СветТрамп пред истекот на ултиматумот: Цела цивилизација ќе умре вечерва, ако Техеран не го отвори Ормускиот теснецЦела една цивилизација ќе умре вечерва, никогаш повторно да не се крене – ова е предупредувањето кое американскиот претседател Трамп го упати до Техеран доколку не Ултиматумот истекува вечерва, вечерва во два по полноќ по средно-европско време, а Трамп на социјалната мрежа „Трут“ Сошл напиша дека иако има надеж дека помалку радикални умови ќе надвладеат во Техеран, сепак додаде дека 47 години на Исламската држава кои ги оцени како години на изнуда, корупција и смрт вечерва ќе завршат. Американскиот претседател претходно веќе порача дека има план за масовни напади кои како што тврди може да се реализира за само неколку часа и покрај предупредувањата од Обединетите Нации дека ваквиот чин сериозно би го прекршил меѓународното право. На мета би биле електричните централи, мостовите и клучната инфраструктура. -Имаме план поради силата на нашата војска со кој секој мост во Иран ќе биде уништен до 12 часот утре вечер, каде секоја електрична централа ќе биде ставена вон употреба, ќе гори, ќе експлодира и никогаш повеќе да не се употребува, мислам на целосно уништување до 12 часот. Тоа ќе се случи во период од околу четири часа ако сакаме да се случи,--Доналд Трамп – Претседател на САД. Паралелно со Трамп и Израел испрати предупредување до иранските граѓани да избегнуват железнички станици и патувања со воз во наредните 12 часа. Властите во Исламската република сепак, најавија дека немаат намера да отстапат. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на социјалните мрежи напиша дека тој и уште 14 милиони иранци се подготвени да ги жртвуваат своите животи, додека функционери на Исламската република ги повикаа младите во земјата да направат жив ѕид околу електраните и мостовите. На тој начин според нив, ќе се покаже пред светот, дека Соединетите Држави се подготвени да извршат воено злосторство. -Ги повикувам сите млади, спортисти, уметници, студенти и професори денеска да бидат околу електричните централи кои се во нашиот главен град. Без разлика на политичките гледишта, сите сте дел од иднината на Иран и младината на Иран соберете се за да му кажеме на светот дека напад врз јавна инфраструктура е воено злосторство,- - Алиреза Рахими – Секретар на врховниот совет на млади на Иран. Во меѓувреме, како што се приближува истекот на рокот од ултиматумот, цените на нафтата продолжуваат да растат на светските берзи и достигнаа до 111 долари за барел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“Иран му достави на САД седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаеи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Целосната листа на услови сè уште не е објавена. „Техеран му пренесе на Вашингтон седум услови за почеток на какви било преговори. Пораката на Техеран е јасна и недвосмислена: доколку Вашингтон сака да излезе од ќорсокакот што самиот го создаде и да избегне уште подлабоко да заглави во него, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, напиша Резаеи на платформата „Икс“ (X). Неколку часа претходно, во интервју за „Ал Џезира“, Резаеи ги откри трите барања што Иран ги поставува за завршување на војната: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на американската поморска блокада. „Нашите услови се: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на нашите средства и прекин на поморската блокада“, рече Резаеи. Тој не ги откри преостанатите четири услови. Според него, Катар, како посредник, веќе ги пренел барањата на Иран до Вашингтон, а Техеран сега го очекува одговорот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. „Остануваме во контакт со посредникот Катар, кој ги пренесе нашите услови до Вашингтон со цел да се стави крај на војната. Го очекуваме одговорот на претседателот Трамп“, изјави Резаеи. Истовремено, еден ирански функционер предупреди дека Техеран е подготвен да го продолжи конфликтот доколку преговорите пропаднат. „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да донесат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, изјави Резаеи за Ал Џезира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Функциите на ЗНАМ се менливи, касата останува - отчетот е филм а предавството е фактЗНАМ излезе од кино со реченицата: функциите доаѓаат и си одат, Македонија останува.Отчетот бил обврска, не завршница. Пет пратеници што „знаат зошто се во Собранието“. Минчев зборуваше за реформи, плати, инфраструктура и зголемување на пензиите. Тоа „зголемување“ е само кражба од пензионерите. Самите си го ставија во брошурата како резултат. Ова не е настан за љубов кон татковината туку отчет за шефот Мицкоски. ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Влегоа во власта. Станаа сателити на ВМРО-ОКГ. Глас. Столче. Тендер. Пошта. Плац за Лидл. Фирма во Бугарија, па стана Максо и „странски инвеститор“. Две години кражба. Две години народот го држат како заложник. Сега брошура и 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија. Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто патриотите имаат бугарски пасоши. Има и втора смена. ЗНАМ 2.0. Платформата на Мицкоски за „реформи“ во СДСМ. 1,6 милиони евра од буџет. На грбот на народот. Буџет за СДСМ да свири по негова плејлиста. За Гета дадоа 5,53 милиони евра. За делење на опозицијата - 1,6 милиони евра. Поевтино. Иста каса. Иста банда. Првата верзија влезе во влада. Втората требаше да биде во СДСМ. Не успеа. Затоа сега повторно се собираат „за иднината на Мицкоски“. Отчетот не е завршница туку проба. Следниот чин нека го прават во Бела палата. Филмот го знаеме. Предавството имаше еден датум. Сега има два. ЗНАМ не е движење туку привзезок. Функциите се менливи. Провизијата останува. Македонија не им е љубов туку терен за кражба. Граѓаните нема да одат на панел да им честитаат што ги продале. Одат на следни избори да ја вратат државата. Бандата да одговара. Пред суд. Не пред платно. 20.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Масовен напад со дронови врз Москва. Има загинати и повредени, погодена рафинеријаНајмалку две лица загинале, а шестмина се повредени во напад со беспилотни летала извршен во текот на ноќта во пошироката област на Москва, кој руските власти го опишаа како „масовен“. Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, соопшти дека биле соборени 249 беспилотни летала и дека избувнале пожари во неколку станбени згради и во еден магацин. Во самата Москва била оштетена рафинерија за нафта, а два аеродрома вовеле ограничувања во сообраќајот, пренесува Би-би-си. Large-scale drone attack underway in Moscow. Multiple impacts recorded across several sites in the Oblast. The scale of damage is not yet determined. The attack has continued for approximately four hours. https://t.co/ljOX3Hgq8s — Faytuks Network (@FaytuksNetwork) September 20, 2026 Денеска , Воробјов прецизираше на Телеграм дека 44-годишна жена загинала откако дрон удрил во трикатна зграда, при што биле повредени уште пет лица, меѓу кои и две деца. Тој исто така потврди дека постар маж починал во погодената приватна куќа во областа Орехово-Зујево. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, извести дека дрон удрил во зграда во близина на градскиот булевар и потврди дека е оштетена рафинеријата за нафта. Претходно, Собјанин соопшти дека 152 дрона биле соборени на пат кон Москва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook