Трамп: Пентагон во следните денови ќе го врати името во Министерство за војна - Канал 5

Трамп: Пентагон во следните денови ќе го врати името во Министерство за војна

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон во следните денови ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна со цел на Пентагон да му се врати „воинствениот етос“.

Трамп: Пентагон во следните денови ќе го врати името во Министерство за војна

Политико потсетува дека официјалното име на Пентагон по Втората светска војна беше Министерство за војна, а Трамп и претходно ја критикуваше промената на името во Министерство за одбрана.

-Кога ја добивме Првата светска војна, Втората светска војна, се викаше Министерство за војна. И за мене, тоа е навистина тоа што е“, рече Трамп на прес-конференција со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг.

Министерство за војна постоело од 1789 до 1947 година, кога администрацијата на претседателот Хари Труман го поделила одделот на Армија и Воздухопловни сили и го споила со тогаш независната морнарица.

Труман ја именуваше новата агенција на ниво на кабинет како Министерство за одбрана и имаше намера промената на името да му даде на шефот на Пентагон поцентрализирана власт над одделните гранки на војската, особено Морнарицата, која уживаше значителна независност до крајот на Втората светска војна.

Трамп во последните недели ја навести можноста за враќање на името, нарекувајќи го министерот за одбрана Пит Хегсет за свој „министер за војна“ на самитот на НАТО во јуни.

„Ако ја погледнете старата зграда до Белата куќа, можете да видите каде беше министерот за војна“. Потоа станавме политички коректни и тие го нарекоа министер за одбрана“, рече Трамп, нагласувајќи ја важноста и на одбраната и на офанзивата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро

Пронајдени повеќе рибарски мрежи и поголема количина уловена риба.

Акциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор.

Притоа, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење лов на риба, во вкупна должина од околу 4.000 метри со улов од 872 парчиња риба - Охридска Белвица и вкупна тежина од 116,9 килограми. По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионален центар за гранични работи Запад од езерото ги подигнаа рибарските мрежи заедно со уловот, по што е известен надлежниот инспекторат за рибарство.

Во наредниот период, Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ќе продолжи со спроведување на засилени акциски контроли со цел сузбивање на незаконитиот риболов, како и пронаоѓање на лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Великанот во фудбалот Меси најави дека се повлекува од фудбалот

Аргентинскиот великан Лионел Меси го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал. Тој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Великанот во фудбалот Меси најави дека се повлекува од фудбалот

Меси постигна 125 гола во 207 настапи за аргентинската репрезентација, што го прави најдобар стрелец на сите времиња и фудбалер со најмногу настапи за репрезентацијата на Аргентина, пишува „Би-Би-Си“.

Во изјава Меси рече дека дал сѐ за националниот фудбалски тим, но сега „нема што повеќе да даде“. Осумкратниот освојувач на наградата „Златната топка“ рече дека ја напишал својата порака за пензионирање на 21 јули, два дена откако Аргентина загуби од Шпанија во финалето на годинашното светско првенство. Неговата кариера ќе продолжи на клупско ниво со тимот од американската лига Интер Мајами, каде што има договор што важи до крајот на сезоната во 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?

СДС хистерична само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД.

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?

Тоа се гледа во нивното делување, лажењето, заплашувањето и хистерија која ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата центри и да се развива ИТ индустријата.

Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење.

Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови по социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата центри и системи за вештачка интелигенција.

На нас не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДС на чело со Венко Филипче кои се на иста линија со Кина, против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава.

Кампањата на Кина преку ботови на социјалните мрежи, со цел во Америка да се спречи дополнителен развој на вештачката интелигенција и дата центрите е затоа што тие им се најголема конкуренција.

Но, тоа што не е јасно која е целта и интересот на талогот на СДС за истото да го прават во Македонија и оттука да делуваат против нашиот стратешки партнер.

Дали СДС повеќе би сакале во држава да инвестираат кинески компании отколку напредни ИТ компании од САД?

Или пак СДС единствено што знае е развој на марихуана економија за свои клановски интереси, нешто што го видовме за седум години власт кога доделија околу 70 лиценци за производство на марихуана на нивни луѓе.

Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места, преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ секторот, затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер