Трамп потпиша указ за „разубавување“ на американската престолнина - Канал 5

Трамп потпиша указ за „разубавување“ на американската престолнина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска потпиша указ за одржување на безбедноста и уреденоста на американската престолнина за таа да биде „убава“.

Трамп потпиша указ за „разубавување“ на американската престолнина

- Американската престолнина треба да биде место каде што секој жител или турист ќе се чувствува безбедно во секое време. На автопатите, булеварите и во парковите треба да биде чисто, уредено и пријатно, се вели во текстот на указот објавен од Белата куќа.

Во посебна точка од указот се нагласува потребата Вашингтон да биде „убав“, а за спроведување на програмата за „разубавување“ на градот се задолжени повеќе институции, агенции и министерства. /МИА

Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО - ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП

Делегацијата на ВМРО - ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза.

Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО - ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП

Делегацијата од ВМРО - ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која е на дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува во Валенсија, Шпанија, денеска учествувала на панел во организација на ЕПП, посветен на одговарањето на демографската криза, тема која бара итно внимание и заеднички ангажман за обезбедување одржлива иднина за граѓаните на Европа.

- Панелот ги покри темите поврзани со поддршка на мајките, децата и семејствата, како и домувањето за младите, даночната политика, изградбата на нови градинки, намалувањето на иселувањето и депопулацијата. Се очекува утре конгресот на ЕПП да донесе посебна резолуција за демографијата, објави претседателот на ВМРО - ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

Претходно, потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој е дел од партиската делегација, на фејсбук напиша дека работат на афирмација на нашите национални позиции поврзани примарно со европската интеграција.

- Потребата од забрзана интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е императив како за регионот така и за ЕУ. Нашите македонски национални интереси ќе бидат заштитени нашите позиции ќе бидат претставени и секако ќе бидеме рамноправен дел во собирот на најмоќното политичко семејство во Европа, изјавил Муцунски, соопштија од ВМРО - ДПМНЕ.

Европската народна партија, нагласил тој, во моментот е најмоќнато и највлијателното политичко семејство во Европа.

Претседателот Мицкоски, како што е најавено, ќе има свое обраќање пред пленарната сесија, но предвидовме и многу средби. Ќе се сретнеме со новиот канцелар на Австрија, господинот Стокер, со лидерот на албанската опозиција Периша, со лидерот на СНС Вучевиќ, со претседателот на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент Мекалис.

Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја предводи со партиската делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и претставници на Унијата на млади сили, кои денеска и утре ќе присуствуваат на Конгресот на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија.

Најавено е дека Мицкоски ќе има и свое обраќање на првата пленарна сесија. Претседателот на партијата Мицкоски ќе одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со Австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Бериша и други европски лидери.

Исто така, претседателот Христијан Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија.

Марк Карни: Од гувернер до премиер на Канада со визија за економска стабилност

Марк Карни, поранешен гувернер на Банката на Англија, победи на канадските избори и стана нов премиер на земјата. 

Марк Карни: Од гувернер до премиер на Канада со визија за економска стабилност

Минатиот месец тој положи заклетва откако неговиот претходник Џастин Трудо поднесе оставка, по што беа распишани предвремени избори. Вчера, Канаѓаните повторно излегоа на гласачките места и мнозинството од нив го даде гласот за Либералната партија.

Карни беше првиот не-Британец на чело на британската централна банка во нејзината над 300-годишна историја. Претходно ја водеше Канада низ финансиската криза во 2008 година како гувернер на Банката на Канада. За разлика од повеќето политички кандидати, тој никогаш не извршувал политичка функција. Сепак, на почетокот на март убедливо победи во внатрепартиската трка на Либералната партија за наследник на Џастин Трудо, а сега е избран и со волјата на граѓаните.

Во кампањата, Карни се повика на своето искуство во управувањето со глобални економски кризи, надевајќи се дека Канаѓаните ќе го препознаат како лидер способен да се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој поведе трговска војна против Канада. Иако работел во Њујорк, Лондон и Токио, Карни е роден во оддалечениот Форт Смит, на Северозападните територии на Канада. Неговите предци потекнуваат од ирската грофовија Мејо, поради што поседува и ирско државјанство, покрај канадското. Британско државјанство стекнал во 2018 година, но неодамна изјави дека планира да се откаже од него, сметајќи дека премиерот треба да има исклучиво канадско државјанство.

Син на директор на средно училиште, Карни со стипендија се запишал на Харвард, каде што играл хокеј на мраз. Во 1995 година докторирал економија на Универзитетот во Оксфорд, истражувајќи како домашната конкуренција може да ја зголеми националната конкурентност – тема повторно актуелна поради американските царини.

„Марк беше исклучително способен студент, брзо усвојуваше нови пристапи и перспективи“, изјави неговата поранешна менторка Мег Мајер во соопштение од Универзитетот во Оксфорд по неговата изборна победа.

Во 2003 година, Карни го напушти приватниот сектор за да стане заменик-гувернер на Банката на Канада, а потоа беше и заменик-министер за финансии. Во 2007 година, непосредно пред почетокот на глобалната финансиска криза, беше назначен за гувернер на Банката на Канада. Неговото лидерство беше пофалено за ублажувањето на последиците од рецесијата. За разлика од традиционално воздржаните централни банкари, тој отворено најави дека каматните стапки ќе останат ниски најмалку една година по нивното драстично намалување, поттикнувајќи инвестиции во економијата.

Сличен пристап примени и во Обединетото Кралство како гувернер на Банката на Англија, каде што ја модернизираше институцијата и ја зголеми нејзината јавна видливост. Воведе пракса за намалување на бројот на состаноци за каматните стапки и објавување на записници веднаш по одлуките. Исто така, ја воведе „политиката на идно насочување“ (forward guidance), ветувајќи дека нема да ги зголемува стапките додека невработеноста не падне под 7%. Поради нејаснотии околу оваа политика, еден пратеник го нарече „недоверлив дечко“, прекар што го следеше со години.

Пред референдумот за независност на Шкотска во 2014 година, Карни предупреди дека независна Шкотска би можела да го загуби пристапот до британската фунта. Пред Брегзит, тој укажа дека излегувањето од ЕУ може да предизвика рецесија. По одлуката за Брегзит, кога фунтата нагло падна, Карни се обиде да ја смири јавноста, уверувајќи дека финансискиот систем ќе продолжи да функционира. Подоцна, Банката на Англија дополнително ги намали каматните стапки и ја обнови програмата за откуп на обврзници.

Во март 2020 година, пред пандемијата на коронавирусот, Карни повторно ги намали каматните стапки, проценувајќи дека економскиот шок ќе биде привремен.

Во текот на кариерата, тој стекна искуство во односите со Доналд Трамп, кој повторно е американски претседател и воведе високи царини за Канада, дури и предложи нејзина анексија. Како претседател на Комисијата за финансиска стабилност (FSB) од 2011 до 2018 година, Карни одигра клучна улога во меѓународниот одговор на политиките на Трамп. Учествуваше на бројни состаноци на Г20 и имаше директен увид во однесувањето на Трамп на глобалната сцена.

Иако првично беше воздржан, во последните денови Карни поотворено го коментира Трамп, споредувајќи ги неговите изјави за Канада со „коментарите на Волдеморт“. „Кога ќе размислите што стои зад тие навредливи коментари на претседателот, гледате колку се опасни. Нема ни да ги повторам, но знаете на што мислам“, рече Карни. Тој порача дека Канада ќе одржува противмерки „сè додека Американците не покажат почит и не преземат веродостојни обврски за слободна и фер трговија“.

Либералите, според медиумите, со децении се обидувале да го привлечат Карни во политиката, но тој долго време одбивал, еднаш дури и прашувајќи новинар: „Зошто да не станам кловн во циркус?“ Ситуацијата се промени во јануари, кога Трудо поднесе оставка по излегувањето од владата на министерката за финансии Кристија Фриланд, што предизвика внатрепартиска криза.

Иако Фриланд му беше пријателка и противкандидат во борбата за лидерство, Карни убедливо победи, презентирајќи се како најискусен во управувањето со кризи. „Знам како да управувам со кризи“, рече тој за време на соочувањето минатиот месец. „Во вакви ситуации, потребно е искуство во преговори и управување со кризи.“

Покрај цврстиот став кон Трамп, Карни претстави и низа домашни политики. Познат е како застапник за еколошка одржливост – во 2019 година беше назначен за пратеник на ОН за климатски промени, а во 2021 година ја основа Глазговската финансиска алијанса за нето нула емисии. Една од најконтроверзните теми на администрацијата на Трудо беше данокот на јаглерод, кој конзервативците ветуваа дека ќе го укинат. Карни, веднаш по стапувањето на должност, одлучи да го укине данокот од 1 април. „Ова ќе им помогне на Канаѓаните под притисок од трошоците“, изјави тој.

Во кампањата се залагаше за зајакнување на Канада како „чиста и конвенционална“ енергетска сила и за забрзување на одобрувањата за големи инфраструктурни проекти. На прашањата за можните конфликти меѓу енергетската политика и климатските цели, тој се опиша како „прагматичар“.

Во однос на имиграцијата, Карни поддржува ограничување на сегашните имиграциски цели за да се заштитат капацитетите на здравствениот и станбениот систем. Како најголем предизвик, тој го истакна зачувувањето на економскиот раст на Канада и покрај намалената трговија со САД. /МИА

Фабрегас би можел да ја преземе Рома

Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, би можел да ја преземе функцијата менаџер на Рома, пишува „Sky Sport“.

Фабрегас би можел да ја преземе Рома

Управата на „Римската волчица“ го вклучила 37-годишниот Шпанец во потесниот круг на можни замени за Клаудио Раниери, кој ќе работи со тимот до крајот на сезоната.

За место во Рома се борат и поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, Франческо Фариоли (Ајакс) и Патрик Виеира (Џенова).

Фабрегас е на чело на Комо од летото 2024. Под негово водство дебитантот во Серија А се наоѓа на 11. место во поредокот со 42 бода по 34 кола.

Рома со 60 освоени бода во моментов е на шестата позиција во Италијанското фудбалско првенство. /МИА

притисни ентер