3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
СветТрамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со ПутинАмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови остри економски мерки против Москва поради застојот во мировните преговори со Украина.- Некако ми снемува трпение, и тоа со забрзано темпо. Ќе има тешки удари преку санкции кон банките, нафтениот сектор и преку царини, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Тој наведе дека неговата администрација веќе презела одредени чекори, вклучително и воведување царини кон Индија поради тоа што купува руска енергија, но додаде дека очекува поголем ангажман од европските земји, бидејќи, како што истакна, „ова повеќе е проблем на Европа отколку на САД“. Тагови: Доналд Трамп путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во ГостиварКризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино. Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар. Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со температура до 34 степени Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаНа ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минутиНа ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ. Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – ДелчевоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook