Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина - Канал 5

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина

 Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, соопшти дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин и започнал подготовки за тристрана средба со него и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, соопшти дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин и започнал подготовки за тристрана средба со него и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел изнаоѓање решение за конфликтот во Украина.

„Имав многу добра средба во Белата куќа со угледни гости, меѓу кои претседателот на Украина Володимир Зеленски, претседателот на Франција Емануел Макрон, претседателот на Финска Александер Стуб, премиерката на Италија Џорџа Мелони, премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер, канцеларот на Германија Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Средбата заврши со дополнителни разговори во Овалниот кабинет“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.

Тoj додаде дека за време на средбата се разговарало за безбедносните гаранции за Украина, координирани меѓу САД и европските земји.

„Сите се многу задоволни од можноста за мир меѓу Русија и Украина. По завршувањето на средбите, разговарав со претседателот Путин и започнав подготовки за средба меѓу него и Зеленски на локација што допрва треба да се одреди“, истакна Трамп. Тој нагласи дека по оваа средба ќе следи тристрана средба меѓу него, Путин и Зеленски.

„Ова беше многу добар, почетен чекор за ставање крај на војната што трае речиси четири години. Потпретседателот Џеј Ди Ванс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ги координираат активностите со Русија и Украина“, додаде американскиот претседател.

Според извори на светските медиуми, Трамп ја прекинал средбата со европските лидери за да разговара со Путин. Кремљ потврди дека разговорот, кој траел околу 40 минути, бил инициран од Трамп.

„Претседателот Путин повторно ја истакна важноста на личните напори на Трамп за изнаоѓање решенија за долгорочно решавање на конфликтот во Украина“, изјави советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека Трамп го информирал Путин за штотуку завршените разговори со Зеленски и европските лидери во Белата куќа. Путин и Трамп изразиле поддршка за продолжување на директните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина. - Се разговараше за идејата да се разгледа можноста за подигнување на нивото на преставници од украинска и руска страна во директните преговори, дополни Ушаков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер