Трамп си замина од Кина со пофалби, Пекинг со предупредувања - Канал 5

Трамп си замина од Кина со пофалби, Пекинг со предупредувања

Со стисната тупаница и со уверување дека многу отворени прашања се надминати, американскиот претседател Трамп ја заврши три дневната посета на Кина.

Трамп си замина од Кина со пофалби, Пекинг со предупредувања

Иако, исполнета со куртоазни пораки, традиционални кинески јадења и со многу историја, деталите за најчувствителните прашања како она за Тајван, војната во Иран и трговската царинска војна остануваат докрај непознати. Сепак двајцата лидери беа едногласи дека самитот бил повеќе од успешен.

-Вашата посета може да се нарече пресвртница зашто поставивме нова визија за изградба на конструктивни односи. Се согласивме за многу работи за да ги одржиме стабилни економските врски. , изјави Си Џинпинг, претседател на Кина.

-Склучивме неколку фантастични трговски договори, одлични за двете земји. Решивме многу различни проблеми кои другите луѓе не би можеле да ги решат. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Ниту Трамп, ниту Си не открија какви договори се постигнати. Американскиот претседател многу поотворен беше во интервјуто за Фокс Њуз, каде уверуваше дека од кинескиот колега добил силна поддршка за ставање крај на иранската војна и ветил дека нема да му испраќа оружје на Иран.

-Претседателот Си би сакал да види склучен договор (со Иран). Би сакал да види договор. Тој се понуди и рече: ако можам да бидам од некаква помош, би сакал да помогнам. Тоа го кажа. Да, тоа го кажа. Секој што купува толку нафта, очигледно има некаков однос со него. Тој би сакал да го види Ормускиот теснец отворен. , изјави Трамп во интервју за Фокс Њуз.

Во однос на економијата Трамп соопшти дека Кина се обврзала да купи 200 авиони Боинг од САД, да се снабдува со американска нафта и со земјоделски производи, нешто што Пекинг официјално не го потврдува, но затоа потврди дека на Трамп ќе му испратат семе од кинеските рози кои шефот на белата куќа ги здогледа за време на прошетката низ историскиот комплекс Џонг-нан-хаи.

Ова се најубавите рози што некој некогаш ги видел. Го прашав претседателот: можеш ли да ми даде неколку за во градината? И тој рече да. , рече Трамп.

Посетата на Трамп не ги охрабри берзите, особено по најавите дека Кина ќе купува американски деривати. Цената на нафтата Брент се искачи на 107 долари за барел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм

Иако се приближува кон својот 80-ти роденден, легендарниот Арнолд Шварценегер не покажува намера да забави, а камоли да се повлече од светот на филмот.

Арнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм

Откако неодамна се врати за две сезони од акционата серија на Нетфликс, ФУБАР, во која глуми заедно со ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“, Моника Барбаро, Шварценегер веќе подготвува нов проект.

Иако публиката со децении дебатира за неговата најпозната улога, многумина ќе се согласат дека станува збор за научно-фантастичниот класик од 1984 година, филмот што ја лансираше една од најуспешните акциони франшизи на сите времиња.

Нов криминален трилер за „Прајм Видео“

Шварценегер ќе ги здружи силите со Лиам Хемсворт во новиот криминален трилер „Келис“, за кој правата ги обезбеди „Амазон МГМ“. Филмот нема да има кино-дистрибуција, туку ќе биде објавен на стриминг услугата „Прајм Видео“.

Заплетот следи еден посрамен њујоршки полицаец чија сопруга е киднапирана од терористи. За да ја спаси, тој е принуден да побара помош од своето семејство.

Режисер е Бред Пејтон, познат по соработката со Двејн Џонсон на филмовите „Rampage“ и „San Andreas“ и по научно-фантастичниот филм „Atlas“, кој го режираше за Netflix минатата година.

Премиерата се очекува најрано следната година

Доаѓањето на филмот „The Kellys“ се очекува најрано кон крајот на следната година, иако не е исклучено премиерата да биде поместена за 2028 година. Во меѓувреме, Шварценегер продолжува да работи на нови проекти, потврдувајќи дека нема планови да ја напушти филмската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Во наелектризирана атмосфера, во Собранието почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Долгонајавуваниот законот за правична и соодветна застапеност влезе во собраниска процедура – со часови трае расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците за законот кој треба да го замени балансерот. Предлагачот, пратеникот и вицепремиер Беким Сали, во Собранието порача дека со овој закон се прави историски чекор кон унапредување на рамковниот договор и дека правичната застапеност во институциите ќе се уредува законски, наспроти со Балансерот, кој го оцени само како дигитална алатка.

„Сакам да истакнам дека овој закон ја ужива поддршката на Советот на Европа, бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија, а препораките содржани во нејзиното мислење кои беа насочени кон подобрување на текстот се вградени во одредбите на овој закон. Законот го штити правото на слободно самозијаснување но го спречува неговото злоупотребување и доколку има таков обид, кандидатите ќе бидат одбиени со забрана да се пријават повторно за вработување за три месеци.“

Сепак, албанските партии од власта и опозицијата со спротивставени гледишта на овој закон. Според опозицискиот блок, кои жестоко се противат на ова решение, се нарушува рамковниот договор и уставниот поредок, и најавија дека ќе направат се што е во нивна моќ истиот да не се донесе. Од ВРЕДИ пак порачаа дека опозициските партии манипулираат со чувствата на албанските граѓани и дека законското решение ќе доведе до попрофесионални вработувања во институциите.

На матичната комисија и претходеше жолчна расправа во Комисијата за политички систем, каде власта и опозицијата се судрија околу тоа дали да се носи со мал или голем бадентер - со 11 гласа за и двајца против, надвладеа ставот, тој да се донесе со мал бадентер, што значи мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

„Посакувам денешниот ден да не биде официјално почетокот на уништувањето на унитарниот систем на државата, бидејќи овој систем е можеби дојдено време и да се смени, бидејќи евидентно многу грешите ако не сметате за наивни.“

„Зошто се плашите, јас не знам од каде ви е оваа паника или тенденцијата ваша е да создате на секоја седница, на секоја комисија да имате шоу, драми и театар.“

„Вие донесувате закон кој ни го продавате како да живеете во Скандинавија.“

Пред да дојде на гласање на пленарна седница, законот ќе оди на јавна расправа.

<iframe allowfullscreen="" frameborder="0" height="315" src=

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град падна во Пехчево и Берово, до крајот на денот променливо облачно со повремени врнежи и грмежи

До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.

Град падна во Пехчево и Берово, до крајот на денот променливо облачно со повремени врнежи и грмежи

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во о С)

14 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Лазарополе, Маврови Анови, 21 Претор, 22 Охрид, Берово, Крива Паланка, 23 Битола, 24 Прилеп, Виница, 25 Тетово, Скопје- Зајчев Рид, 26 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Струмица, 27 Кавадарци, 28 Велес.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 9 ЧАСА (во l/m 2 )

4 Лазарополе, Виница, 3 Берово, 2 Гевгелија, Стурмица, Кавадарци, Штип, 1 Битола, Прилеп, Претор.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.

Во Пелагонија и југоисточните региони процесите беа поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и силен ветер. Во крајниот исток (Пехчево и Берово) имаше појава на град.

До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во текот на ноќта ќе биде променливо облачно време со услови за краткотрајни слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме, соопштуваат од УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер