СветТрамп се обрати до нацијата: Маратонски говор за успесите на неговата администрација1 час и 48 минути, најдолго во историјата на еден претседател, Доналд Трамп во Конгресот триумфално ги набројуваше постигнувањата од првата година од мандатот. Нашата нација се врати поголема, побогата и посилна од кога и да е, рече во обраќањето американскиот претседател, зборувајќи од рекордните нивоа на берзите преку ниските цени на горивата до спречувањето на влезот на смртоносниот фентанил во земјата. -Всушност, победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа. Луѓето ме прашуваат: „ве молам, ве молам, г-не Претседателе, премногу победуваме. Не можеме веќе да го издржиме тоа. Не сме навикнати да победуваме во нашата земја. Се додека не дојдовте вие, ние само губевме. Но, сега победуваме премногу“. И јас велам: не, не, не. Повторно ќе победувате. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Медиумите избројаа дека републиканците околу сто пати станале од место и со оваации ги поздравиле пораките на Трамп, за разлика од ривалските демократи, кои беа прилично резервирани. Тој влезе и во отворен судир со демократската конгресменката од сомалиско потекло, Илхан Омар кога ја прозва дека ја поткопува неговата имиграциска политика. -Омар: Вие убивавте Американци. Вие убивавте Американци. Трамп: Во многу случаи, имаше нарко босови и убијци низ нашата земја. Тие го блокираа отстранувањето на овие луѓе од нашата земја. И треба да се срамите! Омар: Вие засрамете се! Трамп, надворешната политика ја стави во втор план. Во екот на мировните преговори, Украина ја спомена само еднаш. Во однос на Иран, рече дека сите опции се на маса, иако преферира дипломатско решение. -Едно е сигурно, никогаш нема да дозволам најголемиот спонзор на тероризам во светот, што тие убедливо се, да имаат нуклеарно оружје. Не смееме да го дозволиме тоа. , рече Трамп. Одлуката на Врховниот суд кој неодамна ги поништи неговите царини ја нарече несреќна, но куртоазно се поздрави со четворицата врховни судии, кои му возвратија буквално без никаков израз на лицето. Аферата со сексуалниот претстапник Епстин, во која се инволвирани и негови соработници воопшто не ја спомена. Последните анкети покажуваат дека Трамп се соочува со најнизок рејтинг од почетокот на маднатот од околу 40 проценти.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанче Тошковски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче ТошковскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: „Путин, дали прифаќаш?“Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот. „Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски. Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став. „Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски. Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКлучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина. Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори. Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“. Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври. ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери. Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки. Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ. Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар. Извор: Б92Тагови: автомобили ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook