Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
1Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
3Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и близу 3 милиона преноќувања заклучно со месец август за 2026 година
СветТрамп потврди дека е извршен напад врз ВенецуелаПретседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека американските сили уништиле пристаниште во Венецуела, кое го користеле бродови осомничени дека учествуваат во шверц на наркотици.Нападот врз пристаништето најверојатно е прв копнен напад врз Венецуела од почетокот на американската воена кампања против трговијата со дрога во Јужна Америка. - Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите се натоварени со дрога. Значи, ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме областа и таа е исчезната, изјави синоќа Трамп од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој не ја откри локацијата на нападот, а и не прецизира дали операцијата ја извршила армијата или ЦИА. Според Си-ен-ен и Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименувани извори, нападот бил извршен со дрон насочен кон изолирано пристаниште, е што го користи венецуелскиот нарко-картел Трен де Арагва за складирање дрога и товарење на бродови за извоз. Во времето на нападот немало никој на местото, па затоа нема. Американските сили досега извршија околу 30 напади врз бродови на осомничени трговци, при што загинаа речиси 107 лица на Карибите и во Тихи Океан. Вашингтон со месеци врши интензивен притисок врз Каракас, обидувајќи се да го принуди претседателот Николас Мадуро, кого го обвинува за водење на огромна мрежа за трговија со дрога, да ја напушти функцијата. Владата на Венецуела и Мадуро категорично негираат каква било криминална вмешаност и ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го соборат владејачкиот режим и да ги преземат венецуелските нафтени полиња. Трамп со недели се заканува со копнени напади против наркокартелите во Јужна Америка, но такви напади не се потврдени.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаМицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на МакедонијаВо овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“ Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде: „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
КултураТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на КиненоваТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него. -Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер. Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм. Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови. Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
ФудбалКапитенот на Челзи го оперираше коленото,клубот издаде официјално соопштение !Капитенот на англискиот фудбалски великан, Челзи, Рис Џејмс, успешно беше подложен на помал хируршки зафат на коленото, потврди лондонскиот клуб во официјално соопштение. Тој го пропушти првенствениот натпревар и убедливата победа на „сините“ над Борнмут. Дваесет и шестгодишниот десен бек го пропушти првенствениот натпревар – во кој „сините“ остварија убедлива победа од 5:1 против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ – додека траеја деталните медицински прегледи за повредата здобиена за време на тренинг. Дополнителните прегледи од страна на медицинскиот тим на клубот потврдија дека операцијата е единственото неопходно решение за санирање на проблемот со коленото. „Рис веќе го започна процесот на закрепнување и во оваа фаза од рехабилитацијата ќе ја има целосната поддршка од медицинскиот тим на клубот во тренинг-центарот ’Кобем‘. Сите во Челзи му посакуваат на Рис брзо закрепнување и ќе го поддржат на неговиот пат кон враќање на теренот“, соопштија од англискиот гигант. Иако клубот не прецизираше колку точно ќе отсуствува капитенот, се очекува текот на рехабилитацијата да покаже кога точно англискиот репрезентативец повторно ќе ѝ биде на располагање на стручниот штаб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter