Трамп се закани со уништување на гасното поле Јужен Парс ако Иран го нападне катарскиот ЛНГ - Канал 5

Трамп се закани со уништување на гасното поле Јужен Парс ако Иран го нападне катарскиот ЛНГ

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД би можеле да го уништат иранското гасно поле Јужен Парс доколку Иран повторно ги нападне катарските постројки за течен природен гас (ЛНГ).

Трамп се закани со уништување на гасното поле Јужен Парс ако Иран го нападне катарскиот ЛНГ

Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл наведе дека Израел претходно нападнал дел од големото гасно поле Јужен Парс во Иран, додавајќи дека САД не биле известени за тој конкретен напад и оти Катар немал никаква улога во него.

Според него, Иран потоа „неоправдано и неправедно“ нападнал дел од катарска постројка за ЛНГ, бидејќи не бил запознаен со околностите на нападот врз Јужен Парс.

Трамп наведе дека Израел повеќе нема да врши напади поврзани со тоа гасно поле, освен ако Иран повторно не одлучи да ги нападне катарските постројки. Тој предупреди дека, во случај на нов напад врз катарскиот ЛНГ, САД би можеле „масовно да го уништат“ целото гасно поле Јужен Парс, со или без помош на Израел.

„Не сакам да го одобрам ова ниво на насилство и разурнување поради долгорочните импликации што ќе ги има врз иднината на Иран, но ако катарскиот течен природен гас повторно биде нападнат, нема да се двоумам да го сторам тоа“, порача Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп сака да го лиценцира производството на оружје на сојузниците

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе разгледа можност за американски одбранбени компании да лиценцираат производство на оружје во Европа и Украина. 

Трамп сака да го лиценцира производството на оружје на сојузниците

Целта е да се реши недостигот од пресретнувачки ракети за системи за воздушна одбрана што Киев треба да ги брани од руските балистички ракети, објави Блумберг, повикувајќи се на претставници запознаени со дискусиите на самитот на Г7 во Франција.

Побрз начин за зајакнување на сојузниците

Според извештајот, Трамп има намера да побара од американските производители на воена опрема да доделат лиценци за производство на европски и украински компании.

Американскиот претседател го гледа ова како побрз начин за зајакнување на сојузниците, со оглед на тоа што американските залихи беа значително исцрпени за време на војната со Иран, а ќе биде потребно значително време за проширување на домашното производство. „Тие би го сакале тоа, а ние ќе го разгледаме“, им рече Трамп на новинарите на 17 јуни.

Европските лидери ја поздравија иницијативата

Германскиот канцелар Фридрих Мерц им рече на новинарите дека „конкретните лиценци за кои станува збор ќе бидат детално разгледани меѓу земјите учеснички“. Тој рече дека ова би вклучувало давање широки лиценци на компании кои поседуваат потребни технички можности.

„Сите се соочуваме со проблемот на премалку производство во моментов, а тоа може да се компензира со доделување лиценци на компании кои имаат потребен производствен капацитет. Ова ги вклучува европските и украинските компании“, рече Мерц.

И францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека за време на разговорот, Трамп „инстистирал на мобилизација на американската одбранбена индустрија и нејзината способност да обезбеди таква опрема“.

Отстапување од традиционалната политика

САД традиционално се многу заштитнички настроени кон своите технологии и лиценцни аранжмани поради загриженост за интелектуалната сопственост и безбедноста на синџирот на снабдување. Сепак, некои оружја, вклучително и ракетите „Патриот“, веќе се произведуваат во Германија.

На самитот на Г7 во Евиан-ле-Бен на 16 јуни, лидерите се согласија да ги зголемат испораките на системи за воздушна одбрана и пресретнувачки ракети за Украина. Во тоа време, тие исто така изјавија дека се подготвени да разгледаат доделување лиценци за нивно производство директно во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките , единствена општина во државата со ваква мерка

Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот.

Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките , единствена општина во државата со ваква мерка

„Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни установи“, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Згрижени се 116 деца во градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, каде го поминуваат времето во безбедна средина, преку разни активности прилагодени на нивната возраст.

Општина Центар останува единствената локална самоуправа во државата која организира ваков тип летно згрижување за деца од училишна возраст, со цел да да обезбеди континуирана грижа за семејствата и во летниот период.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои што им припаѓа и ќе стане економски најзначаен коридор во Европа

Македонија е влезена во фаза на силен инфраструктурен развој, започнуваме со изградба на брзата пруга на Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција.

Николоски: Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои што им припаѓа и ќе стане економски најзначаен коридор во Европа

Ќе понудиме брз карго превоз до 200 километри на час и до 160 километри на час за превоз на патници. Со тоа целосно ќе ја трансформираме економијата, се обрати заменик претседателот на Владата Александар Николоски на Самитот на министри за транспорт од земјите на Западен Балкан што се оддржува во Солун.

На Самитот кој е во ораганизација на Секретаријатот на Транспортната заедница, на кој се разговара за приоритетите на инфраструктурата и инвестициските предизвици во Западен Балкан, покрај министрите, присуствува и Еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам, Апостолис Цицикостас.

Во своето обраќање, заменик претседателот на Владата Николоски истакан дека земјите долж Коридор 10 мора да се насочат кон доизградба и модернизација на Коридор 10 како предуслов за одлжлив економски раст и поефикасен транспорт.

“Доколку паметно и мудро го искористиме Коридорот 10, во тој случај можеме целосно да ја трансформираме економијата во Југоисточна и Централна Европа. Веќе постои брза железница меѓу Атина и Солун, Белград – Будимпешта е веќе завршена. Нашите колеги од Србија работат на делницата Белград – Ниш. Она што недостига е делот меѓу Ниш, Скопје и Солун. Од наша страна, започнавме многу амбициозна програма и веќе сме пред нејзино финализирање, што значи ќе започнеме со изградба на брза железница на целиот Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција. Тоа ќе биде брза железница – од 160 до 200 километри на час за патнички сообраќај и 120 километри на час за карго сообраќај. Амбицијата е да се заврши за 5 години. Проектот ќе чини најмалку 2 милијарди евра. Финансирањето е обезбедено преку Договорот за стратешко партнерство што го потпишавме со Обединетото Кралство. Условите се многу поволни, што значи дека започнуваме и мислам дека за не повеќе од 5 години ќе има брза железница која ќе можеме да ја користиме за карго, но исто така и за патници. Тоа ќе ја смени реалноста во регионот. Скопје – Солун ќе се патува за 1 час и 25 минути. Скопје – Белград ќе ќе се патува за 2 и пол часа, така што тоа е целосно, целосно поинаква реалност. А товарен воз од Атина ќе стигнува во Виена за помалку од 24 часа, а од Солун до Будимпешта за околу 12 до 14 часа, што е комплетна промена на реалноста”- се обрати Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер