Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани
1Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани
3Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
СветТрамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земјаАмериканскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Тајван да не прогласува формална независност од Кина. Изјавата доаѓа само неколку часа по завршувањето на дводневниот самит со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг. Трамп за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа дека не сака конфликт со Кина, туку сака сите страни да се смират, а војна вели тој не сака ниту кинескиот претседател Во мегувреме кинеските државни медиуми објавија дека Си за време на разговорите предупредил дека прашањето за Тајван е најважно во односите меѓу Кина и САД, и дека секое погрешно менаџирање на оваа тема може да доведе до директен судир меѓу двете суперсили. Претседателот на Тајван, Лаи Чинг Те, претходно изјави дека островот нема потреба формално да прогласува независност бидејќи веќе се смета за суверена држава.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЗабаваАлесандра Амброзио ги запали мрежите со снимка во минијатурно бикини (ФОТО)Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) ужива на одморот на Бали, а на Инстаграм сподели нови фотографии во бикини. Поранешниот ангел на Викторија Сикрет позираше во оскуден костим за капење од брендот Fae, познат по моделите кои откриваат многу кожа, пишува Ало! . Таа избра бикини Lumi & Jones Savanna со зебра шема и светло портокалови рабови. Фотографиите ги навела: „Улувату, со сол уште во мојата коса“. Таа на фотографиите позира речиси без шминка, со пуштена коса, а портокалово саронг искомбинирала со бикини. Се огласи и Викторија Сикрет Нејзината објава го привлече вниманието на бројните следбеници, а меѓу коментарите се најде и еден од официјалниот профил на Викторија Сикрет. Нашето девојче“, напишаа тие. Одговорија и навивачите. „Блескаш“, ѝ рекол еден следбеник, додека друг искоментирал: „Мојот ангел“. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) Амбросио престојува на Бали со нејзиниот вереник Бак Палмер, дизајнер на машки накит. Според објавите на социјалните мрежи, изгледа дека на одмор им се придружиле и нејзините деца Ања и Ноа кои ги има со поранешниот партнер, претприемачот Џејми Мазура. Тие се вратија на местото каде што ја запроси Манекенката и нејзиниот вереник се вратија на Бали, каде Палмер ја запроси на 11 август оваа година. Тие потоа ја споделија радосната вест на Инстаграм со серија фотографии направени покрај океанот. Во едното, Алесандра позира во плетено бело и кафено бикини, додека Бак носи црни гаќички за капење. На друга фотографија тие ги покажаа малите тетоважи со срце што и двајцата ги имаат на зглобовите. „Би те избрал во овој и во секој друг живот. Засекогаш, љубов моја“, напиша Амбросио покрај објавата со која ја потврди свршувачката. По ангажманот во август, манекенката им се врати на деловните обврски. Таа во Лос Анџелес учествуваше на овогодинешното шоу на Викторија Сикрет, а сега повторно ужива на Бали.Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓаниРаководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓаниОсновното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреби на парични средства на штедачите. Таа реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не ги евидентирала прописно нивните депозити, прибавувајќи така противправна имотна корист. Со цел обезбедување докази, врз основа на наредба обезбедена од Судот по барање на јавниот обвинител вчера беа извршени повеќе претреси и беше одземена документација и други предмети. Откако дејствијата на осомничената биле откриени, штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос. Поради ризикот од бегство, јавниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска за осомничената да се јавува во судот. Јавното обвинителство продолжува да презема дејствија за целосно испитување на настанот, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПретставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)Додека култните брендови Ferrari и Lamborghini објавија дека повеќе немаат намера да се натпреваруваат во максимална брзина, кинеските производители не покажуваат знаци на забавување. Електричниот хиперавтомобил Yangwang U9 Xtreme достигна брзина од 503,17 км/ч и со тоа постави нов светски рекорд за сериски автомобили. Овој резултат е важен не само затоа што U9X сега е најбрзиот автомобил во светот. Јангванг сè уште го држеше рекордот, кој го постави во 2025 година со брзина од 496,22 км/ч. Потоа го надмина Bugatti Chiron Super Sport 300+, чија максимална брзина беше 490,48 км/ч. Новиот потфат е особено значаен затоа што U9X е првиот сериски автомобил во историјата што официјално ја сруши границата од 500 км/ч. Достигнувањето е уште поголемо затоа што е постигнато на јавен пат. Рекордно возењето беше извршено на затворен дел од автопатот E11 во Абу Даби, со германскиот тркачки возач Марк Басенг зад воланот. BYD обезбеди ексклузивен пристап до делница од патот долга 10 километри за таа пригода. Од нив, седум километри беа погодни за обидот за рекорд, а работниците темелно го проверуваа секој сантиметар од асфалтот за да ги отстранат сите остатоци и пустинскиот песок. Yangwang е луксузен бренд на компанијата BYD, а моделот U9 Xtreme ја црпи својата енергија од четири електрични мотори кои заедно развиваат 3019 КС. Верзијата Xtreme користи електричен систем од 1200 волти, за разлика од стандардниот модел U9 кој работи на 800 волти. Исто така е опремена со прилагодена верзија на батеријата Blade на BYD. Подготовки за рекордот и уништениот прототип Тимот на Yangwang не успеа веднаш да достигне 503 км/ч. Денот претходно, тие направија две возења во кои U9 достигна брзина од 490 км/ч. Инженерите потоа работеа цела ноќ за да ја доведат батеријата и моторите до оптимална температура и да го фино подесат аголот на задниот спојлер. Тие исто така го прилагодија амортизирањето на суспензијата за подобро справување со нерамнините на патот и го прилагодија притисокот во гумите за максимална стабилност. Модификациите се исплатија следниот ден. U9X стана првиот сериски автомобил кој доби сертификат за брзина од над 500 км/ч, подвиг кој беше потврден и од судија на Гинисовата книга на рекорди. Тоа беше и првпат да се постави рекорд за брзина на јавен пат од 2017 година, кога Koenigsegg Agera RS достигна 446,97 км/ч на дел од државниот автопат во Невада. Јангванг освои уште три рекорди: за најбрз електричен сериски автомобил, најбрза гума за електрично возило и најбрза гума за пат. U9X користи специјални „полу-слик“ гуми развиени од компанијата Giti Tire со седиште во Сингапур. Сепак, во периодот помеѓу постигнувањето на рекордот и официјалното објавување, од Кина протекоа снимки од друг модел на U9 Xtreme. Автомобилот целосно се распадна додека се обидуваше да достигне максимална брзина на тест патека во Кина. BYD не кажа колку брзо се движело возилото кога ја изгубило контролата или што точно ја предизвикало несреќата. Силата на ударот во заштитната ограда го уништи хиперавтомобилот, оставајќи го недопрен само централниот монокок од јаглеродни влакна во кој се наоѓаше возачот. Возачот не беше сериозно повреден во несреќата.Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter