Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“ - Канал 5

Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека преговорите за примирје меѓу Русија и Украина „одат добро“, но нагласи дека решението мора да дојде наскоро.

Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

- Доаѓа момент кога или треба да покажеш што можеш или да замолчиш. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека работите одат добро, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Ер Форс Уан.

Коментарите на Трамп следуваа по состанокот на високо ниво во Русија, каде што неговиот пратеник Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на 11 април. Посетата беше дел од тековните напори на администрацијата на Трамп да посредува за примирје меѓу двете земји. Според руската агенција ТАССсредбата траела четири часа.

- Мислам дека преговорите меѓу Украина и Русија веројатно се одвиваат во ред. И наскоро ќе дознаете повеќе, рече Трамп.

Пред еден месец, Украина се согласи на целосно 30-дневно примирје во преговорите посредувани од САД во Џеда. Во меѓувреме, Русија не само што одби целосно примирје, туку и продолжи да ги напаѓа украинските градови и повеќекратно го прекрши делумниот прекин на огнот воспоставен во средината на март.

Некои критичари велат дека Москва одолговлекува и нема вистински интерес да го запре војувањето, особено додека продолжува да напредува на бојното поле. Кремљ јавно не се обврза на условите што ги прифати Украина. Сепак и Москва ја обвинува Украина за напади на нејзината енергетска инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се враќа Смарт во веќе препознатливата форма, премиерата е закажана наесен во Париз

Електричниот мал Смарт #2 моментално е во процес на обемна глобална програма за тестирање пред неговата светска премиера на Саемот за автомобили во Париз во октомври 2026 година. 

Се враќа Смарт во веќе препознатливата форма, премиерата е закажана наесен во Париз

Возилото е тестирано на пат во црно-бела камуфлажа, а тестовите вклучуваат агилност, стабилност, безбедност и нивоа на бучава и вибрации во кабината.

Тешки услови на патот

Инженерите го подложија возилото на тешки урбани сценарија, од ненадејни пречки и итни промени на лентите до лизгави влажни патишта. Суспензијата, управувањето и цврстината на шасијата постојано се подобруваат, така што автомобилот останува послушен и агилен во секојдневното градско возење.

Посебно внимание се посветува на тишината во кабината. Тестовите се спроведени во аеродинамичен тунел, акустична комора и на јавни патишта, со цел да се намали бучавата од ветерот, погонскиот склоп и површината. Различни видови гуми беа тестирани и со цел да се пронајде оптималниот сооднос помеѓу опсегот и нивото на бучава.

Дизајн и безбедност

Смарт #2 наследува препознатлив дизајн со тркала лоцирани на самите рабови на каросеријата, што обезбедува исклучителна агилност во тесни урбани простори. Новата генерација на познатата безбедносна ќелија tridion одржува компактни димензии со високо ниво на заштита на патниците.

Официјалната светска премиера на моделот smart #2 се очекува на Саемот за автомобили во Париз во октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанија

Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар.

Демократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанија

Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго.

Демократски сојуз смета дека треба да се направат и други превентивни мерки, меѓу кои и лабораториски анализи на:

1. Водата што се користи за наводнување,

2. Земјоделските производи, посебно зеленчукот (марула, зелка, пиперки, патлиџани и др), и

3. Почвата.

Врз основа на резултатите да се донесат и соодветни одлуки и насоки за постапување.

Инаку, оваа епидемиолошка состојба и прекинот на снабдувањето со вода на граѓаните во Гостивар е резултат на партизацијата, политичкото мешање при носење на стручни работи, јавашлукот и неодговорноста на неспособните партиски кадри.

Во услови на прогласена кризна состојба, неопходно е брзо дејствување од сите локални и државни институции.

Одговорност мора да има за сите што придонеле за оваа скандалозна состојба, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Граѓаните не се сами, ако ви е потреба помош јавете се на +389 78 207 687

Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен!

Ѓорѓиевски: Граѓаните не се сами, ако ви е потреба помош јавете се на +389 78 207 687

Почитувани граѓани,

Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција.

Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.

Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици.

Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба.

Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број:

[📞] +389 78 207 687

Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен.

Службите се мобилизирани.

Екипите се на терен.

Граѓаните не се сами, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер