2Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри
СветТрамп по вториот обид за негов атентат повторно ги искритикува демократитеАмериканската тајна служба излезе со нови детали околу обидот за атентат врз поранешниот претседател и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп. Вооружениот осомничен напаѓач Рајан Весли Рут според сознанијата на ФБИ добиени од неговиот мобилен телефон останал во грмушките на голф-клубот на Трамп речиси дванаесет часа. Дури во неделата попладне телохранителите на Трамп го забележале него и цевката од неговото оружје. Рут засега доби обвинение по две точки за нелегално поседување на оружје. -Овде сме да објавиме дека Рајан Весли Рут, 58 годишен од Хаваи, е обвинет со кривична пријава во јужниот дистрикт на Флорида, за прекршоци со огнено оружје поврзани со инцидент кој се случи вчера на интернационалниот терен за голф на Трамп, овде во Вест Палм Бич. Рут е федерално обвинет за поседување огнено оружје како осуден криминалец и поседување огнено оружје со избришан сериски број. – Маркензи Лапоинт – Обвинител на САД за јужен дистрикт на Флорида Против Рут најверојатно ќе бидат поднесени и други обвиненија, но засега овие две точки им дозволуваат на властите да го задржат во притвор додека трае истрагата, пишуваат американските медиуми. Тајната служба на САД пак оцени дека методите се заштите биле ефективни потврдувајќи дека осомничениот Рут не испукал ниту еден куршум, но и дека Трамп бил надвор од видното поле на напаѓачот за време на инцидентот. -Тој (осомничениот) не пукаше, не пукаше ниту кон нашиот агент. Според извештаите блиската за штита на поранешниот претседател веднаш го евакуираше претседателот на безбедна локација. Методологиите за заштита на тајната служба беа ефективни вчера. – Роналд Роуи – Директор на Тајната служба Во меѓувреме е објавена и прва снимка од апсењето на осомничениот кој по бегството од местото на инцидентот полицијата го пронајде во соседната област. Поранешниот претседател Трамп за дел од американските медиуми раскажа детали од моментот на пукањето и ја пофали тајната служба, а во изјава за Фокс Њуз пак ги обвини Бајден и Харис. - (Рут) Веруваше во реториката на Бајден и Харис, и реагираше како резултат на тоа. Нивната реторика ги предизвикува да пукаат во мене, бидејќи јас сум тој кој ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат земјата.- Доналд Трамп – републикански кандидат за претседателКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаМаж загина во пожар во барака во скопски ЖданецМаж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец. Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метриМакедонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година. Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.Тагови: Сашко Кедев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter