СветТрамп се качи на покривот на Белата куќа: Размислувам да поставам нуклеарни ракетиАмериканскиот претседател Доналд Трамп неочекувано се појави на покривот на Белата куќа. Тој се прошета, а потоа ги шокираше новинарите кога рече дека размислува за инсталирање нуклеарни ракети од покривот.Трамп, придружуван од членови на тајната служба, одеше околу 20 минути на рамниот покрив на поранешниот базен на Белата куќа, кој сега е претворен во сала за прес-конференции. Reporter: What are you building, Mr. Trump? Trump: Nuclear missiles Unusual Scene at the White House: Reporters were in for a surprise when Donald Trump appeared on the roof of the White House on Tuesday. When a journalist asked, “What are you trying to build?”, the U.S.… pic.twitter.com/o0IUEnnrE3 — The Asian Chronicle (@AsianChronicle) August 6, 2025 Кога го прашале што прави таму, тој првично рекол дека е на прошетка, а кога го прашале дали планира да изгради нешто таму, посочи на лансирање ракета. Donald Trump appears to wander onto the White House roof “to take a walk.” He just started answering reporter’s questions and is shouting down answers. He can barely be heard and he makes no sense. Is something wrong with Trump? pic.twitter.com/QZKQxB8QBC — Operation Unfiltered 🇮🇳 (@LakshyaAwasth) August 6, 2025 Претседателот беше придружуван од мала група помошници и агенти на тајната служба. Во групата беше и архитектот Џим Мекрири, кој беше задолжен да го изгради додатокот на Белата куќа, салата за бал на Трамп.Тагови: Доналд Трамп нуклеарни ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталијански војници од елитните единици се на улиците на Милано Петстотините војници кои ќе бидат распоредени во Милано од следните неколку дена до крајот на годината се членови на падобранската бригада Фолгоре од Сиена.Нивното распоредување ќе се одвива во законските рамки на проектот „Страде Сикуре“ („Безбедни улици“). Нивното распоредување ќе го одлучи префектот на Милано, по консултација со началникот на полицијата, кој ќе побара начинот на нивното распоредување да се одреди според потребите, од патролирање до стационарен надзор. Затоа, нема да има посебен пропорционален однос помеѓу распоредувањето на падобранци, кои ќе можат да извршуваат исклучиво задачи од јавната безбедност, и распоредувањето на полициските сили, кои исто така имаат овластувања на судска полиција. Според достапните информации, може да се предвиди и распоредување на војници специјализирани за управување со беспилотни летала. Одлуката за распоредување на 500 падобранци од елитната бригада Фолгоре во Милано е донесена како одговор на насилството, грабежите и вандализмот за време на протестите на 17 и 18 октомври, но и поради стравувањата дека немирите би можеле да се повторат во текот на наредните викенди. Италијанската влада сака да го зголеми присуството на безбедносните сили во градот до крајот на годината.Тагови: Милано Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро.Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро, како дел од зголемените безбедносни мерки поради најавените протести и стравот од нови инциденти, објавува LeFigaro.fr. Според одлуката на полициските власти, на сите лица, без разлика дали се возрасни или малолетни лица, им е забрането да бидат на јавни места во областа на Плоштадот на Републиката и квартот Ле Хол во текот на ноќта, од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден. Оваа мерка е на сила од 22 до 25 октомври. Conformément aux instructions du Premier ministre @SebLecornu et du ministre de l’Intérieur @NunezLaurent, le @prefetpolice a pris un arrêté portant couvre-feu, interdisant la présence des majeurs comme des mineurs, dans les périmètres de la Place de la République et du secteur des Halles chaque jour entre 23h et 6h le lendemain, du 22 au 25 octobre. — Préfecture de Police (@prefpolice) October 22, 2026 Одлуката е донесена во време на зголемени тензии во Париз, по насилните судири, грабежите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во последните денови. Француските власти се обидуваат да спречат повторување на немирите и да ги заштитат граѓаните, бизнисите и јавниот имот, додека низ целата земја се очекуваат нови собири. Сè уште не е објавено дали полицискиот час ќе биде продолжен и по понеделник наутро. Надлежните органи продолжуваат да ја следат безбедносната состојба, а можни се дополнителни мерки во зависност од развојот на настаните.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон"Денот го завршуваме со една убава вест" - напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт. " Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај. Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час. Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,"- објави Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter