3Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
2Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
СветТрамп побарал од апелацискиот суд во Њујорк да му ја поништи пресудата за казна од 454 милиони Адвокатите на Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија на следните ноемвриски избори, побараа од апелациониот суд во Њујорк да ја укине казната од 454 милиони долари .Адвокатите на Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија на следните ноемвриски избори, побараа од апелациониот суд во Њујорк да ја укине казната од 454 милиони долари во неговата граѓанска тужба кога тој беше прогласен за виновен за измама. Адвокатите на Трамп, како што пренесува Си-Ен-Ен, тврдат дека казната е противуставна и дека голем дел од случајот е застарен. Дополнително, тие истакнаа дека ниту една банка или друга страна не изгубила пари од кредитите тврдејќи дека судијата погрешил при донесувањето на пресудата. Ова е последен обид на поранешниот шеф на Белата куќа да ја поништи пресудата донесена во февруари од судијата Артур Енгорон, кој покрај републиканскиот кандидат ги осуди и неговите двајца постари синови Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп за измама. Станува збор за случај поврзан со недвижен имот за кој Трамп и неговите синови покажале многу повисока цена за да земат поголеми заеми со поповолни услови. Канцеларијата на јавниот обвинител во Њујорк ќе ги поднесе своите контрааргументи следниот месец, а апелациониот суд би можел да го преземе случајот уште во септември. „Казната од 454 милиони долари во случај без жртви, без докажани повреди и загуби не е од далечина реална“, напишаа адвокатите на Трамп. Дополнителни десет милиони долари се однесуваат на другите обвинети во случајот. Адвокатите на Трамп рекоа дека судијата Енгорон згрешил кога одбил да отфрли голем дел од случајот, откако апелациониот суд минатата година пред граѓанското судење пресуди дека одредено однесување е надвор од статутот на застареност. Според нив, обвинението против Трамп требало да биде отфрлено. Ако се примени статутот на застареност, тврдат тие, околу 350 милиони долари од пресудата ќе бидат избришани. Државниот апелационен суд претходно ја отфрли Иванка Трамп како сообвинет пред судењето минатата година, откривајќи дека таа не била вработена во Организацијата Трамп во времето на договорот. Адвокатите на Трамп тврдеа дека единствените барања во жалбата на државниот обвинител што биле навремени се заемите за зградата на Старата пошта во Вашингтон и зградата 40 на Вол Стрит на Менхетен. Енгорон пред судењето пресуди дека дури и ако заемите биле затворени пред статутот на застареност во 2014 година, лажните финансиски извештаи кои подоцна биле издадени претставуваат посебни дела на измама. Судијата напиша во пресудата во тоа време дека њујоршката обвинителка Летиција Џејмс не ги „предизвикала заемите, затворањата или исплатите“, туку ги оспорил финансиските документи кои содржеле лажни и погрешни информации. Адвокатите на Трамп тврдеа дека судијата Енгорон погрешно му наредил да плати премногу за враќање на незаконски стекнатите добивки за продажба на Старата пошта и теренот за голф. Судот не зел предвид ниту една инвестиција на компанијата Трамп во имотот кога ѝ наредила на организацијата Трамп да го врати целиот износ на приход наместо да ја пресмета нивната нето добивка. BREAKING NEWS: Trump asks New York appeals court to throw out $454 million civil judgment | CNN Politics https://t.co/VHLYRFZSVo — evie ღ🌻 (@eviebauer727) July 23, 2024 Потсетуваме дека против Трамп се водеа или се во тек повеќе судски постапки. Откако Врховниот суд на САД пресуди дека тој имал делумен имунитет од гонење кога бил на функцијата, судот го отфрли случајот во врска со задржувањето на доверливите документи кои биле пронајдени на неговиот имот во Флорида.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Шоу бизВикторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филмЏет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул. Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*. Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв. Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур. Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето. Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.Тагови: Викторија Бекам Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио: „Не сме нападнати“ Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си. Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа. Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД. Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
ЗабаваЕн Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во ЊујоркХоливудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј го доби своето трето дете со сопругот, филмскиот продуцент Адам Шулман.Мегапопуларната актерка е забележана на прошетка во Њујорк, а фотографиите на кои се гледа како носи новороденче во носилка открија дека во нивното семејство пристигнал нов член. 43-годишната актерка беше сама за време на прошетката, со постојана насмевка на лицето додека внимателно се грижеше за бебето. Фотографиите беа објавени од медиумот TMZ. Ѕвездата од филмовите „Дневниците на принцезата“ и „Клетници“ сè уште нема дадено јавна изјава во врска со раѓањето на нејзиното трето дете, затоа, засега не се познати ниту името, ниту полот на бебето. Ен и нејзиниот сопруг Адам веќе имаат два сина. Нивниот постар син, Џонатан, има десет години, додека помладиот, Џек, овој месец ќе го прослави својот седми роденден. Актерката уште во јуни ја сподели веста дека повторно е бремена, објавувајќи фотографија на Инстаграм на која се гледаше нејзиниот труднички стомак. На фотографијата таа е прикажана во бело здолниште и краток топ, со опис: „x Бебе, јас сум твоја x“. Два месеца подоцна, Ен гордо го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих, на премиерата на филмот „Крајот на улицата Оук“ (The End of Oak Street). За таа пригода, таа се одлучи за фармерки со низок струк и лелеава блуза; споделувајќи снимки од подготовките за настанот, таа истовремено одговори на шпекулациите дека ангажирала сурогат-мајка и дека носи вештачки труднички стомак. View this post on Instagram A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway) „Лажна коса, вистински стомак“, изјави тогаш актерката. Ен Хатавеј и Адам Шулман стапија во брак во Калифорнија во септември 2012 година. Тие го добија својот прв син, Џонатан, во март 2016 година, додека нивниот втор син, Џек, се роди во ноември 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook