Трамп се појави во жалбената постапка пред судот во Њујорк за тужбата за измама

Обвинителката Џејмс, демократка, бара да го казни Трамп со 250 милиони долари и да му забрани да работи во Њујорк.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска се појави во жалбената постапка пред судот во Њујоркшто може да го чини контрола над кулата Трамп во Њујорк и други вредни имоти, одржувајќи го своето ветување дека ќе ја брани својата репутација во овој случај што тој го нарекува „лажен“.

Трамп, кој ја изгради својата политичка кариера како познат милијардер за недвижнини и мајстор на „уметноста на договорите“, доброволно се појави на судењето, кое за него е од големо значење.

Јавната обвинителка Летиција Џејмс ги обвинува Трамп и неговата компанија за измама на банки, осигурителни компании и други бизниси со постојано доведување во заблуда и фалсификување на финансиските извештаи за имотот на Трамп.

Судијата Артур Енгорон, кој независно ќе одлучува по жалбата во оваа постапка без порота, веќе во прв степен пресуди дека Трамп извршил измама во своето работење.

Обвинителката Џејмс, демократка, бара да го казни Трамп со 250 милиони долари и да му забрани да работи во Њујорк.

Пресудата на судечкиот судија од минатата недела, доколку биде потврдена во жалбената постапка, би можела да го принуди Трамп да се откаже од својот имот во Њујорк, вклучувајќи ја и кулата Трамп, деловната зграда на Волстрит, терените за голф и имотите во предградието на Њујорк.

Леклер: Подготвен сум за сезоната, можеме да го победиме Ред Бул

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е „подготвен“ за претстојната сезона во Формула 1 и предвидува дека Ферари може да се натпреварува со Ред Бул во битката за светската титула.

Во 2024 година, Шарл ја забележа својата најсилна сезона во Формула 1 – победи на 3 трки, 13 пати заврши на подиумот и собра 356 поени. На крајот на годината, ова му го донесе третото место во конечниот поредок, со 84 поени зад шампионот Макс Верстапен.

Ферари, пак, до последно се бореше со Мекларен за светската титула во конструктори, а тоа му дава надеж на тимот од Маранело да ја продолжи битката во новата кампања.

-Мислам дека сум подготвен за сезоната. На Ферари му треба болид како оној што го имавме на крајот на минатата година. Апсолутно сум уверен дека Ферари може да биде следниот тим што ќе го победи Ред Бул и ќе ја освои титулата, објасни Леклер.

За 2025 година, Ферари ќе може да смета и на Луис Хамилтон, а 7-кратниот светски шампион ќе треба да се прилагоди на новите работи за него во Скудерија, но дефинитивно ќе биде корисен за тимот од самиот почеток со огромното искуство што го има.

-Сега сум позрел возач. Порано, кога викендот не ми одеше како што сакав или автомобилот не беше како што сакав, се обидував да најдам нешто што навистина го нема. Затоа и правев многу грешки. Сега знам кога сме посилни и кога треба да ги ограничуваме загубите, тоа е чекор напред, додаде Леклер.

УНРВА да го напушти Ерусалим до 30 јануари, изјави израелски претставник во ОН

 Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) „мора да ја прекине својата работа во Ерусалим и да напушти просториите во кои работи во тој град“ до 30 јануари, изјави израелскиот претставник во ОН.

За оваа одлука тој преку писмо го информирал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Законот со кој се забранува работењето на УНРВА на израелска територија и контактирањето со израелските власти стапува на сила на 30 јануари, наведуваат светските агенции.

Израел го анектира Источен Ерусалим, кој мнозинството од меѓународната заедница не го признава.

Иднината на Кимих останува нејасна

 Иднината на капитенот на Барен М. Џошуа Кимих по крајот на сезоната останува нејасна.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со Баерн истекува и во оваа фаза нема навестување дека ќе биде продолжен.

Според новинарот Кери Хау, Баварците остануваат фаворити за потписот на германскиот интернационалец. Од клубот се оптимисти дека повторно ќе го ангажираат Кимих, бидејќи истото го посакува и самиот играч.

За играчот од средниот ред се заинтересирани и Ливерпул и Реал Мадрид. Нивните шанси да го привлечат не се особено големи.

Се верува дека Кимих нема да се согласи на намалување на платата во Баерн и ќе биде меѓу најплатените во клубот.

Џошуа Кимих е дел од Баерн од летото 2015 година. Баварците го гледаат како следниот капитен на тимот.

притисни ентер