите тврдат дека Трамп не секогаш дејствувал во службено својство и наместо тоа бил ангажиран во „приватен криминален обид“ да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година. Обвинителите тврдат дека додека Трамп сè уште бил на функција, некои од неговите наводни обиди да ги поништи изборите биле поврзани со неговата кампања и неговиот живот како приватен граѓанин. Судот треба „да нареди на обвинетиот да му се суди за неговите приватни злосторства како и на секој друг граѓанин“, напишал Смит во поднесокот. Случајот често се одложува откако американското Министерство за правда поднесе обвинение пред повеќе од една година, обвинувајќи го Трамп, кој негира дека сторил нешто лошо, дека се обидел незаконски да го блокира потврдувањето на победата на Џо Бајден. Поднесокот наведува неколку случаи во кои потпретседателот на Трамп, Мајк Пенс, изразил сомнеж за тврдењата на неговиот шеф за измама на гласачите и се обидел да го убеди да прифати дека ги загубил изборите. Во судскиот документ, обвинителите велат дека Трамп не бил вознемирен кога дознал дека неговиот потпретседател бил итно пренесен на безбедно кога бунтовниците упаднале во Капитол на 6 јануари 2021 година. „Па што?“ Тој наводно рекол кога бил информиран. Адвокатите на Трамп се бореа последното досие да остане запечатено, а портпаролот на кампањата Стивен Чеунг го нарече „полно со лаги“ и „неуставно“. Во објавата на неговата платформа „Truth Social“, Трамп рече дека „не требало да биде објавена непосредно пред изборите“. Тој ги обвини обвинителите за „неверојатно“ недолично однесување. Во поднесокот се вели дека Трамп планирал да прогласи победа без оглед на резултатот и ги поставил темелите за тоа долго пред изборите. Тој е обвинет и дека свесно ширел лажни тврдења за гласање кои тој самиот ги сметал за „луди“. Во демократското упориште во Детроит, Мичиген, кога голем број гласачки ливчиња се појавија во корист на Бајден, оперативец на кампањата на Трамп наводно му рекол на колегата „да најде причина“ дека нешто не е во ред со гласачките ливчиња за да му даде „опции да води судски спор“. . Поднесокот, исто така, тврди дека Трамп и неговите сојузници, вклучително и адвокатот Руди Џулијани, се обиделе „да го искористат насилството и хаосот во Капитол“ за да го одложат потврдувањето на изборите. Трамп вчера изјави дека случајот ќе заврши со негова целосна победа. Датумот на судење не е одреден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавуваПрвото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. „Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал. „Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка. Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето? „Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена. Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСаем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај ШколкаВо Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00