1Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни
3Студентарија реагира: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија правото на субвенциониран студентски оброк
Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
1Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
СветТрамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот денИзраел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат.Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“. Се очекува Трамп да го напушти самитот на Г7 во Канада подоцна вечерва - еден ден порано поради случувањата на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа. Американската телевизија Фокс њуз објави дека Трамп ќе свика состанок на Советот за национална безбедност. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека раното заминување на Трамп од самитот на Г7 во Канада е позитивен знак, со оглед на тоа што непосредната цел е да се натераат Израел и Иран да се согласат на прекин на огнот. -Иран требаше да го потпише „договорот“ што им реков да го потпишат. Каква срамота и губење човечки живот. Едноставно кажано, ИРАН НЕ МОЖЕ да има нуклеарно оружје. Го кажав тоа одново и одново! Сите мора веднаш да се евакуираат од Техеран!“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Рано утрово, иранските медиуми објавија нови експлозии и силен оган од воздушна одбрана во Техеран. Воздушната одбрана беше активирана и во Натанц, каде што се наоѓа клучен ирански нуклеарен објект, објави иранскиот новински сајт Асриран. Во Израел, сирените за воздушен напад се вклучија во Тел Авив по полноќ и се слушна експлозија откако иранските ракети повторно ја погодија земјата. Иранските власти пријавија 224 смртни случаи, претежно цивили, во последните пет дена, додека Израел соопшти дека 24 цивили се убиени во истиот период. Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, изјави дека околу 3.000 Израелци се евакуирани поради штетите предизвикани од иранските воздушни напади.Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
КултураБалетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуниНа 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов. Во насловната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари – Франциско Хименез Руиз, а во улогата на Родолф Буланже – Балаж Лочеи. Во останатите улоги настапуваат Дмитро Чеботар, Ендру Кук и Ангела Богатинова, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Госпоѓа Бовари“ претставува балетска интерпретација на едно од најзначајните дела на светската книжевност. Преку внимателно избрана музика, впечатлива кореографија и визуелно раскошна сценска поставка, претставата ја следи емотивната и психолошка драма на Ема Бовари – жена растргната меѓу сопствените соништа, страсти и ограничувањата на средината во која живее. Со современ сценски пристап и силна уметничка експресија, оваа постановка нуди длабоко и возбудливо театарско искуство за публиката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео: Мадона речиси падна на забава во ЊујоркСветската музичка ѕвезда Мадона одржа неочекуван концерт на Тајмс Сквер во Њујорк по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“ .Настапот на 67 годишната пејачка на Тајмс Сквер во Њујорк беше организиран по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“, како и почетокот на Месецот на гордоста. View this post on Instagram A post shared by John pascarella (@jpasc24) Поп-кралицата помина околу 15 минути на сцената, а публиката можеше да ги чуе хитовите „Hung Up“ и „I Love New York“. Иако настапот беше краток, тој вклучуваше танчери, диџеј и ротирачка сцена, што привлече големо внимание од минувачите и обожавателите. Сепак, освен самиот концерт, големо внимание на социјалните мрежи привлекоа и снимките што почнаа да кружат на интернет. На нив се гледа како Мадона стои покрај оградата на сцената за време на настапот, се држи за неа и неконтролирано ја тресе, по што ја фрла ногата преку неа. Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека во еден момент се загрижеле дека Мадона може да ја изгуби рамнотежата и да падне пред публиката. Некои изјавија дека ситуацијата изгледала непријатна, додека други верувале дека тоа е дел од настапот и сценската кореографија. View this post on Instagram A post shared by John pascarella (@jpasc24) „Боже, не ѝ доликува повеќе да ги шири нозете вака“, „Мислев дека ќе падне“, „Сè уште се ниша, можеби не танцува како порано, но сепак е Мадона!“, гласеа некои од коментарите на видеото.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Северина на баскет во елегентен фустан и екстравагатни потпетици?Балканската музичка ѕвезда Северина играше баскет во гламурозна облека, нејзините необични сандали го привлекоа вниманието.Во пресрет на концертот во Макарска, популарната Севе го привлече внимание со необично модно издание и уште понеобична локација за фотосесија. Пејачката позираше на кошаркарскиот терен во Сплит во гламурозен фустан и високи потпетици, додека игра баскет. Во видеото погледнете како изгледаше оваа необична комбинација од спорт и мода во видеото подолу. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) Тагови: Северина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16