Трамп потпиша извршна наредба за намалување на цените на лековите - Канал 5

Трамп потпиша извршна наредба за намалување на цените на лековите

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за намалување на цените на лековите, со кој и наредува на својата влада да развие низа мерки за намалување на цените на фармацевтските производи во САД.

Трамп потпиша извршна наредба за намалување на цените на лековите

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за намалување на цените на лековите, со кој и наредува на својата влада да развие низа мерки за намалување на цените на фармацевтските производи во САД, каде што се значително повисоки од оние во странство.

Активностите вклучуваат подобрување на процесот на преговарање помеѓу системот на јавното здравствено осигурување и фармацевтските групи и давање можност на поединечните држави да увезуваат лекови директно од странство од земјите каде што се поевтини.

Според анализата на компанијата „Ранд корпорејшн“, САД плаќаат во просек 2,5 пати повеќе за лекови на рецепт отколку, на пример, Франција. Ова е разлика, што Трамп за време на неговата претседателска кампања вети дека ќе ја намали.

Во понеделникот, американската влада, исто така, објави дека започнува проучување за уделот на увозот во фармацевтскиот сектор, што предизвика загриженост дека наскоро, како и во случајот со автомобилската индустрија, ќе бидат воведени специјални царини. Ваквата мерка би ги зголемила цените на многу увозни лекови и хемиски соединенија.

УЕФА може да направи промени во новиот формат на Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) размислува за неколку измени во новиот формат на Лигата на шампионите.

УЕФА може да направи промени во новиот формат на Лигата на шампионите

Како што пишува „Билд“, УЕФА може да ги укине продолженијата во натпреварите од плејофот.

Покрај тоа, осумте најдобри клубови на крајот од првата фаза може да добијат право да ги одржат реванш натпреварите од плејофот на нивниот домашен терен.

Од сезоната 2024/25, нема веќе групи во првата фаза и наместо 32 екипи, учествуваат 36 кои формираат единствена табела. Секоја екипа игра осум натпревари, како резултат на кои првите осум на табелата одат директно во осминафиналето на турнирот, а уште 16 клубови играат во плејоф рундата.

„Гответе со Дракче“ - Тортилја пица

Во среда (23.04.2025) во емисијата гостин ни бeше Јелена Спенџарска

„Гответе со Дракче“ - Тортилја пица

Состојки за денешниот рецепт:

1 мала тортилја

2 јајца

1 ќесичка „бејби“ спанаќ

5 - 6 шери доматчиња

150 гр. рендан кашкавал

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне

Астон вила остварила преговори со застапниците на фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, пишува „Sky Sports“.

Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне

На почетокот на април, 33-годишниот Белгиец најави дека на лето ќе го напушти Сити, каде што играше од 2015 година.

Де Брујне оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет голови и осум асистенции.

На четири кола пред крајот на сезоната во англиската фудбалска Премиер лига, Астон вила има 57 бодови и е во конкуренција за освојување место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

притисни ентер