СветТрамп се огласи среде состанокот во Москва: Завршив осум војни, оваа ќе ми биде деветта Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претставниците на САД во Русија се обидуваат на состанок со рускиот претседател Владимир Путин да утврдат дали е можно решение за Украина.Тој рече дека ситуацијата е тешка, но дека тие се обидуваат да ја решат. „Се обидуваме да го решиме ова прашање. Завршив осум војни, ова ќе биде деветта, а нашите луѓе се во Русија токму сега за да видат дали можеме да постигнеме решение. Тоа е тешка ситуација“, рече Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа. Рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на претседателот на САД, Стив Виткоф, разговараат во Москва. Посетата на Виткоф е негова шеста оваа година. Медиумите известуваат дека на руската страна им се придружиле помошникот Јуриј Ушаков и генералниот директор на RFDIF и специјален претседателски претставник за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев. Покрај Виткоф, американската страна ја претставува и Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД.Тагови: Доналд Трамп москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју ЛосонГаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Го истакна значењето на проектната помош за Собранието што се одвива преку Весминстер фондацијата за демократија и со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата. Амбасадорот Лосон изрази задоволство за потврдата на продолжување на веќе воспоставената соработка. Претседателот Гаши го информираше амбасадорот за процесот на дигитализација на Собранието, за зајакнувањето на надзорната улога на Собранието, како и за подигнувањето на нивото на политичката култура во Собранието и подобрувањето на перцепцијата на законодавниот дом во јавноста. Двајцата соговорници разменија мислења околу претстојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес. Беше изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за водечката улога и поддршка во развитокот и во клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивнаОд иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook