Трамп: САД веднаш ќе почнат да блокираат бродови во Ормуската Теснина - Канал 5

Трамп: САД веднаш ќе почнат да блокираат бродови во Ормуската Теснина

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон „веднаш ќе почне да ги блокира бродовите што се обидуваат да влезат или излезат од Ормуската Теснина“.

Трамп: САД веднаш ќе почнат да блокираат бродови во Ормуската Теснина

Тој додаде дека наредил американската морнарица да забрани премин на бродовите што платиле патарина на Иран.

Преговорите меѓу САД и Иран за прекин на огнот, што двете земји ги водеа во Пакистан, завршија синоќа без конкретно решение и одговор на прашањето што ќе се случи по истекот на првично договореното 14-дневно примирје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одморот покажува дека повеќе не се пар

 Зошто многу бракови се распаѓаат во текот на летото

Одморот покажува дека повеќе не се пар

Се очекува за време на одморот паровите да се зближат, но еве во кои случаи летото одмага.

Летото би требало да биде време за опуштање, блискост и бегство од секојдневниот притисок. Сепак, за многу парови токму заедничкиот одмор се претвора во момент на вистината. Кога веќе не одат на работа, обврските се намалуваат, а на површина излегува она што со месеци го туркале под тепих – тишина, нервоза, дистанцирање и чувство дека повеќе не функционираат како тим.

На прв поглед делува чудно што брачните кризи стануваат полоши после одмор. Луѓето тогаш имаат повеќе време едни за други, ја менуваат средината, патуваат, ги поминуваат деновите со децата и се обидуваат да се одморат од секојдневието. Меѓутоа, тоа може да биде проблем.

Во текот на годината, многу парови преживуваат благодарение на рутината. Работата, школото, сметките, купувањето, семејните обврски и уморот оставаат малку простор за сериозни прашања. Кога доаѓа одморот, тој заштитен слој се губи. Партнерите поминуваат повеќе време заедно, без вообичаените дистракции и почнуваат појасно да го гледаат она што не функционира.

Летувањето не може да ги поправи проблемите

Многу парови заминуваат на одмор со премолчена надеж дека таму ќе се „вратат на старо“. Веруваат дека морето, хотелот, излегувањата, заедничките вечери или времето со децата ќе им помогне блискоста да се обнови. Но, ако проблемите се длабоки, одморот не ги решава, туку ги прави повидливи. Партнерот што дома молчи, ќе молчи и на плажа. Оној што избегнува разговор, ќе го избегнува и во ресторан. Ако сиот товар околу децата, пакувањето, организацијата и парите паднал на една личност, тоа на патувањето ќе се почувствува уште поостро, односно проблемот не бил само стресот на работа, хаосот дома или уморот, проблемот бил односот кој долго време е празен.

Децата, парите и очекувањата го засилуваат притисокот

За време на летниот одмор, луѓето трошат многу пари, планираат со месеци и сакаат да биде совршено. Кога ќе се појават кавгите, нервозата, лошото расположение или чувството на разочарување, ударот може да биде посилен. Особено им е тешко на паровите со деца. Наместо романтичен одмор, често добиваат логистички маратон: пакување, хранење, распоред на спиење, плажа, умор, тантруми, возење, пари и постојано прилагодување. Ако едниот родител носи поголем дел од товарот, на одмор тоа станува поочигледно.

Тогаш кавгата не е само за ситници, од типот кој зел крпи, кој внимава на децата и зошто некој стално гледа во телефонот, туку пораката е многу поголема: „Не можам повеќе сè сама“; „Повеќе немам чувство дека сме заедно во ова“.

Зошто одлуките често се носат дури после одморот

Некои парови и пред летото знаат дека се во сериозна криза, но не сакаат да носат одлуки пред семејното патување. Чекаат да помине одморот поради децата, платениот ангажман, притисокот од семејството или надежта дека работите ќе се поправат. Кога ќе се вратат дома, ги нема повеќе илузиите. Почнува новата школска година, се враќаат на работата и обврските, а многу тогаш прв пат јасно го кажуваат она што долго време го чувствувале: дека повеќе не го сакаат истиот живот.

Затоа, на крајот на летото или на почетокот од есента, многу адвокати и брачни советници имаат поголем обем на работа. После одморот, доаѓа до разговори за разделба, терапии, селидби, деца и пари. Некогаш тоа не значи автоматски развод, но значи дека парот повеќе не може да се прави дека сè е во ред.

Одморот покажува дека веќе сте се оддалечиле

Важно е да се каже дека летувањето само по себе не го уништува бракот. Тоа најчесто ја трга маската. Кога парот има добра основа, одморот може да донесе умор, ситни расправии и нервоза, но не и чувство дека се странци.

Затоа после летото многумина не се разведуваат зашто одморот бил лош, туку затоа што увиделе колку се осамени покрај личноста со која живеат. Некогаш тоа е почеток на крајот, а некогаш е почеток на сериозен разговор. Но, во двата случаи, најважно е да не се игнорира она што се појавува. Ако од одмор се враќате исцрпени, тажни и подалечни одошто сте заминале, можеби проблемот не е дестинацијата, хотелот или времето, можеби е време искрено да го разгледате вашиот однос, пишува Mirror.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Tри збора што ја откриваат природата на социопатот и како да ја избегнете замката

Социопатија обично подразбира недостаток на емпатија и желба за манипулација, а еве како да ја откриете.

Tри збора што ја откриваат природата на социопатот и како да ја избегнете замката

Социопатите се специфична група луѓе на кои им недостасува емпатија. Со вината не се соочуваат како повеќето луѓе, а тоа ги прави особено тешки соговорници и партнери. На почетокот, може да делуваат привлечно и шармантно, но со тек на време, нивната природа доаѓа до израз.

Манипулативни обрасци во комуникацијата

Постојат специфични изрази и начини на комуницирање кои се поврзуваат со манипулативните личности. Овие лица не покажуваат емоции кон другите лица, туку ги користат исклучиво за своја цел.

На пример, фразата „Премногу си чувствителен/а“ која се користи за да се префрли вината на другата страна може да биде штетна. Овие зборови имаат за цел да ги минимизираат чувствата кај другите личности и да го пренасочат фокусот на тоа дека проблемот е всушност во нив.

Поставување граници

Ако имате чувство дека некоја личност константно се збунува и ги намалува вашите чувства па дури и ви ја црпи енергијата, важно е да поставите граници. Заштитата на вашиот емотивен простор станува приоритет кога се соочувате со вакви лица.

Учењето како да се заштитите од емоционалната манипулација може да биде клучно за зачувување на менталното здравје. Во таа смисла, важно е да ги препознаете своите вредности и да не дозволите да ве навредуваат или да ја намалуваат вашата вредност. Одржувањето јасни граници може да ви помогне да се оддалечите од токсичните односи и да го зачувате вашиот внатрешен мир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)

Една смела двојка се искачи на врвот на зградата „Емпаер стејт билдинг“ и развиори транспарент на врвот од нејзината кула во среда попладне.

Запросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)

Анџела Николау и Иван Беркус, кои стекнаа онлајн следбеници поради нивните искачувања на облакодери низ целиот свет што, останаа на врвот на облакодерот неколку минути додека камерите го снимаа настанот пред да се спуштат, изјавија полициски извори за „ABC News“.

Потоа, како што изгледа, Биркус ѝ предложил брак на својата долгогодишна девојка пред да бидат приведени.

Црниот транспарент се повикува на цитат од Џими Хендрикс и со бели букви пишувало: „Кога моќта на љубовта ја победува љубовта кон моќта, светот го познава мирот“.

Испратен е хеликоптер од њујоршката полиција, а платформата за набљудување на зградата била испразнета од посетители кога пристигнала полицијата.

Извор: ABCnews

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер