Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
1Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
СветТрамп разочаран од одлуката на Врховниот суд- воведува глобални царини од 10 проценти Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека одлуката на Врховниот суд на САД да ги укине неговите сеопфатни царини е „длабоко разочарувачка“, додавајќи дека се срами од одлуките донесени од некои судии.Зборувајќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп рече дека му се достапни „уште посилни методи“ во областа на трговската политика. Тој исто така рече дека „веднаш“ ќе потпише наредба за воведување глобална царина од 10% според Член 122, покрај постојните царини, и дека започнува повеќе истраги според Член 301 и други постапки за, како што изјави, да ги заштити САД од нефер трговски практики. „Можам да правам што сакам, но не можам да собирам пари“, рече Трамп, додавајќи дека има овластување да воведува ембарга или целосно да ја суспендира трговијата со одредени земји. Според него, постојат алтернативи што ќе ги користи кога станува збор за царини, објави Ројтерс. Тој додаде дека судот е „подложен на странски интереси“. Трамп исто така рече дека „земјите нема да ја играат својата игра уште долго“, осврнувајќи се на трговските преговори. Врховниот суд на САД во Вашингтон претходно денес пресуди дека поништил широк спектар на глобални царини наметнати од Доналд Трамп, што е неговиот најзначаен правен пораз откако се врати во Белата куќа, објави Блумберг. Судот со шест гласа наспроти три пресуди дека Трамп ги пречекорил своите овластувања кога го искористил Законот за федерално управување со вонредни состојби (IEEPA) од 1977 година за да воведе реципрочни тарифи низ целиот свет. Одлуката се однесува и на целните увозни даноци што администрацијата ги оправда со борба против трговијата со фентанил. Трамп тврдеше дека пресудата, спротивно на толкувањата на неговите критичари, всушност дополнително го зајакнува авторитетот на претседателот да ја регулира трговијата и да наметнува тарифи. „Врховниот суд не ги поништи самите тарифи, туку само „одредени имплементации“ на тарифите според законот IEEPA“, рече тој. Тој нагласи дека одлуката, според него, ја потврдува можноста за блокирање, ембарго, ограничување или на друг начин условување на надворешната трговија со Соединетите Американски Држави преку IEEPA“, рече тој. Тој објави дека сите тарифи поврзани со националната безбедност, вклучително и оние според член 232 и постојните царини според член 301, остануваат на сила.Тагови: Доналд Трамп царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаГермански политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите. Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба. Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција. Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица. Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини. Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. „Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. Со неприфаќањето на електронската нараквица убивте уште една жена! Билјана пријавила насилство и смртни закани, девојка од 17 години бегала од насилникот и живеела во страв! И сега пред нас се болни и тешки прашања на кои надлежните мора да дадат одговори. Што работат институциите кога една девојка ќе пријави дека некој ѝ се заканува животот?“, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. ЛДП само во последната година два пати го достави предлогот за електронска нараквица за сторителите на семејно насилство во Собранието. Наместо како досега, без соодветен надзор, на насилниците со електронската нараквица ќе им се контролира движењето и навремено ќе ги известува жртвата и надлежните служби доколку тоа е различно од судската наредба. „Со одбивањето на нараквицата на совест имате уште една жена! Најстрога казна за злосторниците е задолжителна. Но и таа не е доволна. Казната мора да ги стигне и оние кои можеа да го спречат ова злосторство, но свесно и со умисла, одлучија дека глупави изговори се доволни за одбивање на предлогот за електронската нараквица. Казна за соучесништво мора да има и за тие кои не постапувале! Без тоа, правдата нема да биде задоволена”, децидна е претседателката Зајкова. ЛДП бара целосно расчистување на грозоморниот случај во Богданци, проверка на постапувањето на надлежните институции и одговорност доколку се утврдат пропусти. Уште колку Ивани, Росици и Билјани треба да ни се случат за конечно институциите да почнат да функционираат и да ги заштитат оние на кои заштитата им е најпотребна! Доста е од декларативна заштита на жените! Доста е со изразување сочувства по трагедиите! На жените не им требаат празни ветувања, потребни се држава и институции кои ќе ги заштитат пред да биде предоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во БелгијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија.Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции. За Сиљановска-Давкова, географската дистанца не значи и духовно оддалечување од татковината, оти човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него. Таа посочи дека врските со дијаспората мора да се негуваат, да се шират и да се продлабочуваат, без оглед на етничкото потекло, јазикот или генерацијата на која ѝ припаѓаат иселениците. Дел од присутните ја истакнаа подготвеноста, преку различни проекти, да ги споделат стекнатите знаења и искуства со македонските граѓани, како и својата експертиза и професионалните контакти да ги стават во функција на унапредувањето на трговската размена и поефикасното користење на европските фондови. Претседателката потенцираше дека дијаспората не смее да биде само набљудувач на општествените процеси, туку активен и рамноправен партнер во нивното обликување, преку институционално поврзување, размена на знаења и искуства и непосредно учество во креирањето политики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00