Трамп: Сакам федералното Министерство за образование веднаш да се затвори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака веднаш да го затвори федералното Министерство за образование. „Би сакал да видам федералното Министерство за образование веднаш да се затвори. Тој оддел е голема измама“, рече Трамп.

Трамп: Сакам федералното Министерство за образование веднаш да се затвори

Трамп минатата недела рече дека би сакал да го затвори федералното Министерство за образование со извршна наредба, но тој призна дека ќе му треба поддршка од Конгресот и образовните синдикати за да го исполни своето предизборно ветување. Во неговите први недели во Белата куќа, Трамп спроведе огромни промени во американската администрација, барајќи од федералните вработени да се вратат на работа или да дадат отказ, барајќи намалување на трошоците и работните места, како и обид за затворање на владини агенции како Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата

Ракометниот клуб Алкалоид со победа од 29:26 над ГРК Охрид го заврши регуларниот дел на Суперлигата и во плејофот пренесува два бода!

Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата

Најдобар стрелец во екипата беше Мартин Серафимов со осум гола, пред Мартин Ивановски со шест гола.

Следен натпревар за тимот е во Европскиот Куп на ЕХФ на 30 март, каде игра дуел за место во полуфиналето против романска РК Баја Маре.

Натпреварот почнува од 19:00 часот.

Двајца иселеници од дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле  двајца иселеници од дебарско.

Двајца иселеници од дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца.

Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од дебарското село Џепиште, кои исто така со семејството долги години живеел во Италија.

Според полицијата несреќата се случила во близина на Боскалто ди Лореџија кога од работа се враќале во нивниот дом во областа Тревизо, јавуваат италијанските медиуми.

Возилото, камионче во кое се наоѓале директно се судрило со тешко товарно возило, камион. Двајцата починале на самото место а третото лице кое било со нив, босански државјанин бил тешко повреден./МИА

Научниците со шокантно откритие: Човечкиот мозок во еден случај се „јаде“ самиот себе

Кога на човечкиот мозок му снемува енергија поради продолжената физичка активност, тој почнува да го „јаде“ сопственото масно ткиво и да го користи како гориво.

Научниците со шокантно откритие: Човечкиот мозок во еден случај се „јаде“ самиот себе

Ова го покажала студијата на мозокот на маратонците.Откритието укажува на сосема нова форма на невропластичност, која може да му помогне на човечкиот мозок да функционира при долготраен екстремен напор, пишува ScienceAlert.

Скенирањето на мозокот на учесниците во студијата покажало дека за време на маратонската трка, кога нивото на гликоза во мозокот е опасно ниско, некои неврони почнуваат да го „џвакаат“ миелинот, супстанцијата богата со липиди (масти) која ги опкружува аксоните на нервните клетки.

Миелинот е познат по тоа што им помага на невроните да испраќаат пораки поефикасно, но овој заштитен слој не е само едноставен статички изолатор, како што некогаш мислеа научниците. Новото истражување сугерира дека невроните можат да го користат овој масен слој и да ја преобликуваат нивната дебелина за да се прилагодат на промените во околината.

Сега се чини дека мозочните клетки можат дури и да користат миелин како гориво, но само ако е потребно.

Скенирајќи го мозокот на 10 маратонци (8 мажи и 2 жени) пред и по трката на 42 километри, шпанските невролозите забележале големи промени во маркерите на миелинот во белата маса на мозокот, каде што се концентрирани овие масни обвивки.

Помеѓу 24 и 48 часа по маратонот, тркачите покажале знаци на значително губење на миелинот во областите на мозокот поврзани со моторната функција и координација, како и сензорна и емоционална интеграција.

Две недели по настанот, миелинските маркери почнале да се враќаат, а два месеци подоцна тие биле стабилизирани кај 6 учесници во студијата чии скенирања на мозокот продолжило.

Студијата е објавена во списанието Nature Metabolism.

притисни ентер