СветТрамп со одговор дали ќе го уапси Путин како Мадуро: Многу сум разочаран (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите дека не мисли дека апсењето на рускиот претседател Владимир Путин „би било потребно“.Неговите коментари дојдоа откако новинарите на состанокот со раководителите на нафтените гиганти го прашаа дали некогаш би размислил да преземе исти мерки против Русија и Путин како што ги презеде во Венецуела против Мадуро. „Секогаш сум имал одличен однос со него. Многу сум разочаран. Завршив осум војни. Мислев дека оваа ќе биде некаде на средина или можеби една од полесните“, рече Трамп. DOOCY: Would you ever order a mission to capture Putin? TRUMP: I don't think it's going to be necessary. I've always had a great relationship with him. I'm very disappointed. pic.twitter.com/5QD8HnQ65g — Aaron Rupar (@atrupar) January 9, 2026 Американскиот шеф на државата додаде дека е оптимист во врска со постигнувањето договор за прекин на војната во Украина.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДисонантни тонови во ЕУ околу обидот на Кошта да отвори дипломатски канали кон МоскваНеусогласени тонови во Европската Унија околу Москва. Обидот на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, да отвори дипломатски канали, во контекст на можни мировни преговори, предизвикал серија различни реакциии меѓу лидерите на ЕУ на самиот во Брисел. Според извори од германската влада потегот на Кошта вил оценет како навреда, и како некоординиран непрофеслионален. Дел од лидерите инаку, предупредиле дека се уште не е време за разговори со Москва, други ја поздравиле иницијативата. Роб Јетен премиерот на Холандија изјави дека не ја виделе вистинската подготвеност на Путин да се вклучи во сериозни преговори. Шпанскиот премиер Санчез пак изјави дека Мардид бил подготвен да даде поддршка на сите иницијативи кои би довеле до мир и крај на војната во Украина. Канцлеарот на Австрија Кристијан Штокер ја нагласил важноста на дијалогот. Сепак, функционер на ЕУ потврдил дека во последните недели имало контакти на дипломатско ниво за воспоставување комуникација со Москва, но дека вистински преговори не се случиле.Тагови: Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДве девојчиња се удавија во летувалиште во Албанија Голема трагедија се случи на плажата Тале, во близина на Лежа во Албанија, каде што две малолетни девојчиња го загубија животот откако се удавија во морето.Според прелиминарните информации, жртвите, на возраст од 11 и 13 години, биле во ненадгледуван дел од плажата, без присуство на обезбедување или спасувачи. Се сомнева дека девојчињата влегле во водата и не можеле да излезат. Нивните тела биле извлечени од морето и испратени во мртовечницата на Регионалната болница во Лежа за понатамошна обработка. Во меѓувреме, полицијата пристигнала на местото на настанот за целосно да ги разјасни причините и околностите на овој трагичен настан, објавува Indexonline.Тагови: Албанија девојчиња Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизМадона откри како ги избирала момчињата- нејзиниот критериум е тотален хит Мадона наводно ги оценувала своите момчиња според еден, малку необичен критериум - распоредот во бањата.Кралицата на поп-музиката признала дека во текот на 80-тите, кога била дел од њујоршката клупска сцена, ги прашувала потенцијалните момчиња дали имаат када и туш што може да ги користи. „Излегував со момци во зависност од тоа дали имаат када и туш што може да ги користам“, се смееше 67-годишната Мадона како гостин во емисијата Rent Free. „Јас велев: „Добро, каде живееш?“, а тие велеа: „На Горен Вест Сајд“. И јас прашував: „Дали имаш када?“ Тоа беше голем плус за мене.“ Но, тоа не беше единствената „погодност“ што поп-ѕвездата ја бараше кај мажите со кои се гледаше. „Одев кај тоа момче или потенцијално момче и само се бањав или се туширав“, објасни Мадона со смеа. „И јадев храна од неговата мајка!“ Таа има 29-годишно момче Добитничката на седум Греми награди има импресивен список на партнери зад себе, вклучувајќи ги Тупак Шакур, Ворен Бити и поранешниот сопруг Гај Ричи, со кого ги има синовите Роко (25) и Дејвид Банда (20). Пејачката е исто така мајка на ќерката Лурд (29), која ја има со Карлос Леон, и Мерси (20) и близнаците Стела и Естера (13). Денес, се чини дека ги оставила тие навики зад себе и е во стабилна врска со Акем Морис. Иако врската со својот 29-годишен партнер ја држи претежно приватна, повремено споделува детали од нивниот секојдневен живот. „Со години сакав да ја гледам коњската трка Палио во Сиена, која се одржува на мојот роденден од 1482 година!“, напиша таа покрај видео со Морис за време на прославата на роденденот во 2025 година во Италија. „Не можам да опишам колку е возбудливо и посебно ова искуство!“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook