Трамп: Поради обвиненијата против мене, имам поголема поддршка од Афроамериканците

- Не сум обвинет за ништо, за нешто што е ништо“, рече Трамп на собир на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека поради четирите кривични обвиненија поднесени против него, тој има поголема поддршка меѓу Афроамериканците „бидејќи го гледаат како жртва на дискриминација“, споредувајќи го она што му се случува со историското наследство на предрасудите за Афроамериканците во правниот систем на САД.

- Не сум обвинет за ништо, за нешто што е ништо“, рече Трамп на собир на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина.

- И многу луѓе рекоа дека затоа ме сакаат Афроамериканците, затоа што биле тешко повредени и дискриминирани и всушност ме виделе како дискриминиран. Тоа е прилично неверојатно, но можеби, можеби, има нешто во тоа, рече Трамп.

Претходно оваа недела, Трамп се спореди со рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во затвор.

Тој ја фокусираше својата трета кампања за Белата куќа на поплаките против Бајден и она што тој го нарекува „длабока држава“ што „се накомила“ на него.

Изборниот штаб на Трамп предвидува дека тој ќе помине подобро со афроамериканските гласачи во ноември отколку пред четири години, наведувајќи ја неговата предност за прашања како што се економијата и рекордниот број луѓе кои ја преминуваат границата на САД со Мексико, кои често завршуваат во градови со големо афроамериканско население. /МИА

Пролетен распуст во САД- „жешки“ забави, тепачки и купишта ѓубре во океанот (ВИДЕО)

Пролетниот распуст е еден од омилените празници за студентите ширум светот,но во Америка го означува почетокот на сезоната на забави,за време на која агенциите за спроведување на законот имаат полни раце работа за да ги контролираат ордите млади луѓе.

Пролетниот распуст во САД нема единствен распоред за сите факултети и училишта, се одржува од крајот на февруари до средината на април. Најновата снимка од Савана, град во Џорџија на југот на Америка, прикажува толпа млади луѓе како се опиваат и учествуваат во масовни тепачки, додека куп ѓубре е оставен на брегот на океанот.

Местото на акцијата е островот Тајби, популарно одморалиште на брегот на Атлантскиот Океан во Џорџија, објави Dailymail.

На видео снимката се гледа тепачка меѓу неколку девојки и куп ѓубре на брегот. За време на тепачката, на некои од девојките им падна горниот дел од костимот за капење. И покрај тоа, тие продолжија да се тепаат, додека некои се обидуваа да ја сокријат голотијата.

За време на речиси две и пол минути долго видео, мажите и жените плескаат и викаат ентузијастички додека жените разменуваат удари на патеката. На популарната забава „Orange Crush“ имало околу 6.000 учесници.

И покрај тоа, локалните жители тврдат дека сè поминало „прилично добро“. Видеото на социјалната мрежа x, порано Твитер, е прегледано речиси 100.000 пати. Минатата година на оваа плажа долга шест километри се собраа околу 100.000 млади луѓе, а локалните власти, поучени од тоа искуство, го ограничија изнајмувањето простор на плажата за време на пролетниот распуст оваа година.

На почетокот на оваа година, Мајами беше принуден да воведе полициски час и други драконски мерки за зачувување на јавниот ред и мир. Минатата година град во Флорида беше потресен од масовни пукотници за време на пролетниот распуст, па годинава имаше засилено полициско присуство.

Бизарна снимка има 92 милиони прегледи, на социјалните мрежи бараат казна за авторите (ВИДЕО)

Навикнати сме инфлуенсерите и креаторите на содржини да вршат разни акробации со цел да привлечат следбеници и да обезбедат што повеќе кликови.

Понекогаш, тоа значи ризикување на сопствениот живот.Сличен пример наоѓаме и на Инстаграм, каде корисникот Самит Дубеј објави бизарно видео кое ги подели мислењата на луѓето.

Гледаме млад човек, залепен со пластична фолија од надворешната страна на автомобилот, што можеби нема да биде проблем - доколку возилото не се движело по патот.

Навистина, автомобилот не оди брзо, но без разлика, тоа е ризичен потег.

Очигледно сѐ поминало без последици, а изгледа дека залепениот млад човек ужива во авантурата. Клипот е објавен на 12 април и брзо стана вирален, собра над 92 милиони прегледи и два милиони лајкови.

Коментарите биле исклучени по бројните критики за авторот, пренесува NDTV.

Во меѓувреме, видеото е споделено и на други мрежи, каде многу луѓе изразија загриженост за ваквото однесување. Имало и такви кои побарале полицијата да преземе мерки против актерот.

„Ниту еден сериозен и чувствителен човек нема да го направи ова. Не се шегувајте со животот, сѐ може да се случи, некој може дури и да те удри“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Најглупаво нешто што сум го видел во животот“.

Третиот истакнал: „Животот е бесценет, некој е зафатен со глупави шеги, си игра со животот, а каде е законот да го стават зад решетки“.

Воз во пламен помиона низ мало гратче во Канада, пожарникарите едвај го изгаснаа (ВИДЕО)

Запален товарен воз во ноќта меѓу неделата и понеделникот поминал низ центарот на канадскиот град Лондон!

На шокантната снимка може да се види дека најмалку пет вагони гореле и дека пожарот брзо се ширел. Шокираните жители врескале во своите автомобили додека минувал запалениот воз, но за среќа никој не бил повреден, објави Дејли Меил.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во возот.

На противпожарните екипи им биле потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат.

- Сѐ ќе третираме како подметнување пожар додека не се докаже спротивното, тоа беа стари железнички врски, кои не беа многу сигурни - соопштиле од противпожарната служба.

притисни ентер