ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција
2ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција
ЖивотТрамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТокАмериканскиот претседател Доналд Трамп, потпиша извршна уредба за планот за продажба на американското работење со ТикТок на американски и глобални инвеститори, во согласност со законот од 2024 година.Американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша извршна уредба за планот за продажба на американското работење со ТикТок на американски и глобални инвеститори, во согласност со законот од 2024 година според кој апликацијата ќе биде забранета ако нејзините кинески сопственици не ја продадат. Според уредбата, ТикТок ќе биде во мнозинска сопственост и под контрола на американски субјекти. Како што соопшти Белата куќа, договорот вклучува интензивно следење на ажурирањата на софтверот, алгоритмите и протокот на податоци. Кинеската компанија ByteDance и нејзините подружници ќе поседуваат помалку од 20 проценти од новиот заеднички проект, со кој ќе управува нов управен одбор, во согласност со правилата што „соодветно ги штитат податоците на Американците и националната безбедност“, се наведува во уредбата. Потпретседателот Џеј Ди Венс изјави дека новата американска компанија ќе биде проценета на околу 14 милијарди долари. - Имаше одреден отпор од кинеска страна, но основната работа што сакавме да ја постигнеме е да обезбедиме ТикТок да продолжи да работи, но исто така и да ја заштитиме приватноста на податоците на Американците, како што наложува законот, рече Венс. Трамп изјави дека за сè разговарал со кинескиот претседател Си, кој ги одобрил американските напори. Тој додаде дека Мајкл Дел, Руперт Мардок и веројатно уште четворица или петмина светски познати инвеститори ќе бидат дел од договорот за купување на американскиот бизнис на апликацијата за кратки видеа. Трамп претходно ја одложи примената на законот до 16 декември, во обид американската имотна структура на ТикТок да се извлече од глобалната платформа, да се привлечат американски и други инвеститори и да се добие одобрение од кинеската влада. Инаку, американскиот претседател смета дека ТикТок му помогнал повторно да биде избран минатата година, а таму има 15 милиони следбеници. Белата куќа, исто така, отвори официјален профил минатиот месец. Според локалните медиуми, републиканците во Претставничкиот дом рекле дека сакаат да видат повеќе детали за договорот, за да бидат сигурни дека претставува јасно раскинување со Кина. - Како што деталите се финализираат, мора да обезбедиме договорот да ги заштити американските корисници од влијание и надзор на групи поврзани со кинеската комунистичка партија, изјавија американските конгресмени Брет Гатри, Гас Билиракис и Ричард Хадсон.Тагови: Доналд Трамп Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЖелезна Тврдина - проекција, БФФ Охрид (Beach Film Festival ) Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина.Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина”, во режија на Митко Панов. Aктерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитација на Психијатриската Болница во Демир-Хисар, и гости меѓу кои: Paul Gordon, Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски, Атиџе Муратова и Боби Додевски-Шлукс. Железна тврдина – филмска работилница, го користи формалниот пристап својствен на документарниот но и играниот филм, и како таков го претставува новиот, хибриден, филмски израз. Базиран на вистински случки, филмот воплотува елементи на фикција и фантазија. “Она што започнува како набљудувачки запис од секојдневниот живот и креативни вежби, полека се трансформира во конструиран филмски свет обликуван од самите учесници. Просторот на болницата станува истовремено реална средина и сцена за фиктивни ситуации, каде што личните приказни, фантазиите и креираните идентитети почнуваат да се преклопуваат. “ ”Железнта тврдина се појавува како слоевит, духовит хибрид во кој реалноста и фикцијата, разумот и лудилото, свесното и несвесното се испреплетуваат, потсетувајќи нè дека ‘видено oдблиску, ништо не е ’нормално’.” Проекцијата ќе се одржи во присуство на авторите. Влезот е СЛОБОДЕН. Во програмата која следи ќе биде прикажан и Самоуништување, на продуцентот-актер Јовица Михајловси, познат како прв Македонски независен филм, 1996. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупцијаДругарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Другарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција. Откако му заврши музичката кариера во локалните меани во Ѓорче Петров, сега почнува да говори за борба против корупција. По се изгледа тој мисли дека треба да покаже како тој соработуваше со криминалот и корупцијата во Ѓорче Петров, за што во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат. Дополнително, Наумоски бара зголемување на плати на судиите и обвинителите, затоа што и тој уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата. Затоа се борат за судиите и обвинителите, за да можат уште да ги штитат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаСДСМ: Извештајот на ЕК покажува: „Чувствата“ на Мицкоски ги поклопија правото и правната држава„Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава.Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци. Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем и ја загрозуваат поделбата на власта. Клучните наоди се јасни: Високи владини функционери водат јавни кампањи за дискредитација на судии и обвинители, со цел да ги замолчат и да ги претворат во партиски послушници. Измените на Кривичниот законик повторно отвораат опасен простор за неказнивост и заштита на криминалот. Корупцијата останува широко распространета, а сомнежите за проблематични тендери се множат. Истовремено, буџетот за правосудството за 2025 година е намален за 4,3%, со што судовите се туркаат во уште поголема финансиска зависност. Ова е европска дијагноза за заробеното правосудство под власта на ВМРО-ОКГ и потврда на сè што СДСМ го говори со месеци. Нема реформи. Нема независно судство. Нема правда. Има политички притисоци, контролирано правосудство и обид за заштита на криминалот и продолжување на неказнивоста. Затоа ВМРО-ОКГ намерно го кочи пристапувањето кон Европската Унија. Европската интеграција значи посилни механизми за контрола, независни институции и вистинска борба против корупцијата. Токму од тоа се плаши власта на Мицкоски – од систем во кој законите ќе важат за сите и во кој секој што сторил криминал ќе одговара. Извештајот од Брисел е црвен картон за Мицкоски и неговата власт. Со организирана криминална група нема правна држава – има партиска држава во која „чувствата“ на премиерот се поставени над Уставот и законите. Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter