Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
СветТрамп откри на што се согласил Зеленски во врска со војната во Украина: Мисли дека е време Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „сака примирје“ и „сака да постигне мир“ среде тековната војна меѓу Русија.Трамп зборуваше за New York Post за неговиот разговор со Зеленски за време на неговиот престој во Франција, каде што тој и другите светски лидери се собраа на отворањето на Нотр Дам во текот на викендот. Зборувајќи за Зеленски, Трамп рече дека „сака да постигне мир. Тоа е ново“. „Тој сака прекин на огнот. Тој сака да се помири. Не сме разговарале за деталите. Тој мисли дека е време, а Путин треба да мисли дека е време затоа што изгубил - кога ќе изгубите 700.000 луѓе, време е. Не е готово додека не дојде мирот. “ додаде Трамп. Лидерот на Републиканците додаде дека „формулира концепт како да се стави крај на оваа смешна војна“. Да потсетиме, бројни светски лидери и дипломати се собраа во саботата во Париз каде присуствуваа на свеченото отворање на катедралата Нотр Дам по реконструкцијата што траеше речиси пет години по пожарот што го оштети светилиштето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook